Не може никој да ме убеди во постоење на реално слепило пред избледените емоции на партнерот кон вас, особено ако е, како што гласи темата, стабилна врска во која можете да кажете дека добро го познавате парнерот. Можеби постои само она што би го дефинирала како емоционално слепило - замижување пред фактот дека не сме сакани со ист интензитет како порано, непомирување со постојната ситуација поради постоење на премногу чувства кон оној кој во врската "оладил". Не сум искусила ваква ситуација, ама со оглед на фактот што реагирам бурно на најмала промена на однесување на луѓе, не се сомневам во способноста да проценам и разјаденост во нечии чувства кон мене. Согледувајќи ja ситуацијава, логично ми е моето инсистирање за вадење на сите карти на маса и желба за отворена игра, давање време за преиспитување, најверојатно повлекување и прекин на врската без патетики од типот - ако размислиш побарај ме. Приврзаник сум на размислувањето дека еднаш скршеното, не функционира исто по лепењето.
Обратната ситуација е нешто за кое можам лекции да предавам, ама само за доживувањето, не и за начините на кои се справувам со истото (кои искрено не ми ги бива ама апсолутно за ништо:wink

. Го доживувам како период на инкубација на сите можни податоци собрани за време на врската, при што како резултат добивам согледување дека врската најверојатно не е тоа што јас сум го барала од таков вид на емоционално врзување. Во природа на човекот е да идеализира и постојано да биде во потрага по подоброто, а моментот во кој ја сфаќаме нашата нереализираност во врската е моментот во кој ја бараме слободата за да посегнеме кон тоа подоброто. Многу често подоброто може да значи и желба за посветување време на себеси, на луѓето и настаните кои попатно сме ги запоставиле, работите кои ни се важни, а за кои не ни преостанувало доволно време, наместо беспотребно и непромислено стапување во нови врски откако на една веќе сме ставиле крај.
И сега... Славното справување со ситуацијата:wink: Почнувам со пасивни чекори на оттргнување молејќи се сам да сфати и да го иницира разговорот кој би го разјаснил нивото на кое дошла врската. Кога кај него го утврдувам гореспоменатиот момент на емоционално слепило, почнувам под нос да му ги туткам фактите, отворено разговарајќи дека со тој интензитет на чувства не би продолжувала ништо, по што добивам одговор дека ми е само фаза која ќе ми помине. По бројни безуспешни обиди да докажам дека фазите не се толку долготрајни туку минливи, на крајот завршувам како страдам и се мачам во врска која не ја прекинувам за да не живеам со грижата на совест дека сум повредила некого. А да. Во меѓувреме го чекам моментот кога цела ситуација ќе му дојде преку глава и сам ќе го иницира крајот:wink:
Исправниот начин ваљда би бил оној најдиректниот. Отворен муабет, раздвојување со цел давање време за преиспитување или прекин на врската. Повеќе пролонгирани решенија на крајот испаѓаат многу поболни од едно кое е инстантно и директно.