За фановите на Hayao Miyazaki, после година дена почна да се врти торент од The Boy and the Heron, а во кратки црти :
По загубата на својата мајка за време на војната, младиот Махито се преселува на имот на село. Таму Махито доживува серија мистериозни настани кои го водат до една затскриена и древна кула, дом на сивата чапја. Кога ќе исчезне и маќеата на Махито, тој ја следи сивата чапја во кулата и влегува во мистериозен свет, нешто како свет на мртви и живи суштества или задгробен живот. Попатно се спријателува со сивата чапја која му е заштитник и водич низ тој мистериозен свет, а трагаајќи по својата маќеа попатно трага и по самиот себе.
Горе доле, успешен проект но со повисоки очекувања од Hayao Miyazaki, пред се поради стандардите кои ги постави со Spirited Away ... успешно но сепак очекував поголема длабочина во приказната.