Што играте во моментов

  • Креатор на темата Креатор на темата StenmarC
  • Време на започнување Време на започнување
3-d baseball на пс1 емулатор, играва ми требаше долго време да ја свртам може затоа што не е ништо посебно играва на моменти беше дури и досадна.

burnout paradise на пц, ненормално забавна тркачка игра, полна со судари, има некаков вид на опен wорлд елемент, има многу работи за правење во играва од стунтови, до тркачини, до уништување на други коли, до прежививуање, може да се зимаат полно коли околу 75 коли барем така мислам, многу забавна игра а и да, има и супер песни додека се вози со кола.
 
Последно уредено:
fatal_frame_ii___wpcomposition_by_tidalnight.jpg
На што платформа ја играш?
 
Се оболев по Killing floor 2. Скроз! Чув многу негативни коментари од верните играчи на првиот дел, ама јас се заљубив на прв поглед во играва. Многу побрза и пожива од претходната. За музиката да не правам муабет, освен што е добра ти го крева и адреналинот уште толку. Доживљај! :D
А тек па карактерите... :love:

20160624005724_1.jpg
 
Во овие жешки летни досадни денови повторно се навратив на гејмингот иако во мојот случај доста скромен како што е скромна и машината пред умирање што ми е. Игричево што моментално го плешам е баш идеално за тепање време, динамика, акција, пуцање, тоа е тоа што ми треба во моментов за убивање досада:


Иначе после миљон комбинации и размисли мислам дека конечно на повидок е една мала фина конфигурација со тоа што ќе се почека излегувањето на новите графички играчки на АМД и евентуален пад на цените, па да ја накитам со една 960 - ка ако ништо повеќе. Здравје, има тогаш да му се изна..ам од играње а листата е прилично долга на игрици кои чекаат да бидат изиграни.

До тогаш ќе се задоволам со вакви лимонатки:)
 

Ми тргна со игриве али како и да е оваа Дедлајт ептен ми праи мерак, сега за сега колку што гледам нема оружја и останува само да се бега од зомбите или да се испотепаат во интеракција со околината единствено. Ми се допаѓа и стрип концептот на видеата кои ја носат приказната, а и графиката е супер и одлично изгледа во фул ХД.
 
Пред некое време (2-3 недели) е завршив Fatal Frame 3 The Tormented.

Моментално Outlast и Outlast Whistleblower се спремни само ме мрзи некако да почнам да ги играм.
 
https://www.erevollution.com/en/register/301
онлајн browser игрица стратегиска
logo.png

ако сакате да ја почнете пишете ми овде или јас ќе ве контактирам и ќе ви дадам чат за да ви објаснам што како
Повелете за Македонија
 
.hack part 1 infection, .hack part 2 mutation, .hack part 3 outbreak, .hack part 4 outbreak, (на пс2) игра според истоимено аниме кое приказната се игра во четири делови, action рпг со менаџирање на двајца луге, прилично тешка игра барем за мене, и многу долга игра, дефинитивно забавна, ама некои dungeoni се прилично долги, а и ми се допаѓаат оружјата како изгледаат, чудовиштата знаат да бидат големи скоро сите се, маѓиите ми се допаѓаат како изгледаат, се на се ми се допадна многу играва.

alpha mission на нес емулатор, пуцачина со авиони во вселена кратка игра ама една од најтешките игри што сум ги играл на нинтендо, забавно игриче.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom