:pos2:
LOL што се’ изначитав. А овој клипот ме замисли малку... Во право ќе е Пеев за ова :tv: “подсистем брзина време -брзина простор, каде овие две величини се изедначуваат, а тоа во физиката не е дозволливо“ (време=простор). Хе хе, ај да не тупам. Туку, на апсолутна нула каде е времето? Врз основа на кое движење се одредува?
И што ќе биде кога заради ослабнатата сила на Сонцето, Земјата ќе кружи околу него за две години, или три, четири...??? Ќе се релативизира траењето на годината? Или ќе се менуваат космичките закони во однос на времето?
Времето, е измислена величина. Во реалноста, тоа не постои. Ние ќе продолжиме да старееме и да запрат сите часовници на светот, и да застане Земјата, да не се врти околу оската и Сонцето. Ќе старееме дури и Земјата да почне да ротира обратно и да кружи во обратна насока околу Сонцето. Како што вика Пеев :pos2: опасно е да се игра со измислена величина при утврдување на општи закони (за разлика од растојанието и брзината).