Дефинирај го времето

Стварно мерните единици за време имале најточен еталон?
Како се дефинира тој?
 
Стварно мерните единици за време имале најточен еталон?
Како се дефинира тој?

За секоја величина може да се определи модулот, без разлика за која станува збор. Единственото релативно во случајов, е тоа колку ќе успееме да бидеме прецизни во одредувањата на дадениот модул.
 
Најпрво да кажам дека овој коментар првично беше наменет за една друга тема http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=21286 , но сметам дека можам да го искористам и за оваа.

Ќе се обидам да бидам што е можно појасен. Да си го замислиме времето како една бесконечна права. На таа права избираме една точка, која што ни претставува сегашноста, а минатото и иднината се двете полуправи чија граница е сегашноста. И зарем точката како точка може да се измери? Дали е разумно да бараш единици за да ја измериш вредноста на точката? Додека пак со иднината и минатото е друг случај, кај нив можеш да зборуваш за мерни единици, секунда, час, година... што ти претставуваат отсечки од правата. Значи времето постои и математички, додека неговото реално постоење не е дискутабилно. За постоењето на било што материјално или од енергетска природа, или пак за постоењето на четирите основни фундаментални сили (оние кои се запознаени со квантната физика, поточно со Стандардниот Модел, знаат за што зборувам) е потребно простор, дефиниран со просторните димензии, и се разбира времето како засебна димензија. Она кое постои само во рамките на просторните димензии се нарекува виртуелност, и е нешто "безвременско", во контекст на тоа дека се работи за прецизно дефинирани функции. За да биде ова појасно, ќе ја земам математиката, вклучувајќи ги полиномите, матриците, векторите, геометриските тела. Велам безвременски само затоа што 2+2 од секогаш било 4, најпросто кажано. Додека постојат и апстракции кои имаат само временска димензија. Со ова повеќе се занимава филозофијата... нешто кое го утврдил и самиот Сократ. Така, само временска димензија имаат мислите, идејата за постоење на нештата. Поточно двојната природа на реалноста. За нешто да биде реално постоечко, му се потребни специфични вредности за просторните димензии и да се изреализира во временската димензија. На пример за една коцка реално да постои се потребни нејзини димензии, поточно просторни координати на СЕКОЈА нејзина можна честичка, и нејзина реализација во времето, односно природата на секоја честичка на посакуваната топка (дали ќе се работи, за кварк, електрон, неутрин... или пак некој босон). Токму затоа времето и просторот се ставаат во еден ист кош, наречен димензии, затоа што токму тие се потреби за реално постоење на нештата. А инаку, не постојат само 3 просторни димензии, односно должина, ширина и висина. Ако нешто не можеме да детектираме со нашите сетила, не значи дека тоа не постои во реалноста. Верувале или не, на макро просторно ниво, постојат 6 димензии, а од некои гледишта, тие се дури седум. Додека на микро ниво, квантното ниво, постојат 26. Повторно нешто кое е во директна врска со Стандардниот Модел. Во овие димензии, егзистираат честичките на различните нивоа на материја, и босоните, односно честичките на фундаменталните сили, нешто кое што е сосема друга приказна.

Со овие работи се занимава квантната физика, се учат на студии. Сепак мојата преголема љубопитност направи да сум одлично упатен во оваа проблематика. Доколку имате било какви прашања, тука сум да ви одговорам.


абе Аце ма :) толку философирање , дај не ги комплицирај толку работите .. Се е просто, обиди се да бидеш појасне . Се изгибуив во твојот пост и речиси ништо не разбрав ... А и кај го дефинира времето ?? да не забега ти во друга тема која е мешавина на триста твои прочитани работи :) haha
поз мораф ваква критика ;)

DO MARKOVSKI : нигде не е кажано колкав е универзиумот .. само е споредено.. со ПЕСОК далечината на галаксиите ..
 
Дали би можеле да ми препорачате некоја литература поврзана со овие мистерии?? :)
 
абе Аце ма :) толку философирање , дај не ги комплицирај толку работите .. Се е просто, обиди се да бидеш појасне . Се изгибуив во твојот пост и речиси ништо не разбрав ... А и кај го дефинира времето ?? да не забега ти во друга тема која е мешавина на триста твои прочитани работи :) haha
поз мораф ваква критика ;)

DO MARKOVSKI : нигде не е кажано колкав е универзиумот .. само е споредено.. со ПЕСОК далечината на галаксиите ..

Никче ма, камо работите да беа едноставни. Постот го пишав, то ест го ископирав од мој пост на една слична тема, затоа што во првиот дел го објаснував моето гледиште на времето. Признавам дека останатиот дел требаше да го скратам. А иако имам читано доста, сепак верувам дека не ги мешам работите. Ако не мислиш така, слободно пиши ми каде сум погрешил.

Дали би можеле да ми препорачате некоја литература поврзана со овие мистерии?? :)

Мислам дека за почеток доволна ќе ти биде Википедија, иако таму можат да се сретнат многу невистинити работи, сепак кога станува збор за една егзактна наука, Википедија не остава непроверени работи. верувам дека би сакал(а) да го провериш и ставот на Ајнштај за времето, на страна од неговата популарна квота дека времето е она кое го покажува часовникот. А доколку тоа не ти биде доволно, во државната библиотека има литература. Би било одлично да ги прочиташ делата на Стивен Хокинг, најголемиот жив физичар, кој се занимава и со оваа проблематика, единствено што нема да можеш да го читаш на македонски.
 
Мислам дека времето најдобро го дефинра Стивен Хокинг:
Замисли два конуса споени со врвовите во една точка. Таа точка е сегашниот момент. Горниот конус е содтавен од концентрични кругови, од најголем до најмал-самата точка,т.е. момент.Во секој од тие кругови се наоѓаат настани и причини кои се елиминираат едни со други и круговите се намалуваат, да се дојде до момент како последица на тие причини.
како последица на самиот момент, почнува да се создава долниот конус, со се поголеми кругови, кои се полнат со последици од тој момент...
Може звучи малку комплицирано ,ама сепак многу интересна дефиниција...
 
почетната точка на мерењето не значи и почеток на времето

13,7 милијарди години, толку е стара вселената

староста на вселената и самата вселена, е нешто сосема различно од времето и просторот
Njet, njet....

Ako se zeme predvid deka momentalno najprifatliva teorija za nastanokot na Univerzumot e Big Bang, i ako se znae deka Big Bang ne e lokalen fenomen, jasno e deka boldiranata konstatacija e pogresna.

p.s. znam deka postot koj go citiram e od pred godina dena, ama vo interes na diskusijata osetiv potreba da interveniram :):)
 
Времето ?? Да не пишувам на годишно ниво ке го зеам денот како пример ... Време тие 24 часа поделени на еднакви интервали наречени часови кои пак се поделени на еднакви интервали наречени минути и така натаму .... тоа од ЧАСОВНА ГЛЕДНА ТОЧКА .... а од друга гледна точка .... времето е само четврта димензија за во која човекот и човечкиот ум е сеуште недопрена и непозната. дефиницијата допрва следува ....
 
дефиниција

во однос на физичкиот свет времето преставува процес на енергетска промена на материјата односно континуинрана промена на вибрирањето на материјата.
 
според мене нема време..
тоа е измислено за означување на историските дешавања...
 
според мене нема време..
тоа е измислено за означување на историските дешавања...

Не баш.

Кваката е во тоа што НИЕ ЖИВЕЕМЕ во МИНАТОТО и ИДНИНАТА.

Сегашноста е медитација.
 
Хе, за да го разберите времето малку повеќе прочитајте 2-3 книги по физика, многу работи ќе ви се разјаснат.
 
Времето е чудо.
Ај да речеме дека времето е од часовникот но и да немаме часовници пак времето постои оти секој човек се раѓа, расте, старее и умира значи тоа е некој процес. Изградена куќа или зграда ако стои 1000 години ке се распадне и никој да не ја чепне. Значи времето си го прави своето.
Исус рекол дека во рајот не постои време. Како тек ова ке го дефинираме? Дали тамо се е "замрзнато" па нема никакви промени или пак тамо нема стареење па затоа но ние не можеме да објасниме. Па и да нема стареење, дали тамо има некаква активност на душите? Ако има значи има време бидејки од активност до активност мора да помине некое време. Сепак мислам дека сме премногу мали за да го најдеме вистинскиот одговор на загаткава
 
Стефан Пеев е човекот што би ви одговорил за ова најточно :D дури и равенката на ајнштајн е прогласена за утка у споредба со равенката на стефан.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom