Интерактивни квизови (Брзи Пари, Кешоловец, Ќари Пари, Sunny Money, Happy Hour)

  • Креатор на темата Креатор на темата Word$haker
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.243
Поени од реакции
962
Локација
Скопје
Кое е вашето мислење за овој тип на “забавни“ емисии кои во последно време ептен зачестија по нашиве телевизии? Ги гледате ли? Интересни ли ви се или здодевни?

Знам дека повеќето се здодевни ама мене особено занимлива ми беше таа водителката со шишките и наочарчињата од Happy Hour, имаше смисла за хумор ептен :)

Сте се јавиле ли некогаш, сте добиле нешто?
 
Додека има овци, ќе има и кој да ги стрижи. Никој од тоа аир не видел, да ме вервиш внуче. ;)
 
Особено ме нервираат што зборуваат во прво лице: “Јас ќе ви ги дадам парите“, “Ете јас сум спремила тука 1000 денари за вас“, а поготово мојата бивша соученичка (додуша 2 години помала) од Орце која го води квизот на Сител, каде што толку сака да ги убеди луѓево да се јават та да ги исцрпи веќе сите можни фантазии :):):)

Исто така ме “дразни“ тоа што дрдорат по 40 минути пред да ја дадат сумата, демек гратис до гледачите за да ја зголемат сумата :):):)
 
Сите можни фантазии? Сите сите??? Аман бе, до каде отишла :pos:
Дрдорат по 40 минути за што помалку луѓе да се приклучат во емисија (додека многумина вртат и се нервираат :pos:)

Туку, уште една интересна работа: _ _ _ е _ - погоди го зборот :pos:
 
Кога ке ја видам онаа на Канал5 што е...од ѕид си ја маам глаата. :):)
Еднаш вика "Јас сум Јулија од филмот Брзи Пари и вие го гледате филмот Брзи пари" или она "Во живо во етер". Поглупа неможат да стават...кога седам пред ПС, пуштен ми е ТВ-то и си пукам сеири на ваквите дебилни работи.

Еднаш во весник читав дека ако се јавиш, ке те одерат т.е цената на повикот е многу повисока од онаа што ја даваат на екранот...или кузнае што далавери праат.
 
Не ги знам сите квизови по име зошто и не ги гледам, на почетокот кога се појавија сватив дека се жива измама, особено квизот во кој треба да го погодиш зборот.

Значи имаш една две букви и 100 збора кои би можеле да бидат точни. И така луѓево си вртат и си погодуваат... и на 100-тиот гледач ќе му кажат “точен одговор“. Мислам, точно е дека луѓето можат да бидат наивни, глупави, дека сами си се криви... ама тој што го организирал квизот е за во затвор! Не им е дадена на сите иста интелегенција па затоа што некој не разбира не значи дека треба да се лаже и да се краде. Посебно што тие луѓе се сигурно без пари па виделе некаква надеж за брза заработка.

За да биде квизот легитимен треба веднаш откако играчот ќе промаши да кажат кој бил точниот одговор (да стои во некој коверт кој е постојано видлив на екранот и слично) и да се продолжи со нов збор. Добивката може да си расте како и обично ама зборовите мора да се менуваат.

Тоа што треба да се врти по 40 минути и пак да не ги вклучат луѓето е друга приказна. Згора на тоа, сум видел многу луѓе кога плаќаат сметки а се изгореле така што мислеле дека оние 30-40 денари се наплаќаат ако те вклучат во програма или ако добиеш некаков одговор. Така си вртеле Бог знае колку пати бидејќи не добивале никаков повратен сигнал или одговор и направиле сметки од 12000-13000 денари.

Затоа пак ќе речам, прекинување на ваквите квизови и малку 2х2 m2 за организаторите би го решиле проблемот.
 
најинтересното во оваа агонија во потрага по кеш е тоа што во еден ист тремин и на а1 и на канал5 и на сител се емитуваат, а јас се прашувам зашто баш никогаш не сум видел некој да погоди збор ???
 
јас се чудам како никој не им се јавува и еднаш земав тел и завртев и се јавува таа од таму и ми вика нешо као браво,за малку ќе бевте вклучени,со секое наредно јавување ви се зголемува шансата да се вклучите:pos2: тоа се чисти глупости.............ако сака некој да оствари добивка на квиз нека се пријави на милионер :vozbud:
 
Најголемите глупости се тоа. Ги замараат луѓето да неможеш да гледаш нешто асално од нив. Зборат ептен брзо и без да запрат ни една секунда што страшно ме нервира и секогаш ги менувам каналите. Ни 5 секунди неможам да ги гледам, а не пак да им се јавувам.Се знае што е квиз одиш во студио се натпреваруваш со други или па нешто како милионер па да биде интересно и да те намамат да се пријавиш.Вака се само глупости:toe:
 
Може да ми каже некој каде живее онаа од Хепи Аур, да земам да ја кренам на клоци? Не го гледам квизот, ама некогаш ќе го оставам телевизорот вклучен и наеднаш кога ќе се засили ми иде до А1 да одам да ја зарогам.
Имам приметено дека по такви квизови само пензионерине вртат, ем немаат што да прават по цел ден дома, ем најлесно се лажат дека ќе земат некој денар.
 
Добро бе има некои што ги гледаат освен баба ми и врсниците?
 
Најако ми да ги гледам колку можат да издржат водителките сами со себе муабет да си прават :):)
Како не им скурчува не ми е јасно им вреди ли платата за тоа брбљање 2 саата во празно
 
мене ме провоцираат вакви квизови до немајкаде.... неможамд а ги поднесам ко ги слушам како бљабетаат више од пола саат.... абе една нервоза ми се накрева како и у моментов кога го пишувам постот
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom