Избледени емоции...

Ако емоциите избледат тоа ми е знак дека „не е тоа- тоа“. Одам понатаму со надеж дека ќе го најдам човекот со кој никогаш нема да ми е тапа и со кој ќе сакам да сум постојано.
Не гледам причина во давеничко фаќање за сламката кога брегот ми е на дофат...
 
Премногу емоции не е на арно, премалку- исто така.
Се додека е златна средина е во ред, но за жал не може секогаш се` да ни е потаман. И врската има падови кои некогаш уште повеќе ќе ја зацврстат, некогаш ќе ја уништат.

Избледување на емоциите?
Недостиг на страст? Недостиг на внимание? На љубов можеби? Далечина?... секое резултира со различен “крај“...

Како и да е, една партија муабет би била добредојдена, да видиме што е всушност тоа што недостига и колку негативно влијае врз врската, но ако целата ситуација станува мачење за двајцата и не може да се најде решение со кое врската би опстоила- постои само еден излез...

Понекогаш може да се јави чувство на недостиг на емоции на врската поради некоја внатрешна празнина, која нема никаква врска со партнерот, но едноставно не можеме да ја објасниме, па ја поврзуваме со него...
И тука муабетот не е на одмет ( па макар да е и со самите себе ), можеби ќе не натера да сфатиме, да откриеме во што е проблемот за да можеме да продолжиме понатаму.
Иако минлива фаза, и оваа може да ни создаде главоболки, па подобро е да се реши што поскоро.
 
Па вака... Токму овој случај го имаше застапено кај еден мој добар другар...
Значи кога кај врската нешто бледее тоа преоѓа во рутина - монотоност.
Единствен лек за ова е рушење на монотонијата - свртување на нов лист или разубавување на стариот. Ако и понатаму нема промени едноставно потребен е нов лист. Значи раскинувањето е неизбежно. Нормално пред раскинот треба сите карти на маса да се отворат
 
Кога ќе почнам да чувствувам дека емоциите (кај мене/него) се се` поладни и дека се променил нашиот однос, едноставно дека не е како што било некогаш, можеби и нема одма да ја прекинам врската. Прво ќе се преиспитам сама себе, можеби и ќе разговарам со него.
Сигурно е дека нема да избрзам, факт е дека во секоја врска постои период на кризи. Но ако тоа потрае и констатирам дека ништо не се променило тогаш Чао, Пријатно. Нема причина за понатаму.
 
~*~

Во врска сте...и тоа убава,стабилна врска.
Но почнувате да чувствувате дека чувствата почнуваат да избледуваат...
Ако чувствувате дека од ваша страна чувствата се намалени,што ќе направите?Ќе се преиспитате себе си или веднаш ќе ја прекинете врската?Ќе разговарате ли со партнерот за вашите емоции или ќе почекате да видите дали ќе се средат сами работите?

А што би направиле ако некако претчувствувате дека другата страна е поладнокрвна,дека едноставно избледеле чувствата од кај него /неа? Ќе направите муабет или ќе чекате негова/нејзина реакција?

А што мислите зашто се случува тоа бледеење на емоции?Дали заради тоа што нешто не е во ред со врската или пак едноставно хемијата,љубовта изчезнала?Или некогаш едноставно нема причина за тоа?

Нема ништо понормално од тоа со текот на времето едни емоции да бидат заменети со други или просто истиснати, да избледнат.
Сега има личности кои лесно продолжуваат понатаму, личности кои што не ги пуштаат работите кои што ги имаат и итн.Сите ние имаме различен пристап кон тоа.
Но кога би била во релација со некој а емоциите повеќе ги нема, тоа некако ме води кон крај.Затоа што нема што да правам со некој што повеќе не ми е тоа што бил.Емоциите ако биле вистински треба да се продлабочуваат со текот на времето, не да бледнеат.

Додека некој да биде ладнокрвен со мене?
Првите 5 минути и се пакувам.
 
Во долга и стабилна врска ако емоциите избледнат ќе ми биде многу тешко...претпоставувам. Ако веќе сум решил да бидам со некоја подолго време тогаш сигурно дека многу ми значи и во секој случај нема да ми биде сеедно.

Ако разговорот не помага тогаш ништо, ќе оставам да видам до каде ќе течат работите.
 
Во врска сте...и тоа убава,стабилна врска.
Но почнувате да чувствувате дека чувствата почнуваат да избледуваат...
Ако чувствувате дека од ваша страна чувствата се намалени,што ќе направите?Ќе се преиспитате себе си или веднаш ќе ја прекинете врската?Ќе разговарате ли со партнерот за вашите емоции или ќе почекате да видите дали ќе се средат сами работите?
Варијации во јачината на чувствата секогаш ќе постојат. Понекогаш самото (не)расположение не` тера да се посомневаме во чувствата кон партнерот или обратно. Ако е врската убава и стабилна, глупав потег би било веднаш да се прекине. Треба малку да се размисли, протумачи што, како...па ако заклучокот е дека оладувањето е непоправливо, ондак крај.

А што би направиле ако некако претчувствувате дека другата страна е поладнокрвна,дека едноставно избледеле чувствата од кај него /неа? Ќе направите муабет или ќе чекате негова/нејзина реакција?
Муабетот е неизбежен. Не можам да чекам на страна и да се надевам дека е само фаза и ќе му помине.

А што мислите зашто се случува тоа бледеење на емоции?Дали заради тоа што нешто не е во ред со врската или пак едноставно хемијата,љубовта изчезнала?Или некогаш едноставно нема причина за тоа?
Некогаш лажната љубов ни се чини за вистинска. Или монотонијата била преголема, друго не знам.
 
Убава и стабилна врска, а доаѓа момент кога ми избледуваат чувствата и што правам? Ништо за да ги вратам, затоа што не ни можам. Не е тоа така едноставно, а ете за мене е дури и невозможно. Како да ги вратам ако ги немам повеќе? Што и кого треба да присилам за тоа? Партнерот да го променам, да одам почесто во шопинг или да одам со глава во ѕид намерно? Не.
Болно е ако е од една страна, но ете би била уште кратко со него за постепено да ја раскинам врската, со што постепено и би му давала до знаење за што се работи преку моите дела. Тогаш само би се надевала дека помалку ќе го боли дека со тек на време најверојатно ќе го почувствува и тој истото.
А ако забележам дека тоа се случува кај партнерот? Па истото би го направила и исто постепено, за да имам време сама да изнајдам и други работи кои ме повредуваат, па да се решам на крај.
 
Болно е кога избледуваат емоциите во една врска поготово ако тоа е само од страната на едниот партнер.Најпрво би сакала да знам што допринело кон такво нешто.Ако едноставно не сме создадени еден за друг тоа е веќе друго.Ќе разговарам со партнерот и ако премногу ми значи ќе гледам да изнајдам ново решение но сметам дека тоа е само еден вид утеха.Ако тоа се случи тогаш нашата врска нема иднина.Може само да наоѓаме начини за да се чувствуваме подобро.Но тоа е само уште една лага во нашиот живот.
 
Прва реакција ми е додавање на понекој "зачин" во сексуалниот живот, да го извадам од монотонијата во која можеби западнал.

Втора реакција (ако не успее првата) - разговор со партнерот, дали и тој чувствува дека нешто не е во ред, или само јас паничам.

Трета реакција (ако не успее втората) - WELCOME, FREEDOM!
 
Кога ќе избледат емоциите,времето за разговор поминало.
Ако е кај него проблемот,крпчето во рака,засукани колена и кофа до мене.
Ако е кај мене,болен поглед и последно чао.
 
Кога ќе избледат емоциите,времето за разговор поминало.

Не се согласувам; се случува стресот и проблемите од остатокот на животот да имаат влијание и на приватниот живот.. понекогаш интимен разговор или романтичен викенд можат многу да помогнат за да не потсетат зошто сме го одбрале баш тој човек за партнер.
 
Јас мислам дека разговорот или романтиката при избледени чувства се само турање сол на раната.Се разговара кога ќе се осети нешто што не е како што било.Кога некому му избледиле чувствата,има повеќе причини не се само секојдневни проблеми.
Кога ќе дојде моментот да се потсеќам зошто сум со него,нели мислиш дека е касно?
 
Во брак - не е касно! Во значајна врска, каде што знаеш дека сакаш да го проведеш животот и да имаш заеднички деца со таа личност - не е касно! Во тинејџерски денови, или во врска за секс и забава - дефинитивно е касно, секое продолжување е само губење време.
 
Како може да знаеш дека сакаш да го поминеш животот со некоја личност која си ја заборавила додека си во врска,на која ти треба потсеќање додека си со неа?Малку е контрадикторно.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom