Serpico
Сковинистратор / I'm Batman
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 11.166
- Поени од реакции
- 691
- Возраст
- 39
Болеста слип апнеа -популарно наречена хрчење, од неодамна се дијагностицира и во нашата земја на Клиниката за Пулмологија и алергологија. Се работи за прекин на дишењето додека човекот спие. Болеста може да се регистрира со тестирање преку специјален апарат наречен полисомнограф.
Кај нас слип апнеа досега не се сметала за болест, иако се работи за сериозно заболување, бидејќи пациентите прекинуваат да дишат во интервал од 10 до 15 секунди или од 15 секунди до две минути, а недостатокот на кислород е причина да се иницираат и други заболувања. Овие проблеми во земјава се присутни кај околу пет отсто од популацијата. Ваквите лица не само што немаат мирен сон, туку и пречат и на околината. Кај некои сопружници хрчењето е сериозен проблем што доведува и до развод.
Повеќе за ова, во он лајн изданието на Вечер. Интересна тема... Имате ли проблеми со хрчење? Забелешки од партнерот, кои може да прераснат во милитантен радикализам (модрици од лакто наутро, гребаници, перница на главата на партнерот) или прекин на врска?