Диети и слабеење

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
Како што реков теоретски да конзумираш 10 кг зелка е тешко,а ако би конзумирал и не би ги трошел тие калории тие би се складирале прво во гликоген,а бидејќи јаглехидратите се конвертираат во масти многу потешко.
Но бидејќи ова е теорија а не реален живот пробај да конзумираш 3000 калории од зеленчук.
Нема шанси да го направиш тоа,цревата ќе ти пукнат од толку многу диетални влакна.
Другото нешто е дека ако успееш ќе треба долго време да ги додаде тие калории во масти,затоа што 10 кг зафаќа простор ненормален во стомакот и треба време за дигестирање и апсорбирање.
 
Дали е опасно по здравјето едномесечно компплетно лишување од јаглехидрати?
Можеби не е опасно за временски период од месец дена и најверојатно нема ништо да ти биде,но имај на ум дека страда мозокот бидејќи тој за да функционира користи исклучиво јаглехидрати.Јас лично никогаш нема да применам кето диета.
 
Мозокот може и да работи и на кетони.
Дури и срцето работи поефикасно на кетони.
Само треба време и дали е полезно за некој човек како мене,одговорот е не :)
 
кикиритките печени такви шо се лупат со црвено кафени лушпи дебелеат ли на строга диета сум а сакам да јадам смеам ли ??
 
кикиритките печени такви шо се лупат со црвено кафени лушпи дебелеат ли на строга диета сум а сакам да јадам смеам ли ??
Ако си на "строга диета" (дефинирај ми го поимов), фала богу дека не се пожелни, доста калорични се.
Ако следиш некоја диета јади само тоа што пишува во диетата.
Ако сам си правиш диета, број калории и едноставно јади помалце.
 
кикиритките печени такви шо се лупат со црвено кафени лушпи дебелеат ли на строга диета сум а сакам да јадам смеам ли ??

Секоја храна може да дебелее и да слабее ако се конзумира во доволни количини што ќе направат калориски дефицит.
Бидејќи кикириките се калориска бомба на 100 грама имаат 560-620 калории не се препорачуваат иако имаат полезни дејства и макро и микро нутриенти.
Јади повеќе зеленчук и протеини.
Друго нема што е подобро за заситување и за топење маснотии.
 
Сакам едно прашање да поставам ,сигурен сум дека ќе ми одговорите .... Страдам сериозно од маснотии во крвта, црниот дроб .... причината е прекумерната дебелина што ја имам .... докторите сериозно ми препорачаа да што можам порано и побрзо да започнам со намалување на тежината .... инаку црниот дроб го сјебав и трансплатација .... искрено немам појма како да започнам со намалување на тежината .... поточно на кој начин да ги кратам килограмите и со чија помош ..... искрено воопшто никогаш немам вежбано напорно ..... читав на интернет но ептен е опширно со информации ,не знам што да селектирам ,зошто не знам што е потребно точно ..... дали е ефикасно да започнам со личен тренер ,кој е "стручнак" и има поминато доста луѓе под негова рака или пак има други начини ?! со трчање или пак во теретана ?! ме интересира колку е цената,во пари да изнајмам помошен тренер или пак колку е во теретана се плаќа ,ако има во теретана луѓе што знаат и е поефтина теретана ,да ми подготват план и што како да почнам со кратење на килограмите ... имам 105 кг , нивото на маснотиите е далеку над ниво ..... имам атрофија на мускули ,изгубено сила кажано .... ве молам за совети ... благодарам .... сигурно има и како мене што поминале низ овој циклус .... мада сигурно има :)

порака до админите ..... нека се изгаси темата после 3/4 дена ..... да не преоптоварувам ,ако не е проблем може да остане .... можеби ќе се најде некој па ќе црпи совети .... :rolleyes:
 
насабајле чаша вода кафе бес шеќер и едно јаболко,или некое друго овошје...ручек бес леб вечера овошје или зеленчук....почни на сабајле и на вечер со пешачење чим немаш кондиција за трчање-потоа тргни на вежбање па и трчање...Биди упорен...едноставно не мисли на јадење,пиј доста вода... пешачењето нека ти биде по сат два едноставно заинати се и биди упорен...
 
а со ова мислам ќе имам дефинирање на телото ,ако одам ,барем да одам до крај .... сакам да скратам килограми , но ако веќе сум започнал да го средам и телото да има дефениција ..... ова ниво на дефениција да го почнам после ова што ми го пиша ?!

само не ми кажа со цени како е по теретаниве ,членарина ?! ти доаѓа тоа со некој да ти покажува како се вежба на справите ?!
 
само не ми кажа со цени како е по теретаниве ,членарина ?! ти доаѓа тоа со некој да ти покажува како се вежба на справите ?!
1500-2000 ти е членство најчесто во добра теретана, имаш и за повеќе и помалку.
За личен тренер се доплаќаат неколку 1000, месечно би те фатило 5-7000.
Околу ефективноста, каде каде е поефикасно со тренер, така да ако можеш да си дозволиш не е на одмет. :)
 
можам ,не е проблем , и онака работам моментално ,ако трошам пари ,обично одат за храна,излегување и нешто за најблиските да земам ...... мали трошоци имам, ми остануваат пари , ако треба ќе скратам со излегување и храната, барем сега примарност ми е здравјето , кој ќе купува црн дроб на црн пазар .... :giggle:
 
Дали веќе имаше трансплантација или треба да правиш? Дали земаш лекови за имуносупресија?
 
Дали веќе имаше трансплантација или треба да правиш? Дали земаш лекови за имуносупресија?
Не , ми престои опасност од губење на црниот дроб , имам проблеми со маснотиите, ми се натрупувале со години како од мал,цел живот сум дебел,неактивен,улежан кажано .... пијам некои апчиња за маснотииве ,одам на контрола секои два месеца во Румунска ....
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom