Веќе има тема во гурманско катче за диети, ама ќе ти ги испастам постовите тука за да не луташ.
Диетата е онаа со зелката:
главица зелка
две пиперки,
6 кромида,
целер,
6 лупени патлиџани
сето тоа сварено (може и зачини)
тоа се прави како чорба и се консумира барем еднаш дневно, а може колку ви душа сака.
Но,
1 ден - овошје, само да не е гроозје и банани
2 ден, свеж зеленчук, само не мешункаст
3 ден микс од ден 1 и 2
4 ден до 1 литар млеко и до 8 банани
5 ден до 250 грама телешко печено без сол/зачини
6 ден до 1 кг телешко печено без сол/зачини, патлиџани до 3
7 ден интегрален ориз и зелен зеленчук
сето тоа е без зачини, леб и лебни нутриенти
од пијалак, кафе без шеќер, чај без шеќер, вода
Ако се ослабне повеќе од 5.5 кг за 7 дена, се прави пауза од два дена, ако не тогаш од 1 ден.
Алкохол се консумира 24 часа по прекин на диетата.
Кој може, бујрум. Се чисти организмот, се топи само сало и масни наслаги, се подобрува крвоток и притисок. режим на срцевата работа.
Диетава е од Sacred heart болниците за предебели пациенти кои треба да имаат тежок хируршки зафат. Нагло ги слабеат.
--------------------------------------------------------------------------
Постојат многу диети за намалување на тежината. Некои од нив промовираат погрешни концепции, кои водат кон понатамошни здравствени ризици.
Мастите доведуваат до пораст на тежината-дали е точно?
Познато е дека мастите содржат апроксимативно двојна количина на килоџули (калории) на грам, во споредба со јаглените хидрати и протеините. Логично е, дека ако консумирате повеќе масти, повеќе ќе ја зголемите тежината отколку ако вашата исхрана се базира главно на јаглени-хидрати. Важен е и типот на мастите. Докажано е дека мастите од животинско потекло (заситени масти) доведуваат до поголемо покачување на телесната тежина во споредба со растителните масти или рибиното масло. Изгледа дека, последниве полесно се искористуваат од организмот, и помалку е веројатно дека ќе се складираат во форма на масно ткиво на стомакот. Покрај тоа тие се корисни од здравствен аспект. Ако се претера со внесот на јаглени хидрати или протеини, тие во организмот исто така се претвораат во масти. Вистината е, дека тежината ќе се зголемува доколку се примаат повеќе килоџули отколку се трошат, независно дали тие килоџули доаѓаат од масти, јаглени хидрати или протеини. Покрај тоа, пушењето го зголемува таложењето на мастите околу внатрешните органите ( висцерални масти) и стомакот.
Диети со малку, средно или многу јагленихидрати?
Краткорочно, диетата со многу намален внес на јаглени хидрати, а слободен внес на масти ( како што е т.н. Аткинс-ова диета) може да резултира во поголема загуба во тежината, отколку диета која се базира на јагленихидрати, но долгорочно, разликите се минимални. Диетата во која многу е намален внесот на јагленихидрати, ако се базира на консумација на животински масти, а недоволен внес на растителна храна не е здрава.
Крута наспроти флексибилна диета?
Крутите диети се придружени со стриктно броење на калориите и стриктни правила за избегнување на одредени видови на храна. Кај флексибилните диети важна е величината на оброците и постои помала строгост во ограничувањата. Кој пристап е подобар за губиток на тежината? Крутите диети се придружени со поголеми проблеми во контролата на јадењето, вклучувајќи и повеќе епизоди на прејадување. Флексибилните диети поретко се придружени со вакви проблеми и полесно се прифаќаат. Долгорочно, флексибилниот пристап има поголема шанса за успех.
Предрасуди за исхраната
- Ако јадете многу компири ќе се здебелите - неточно. Јаглените хидрати се најдобриот извор на енергија за организмот. Ако јадете компири или било која храна богата со јаглени хидрати нема автоматски да се здебелите. Внимавајте што јадете додатно ( на пример путер или крем сирење кои содржат многу масти). Ако вашата исхрана е претежно јагленохидратна и богата во влакнести материи, вие веројатно внесувате помалку масти.
- Треба да се избегнува комбинација на храни-неточно. Различни диети пропагираат да се избегнува комбинација на храни. Се смета дека јаглените хидрати во комбинација со протеините водат кон дигестивни проблеми и покачување на тежината. Точно е обратното. Комбинациите на храни му помагаат на дигестивниот систем. На пример, витаминот С од сокот од портокали ја подобрува апсорпцијата на железо во оброкот со телешко месо. Многу малку од храните се чисти јагленихидрати или протеини, повеќето се смеса од двете. Дигестивниот систем содржи ензими кои се способни да ја разградат храната која ја јадеме.
- Појадокот треба да се состои само од овошје – погрешно. Нема доказ дека ваквиот пристап има било каква предност. Повеќето овошја не се богати со комплексни јагленохидрати, кои му се потребни на организмот по ноќното гладување. Цереалиите ( особено интегралните житарки), како што се лебот, корнфлексот, мусли и сл. за појадок, преставуваат подобар извор на јагленихдирати.
- Некои храни имаат магично дејство и доведуваат до брз губиток на тежина-погрешно. Постојат бројни реклами во кои ананасот се преставува како таква храна. Според други тоа е грејпфуртот, кој наводно ги согорува телесните масти. Тоа не е вистина. Вакво дејство повеќе може да им се припише на влакнестите материи, кои предизвикуваат исполнетост, со минимално килоџули.
- Не треба да пиете течности во тек на оброкот- тоа доведува до здебелување? Неточно. Ова погрешно верување се базира врз мислсњето дека дигестивните сокови и ензими ќе се разредат со течноста, и ова ќе резултира со успорено варење и зголемена ресорпција на масти. Ова не е докажано. Всушност, доказите сугерираат дека пиењето на вода во тек на оброкот ја забрзува дигестијата. Се разбира дека доколку се претерува со внесување на високоенергетски пијалоци, како што се алкохолните пијалоци ќе настане здебелување, но пиењето во тек на оброкот не го потенцира ова.
Како ефикасно и здраво да ослабите?
- Не користете брзи диети; веројатно е дека во следните пет години повторно ќе ја вратите изгубената тежина.
- Вашата цел нека биде мала загуба, од околу еден килограм неделно или помалку.
- Намалете го внесот на масти, особено на заситените масти.
- Исклучете ги рафинираните шеќери.
- Зголемето го внесот на свежо овошје, зеленчук и интегрални житарици.
- Консумирајте помалку алкохол.
- Земајте помалку ужинки.
- Вежбајте околу 30 минути неколку пати во неделата. Воведете повеќе движење во дневната рутина-обидете се да акумулиратие 30 минутно одење/ден.
- Не елиминирајте комплетно ниту еден вид на храна- секојдневно земајте разновидна храна, дајте предност на интегрална и непроцесирана храна.
- Придржувајте се кон одреден ред во јадењето.