Премногу емоции не е на арно, премалку- исто така.
Се додека е златна средина е во ред, но за жал не може секогаш се` да ни е потаман. И врската има падови кои некогаш уште повеќе ќе ја зацврстат, некогаш ќе ја уништат.
Избледување на емоциите?
Недостиг на страст? Недостиг на внимание? На љубов можеби? Далечина?... секое резултира со различен “крај“...
Како и да е, една партија муабет би била добредојдена, да видиме што е всушност тоа што недостига и колку негативно влијае врз врската, но ако целата ситуација станува мачење за двајцата и не може да се најде решение со кое врската би опстоила- постои само еден излез...
Понекогаш може да се јави чувство на недостиг на емоции на врската поради некоја внатрешна празнина, која нема никаква врска со партнерот, но едноставно не можеме да ја објасниме, па ја поврзуваме со него...
И тука муабетот не е на одмет ( па макар да е и со самите себе ), можеби ќе не натера да сфатиме, да откриеме во што е проблемот за да можеме да продолжиме понатаму.
Иако минлива фаза, и оваа може да ни создаде главоболки, па подобро е да се реши што поскоро.