Дефинирај го времето

Се однесуваше на вселената, каде треба да го ставиш лењирот и да почнеш да мериш
Не би рекол

не те сватив
збориш за почетната точка на настанокот?
ако е тоа, не знам. веројатно има некаква претпоставка каде може да се наоѓа центарот на универзумот. она што знам е дека нашата галаксија сигурно не е на краевите. на самиот крај од таа сфера е она што е прво настанато. или како што велат пра универзумот

додека на пример се знае каде е центарот на нашата галаксија. во 2012 всушност центарот, сонцето и земјата ќе лежат на една линија
 
не те сватив
збориш за почетната точка на настанокот?
ако е тоа, не знам. веројатно има некаква претпоставка каде може да се наоѓа центарот на универзумот. она што знам е дека нашата галаксија сигурно не е на краевите. на самиот крај од таа сфера е она што е прво настанато. или како што велат пра универзумот

додека на пример се знае каде е центарот на нашата галаксија. во 2012 всушност центарот, сонцето и земјата ќе лежат на една линија

Тоа цело време пишувам за да можеш нешто да измериш колкаво е мора точно да знаеш од кај да почнеш да мериш и кај да завршиш. Без тоа мерењето нема смисла.
Центрите на нашата галаксија па и на другите не е проблем да се одредат
Проучувањето на вселената(космос, спејс=простор) мора да го гледаш тродимензионално не во линии
 
3 терории за судбината на Вселената.

1. Има константа големина.
2. Ќе се шири во бесконечност.
3. Се шири и ќе почне со намалување се додека не дојде до 0.

Значи не може да се зборува за големина кога не се знае што и како е со вселената до каде е ако има крај....... секоја бројка за големина што може да се најде е релативна поради тероиите погоре.

П.С: не се од мене не се секирајте :)
 
теоријата за константа големина од дамна е застарена

останува она или ќе се шири во бесконечност или во еден момент ќе се врати во нула

бидејќи јасно е дека се шири, непрекинато се забележува зголемувањето на меѓузвездениот простор, одалеченоста на галаксиите и слично, останува прашањето дали ќе почне да се собира.

бидејќи се што се раѓа умира, се што има почеток има и крај, веројатно и нашиот универзум еден ден ќе го снајде истото.

ако хипотетички речеме дека тоа ќе се случи, се поставува прашањето колку пати е повторен истиот или сличен настан, т.е. се доаѓа до бесконечноста на времето
 
3 терории за судбината на Вселената.

1. Има константа големина.
2. Ќе се шири во бесконечност.
3. Се шири и ќе почне со намалување се додека не дојде до 0.

Значи не може да се зборува за големина кога не се знае што и како е со вселената до каде е ако има крај....... секоја бројка за големина што може да се најде е релативна поради тероиите погоре.

П.С: не се од мене не се секирајте :)

Има уште една теорија, дека ќе се шири се додека не се "скине" и тоа ќе биде крај на универзумот. Замислете го како еден балон, ќе се дуе и дуе се додека не дојде до пукање. За оваа теорија не ме прашујте мене, само видов за неа на Discovery Science.
 
Никој не знае точно кога и како настанала вселената(тоа се само претпоставки). Никој не знае дали се шири или се стеснува. Плус, не битно дали има крај, зошто и да има крај, мора да има нешто после тоа, односно вселената како целина да е дел од некоја друга целина.. и така до бескрај. Времето е тесно поврзано со бројките, и спаѓа во таа бескрајност. Колку броеви има од 1 до 2? Едноставно, времето е релативно бескраен интервал, но луѓето го лимитирале и претвориле во конечни мерни единици.
 
Време е она што го трошите додека пишете офф топици !!!

Он Топик -
Ја Више Си кажаФ ДеФиниција За Време , И Кој Може Нека Искоментира Дека Не Е Такаа =]
 
Универзумот е поим за нешто што не нема свој основни карактеристики =] Неможете да споредувате со универзум =]
 
А шо би рекле на то дека веќе имаше ваква тема? И е заклучена? И е фканта? :)
 
:pos2::pos2:
E sega jas ke se smeam! e kolkav e be? :)

еве ти едно текстче овака малку попростичко, за да полесно се разбере
по сликовито од ова, да земам да цртам?
значи универзумот во размер

Млечен Пат
замислиме дека нашата галаксија е песочна површина, Сонцето зрно песок, а Земјата минијатурна прашинка видлива само со микроскоп.

Ако Сонцето е зрнце во песокот што го претставува Млечниот Пат, песокот е овален и релативно плиток, со околу 6 метри во дијаметар и 30 сантиметри длабок во средината.

Ако тргнеме да се оддалечуваме, има милијарди други галаксии во Универзумот. Најблиската голема галаксија до Млечниот Пат е галаксијата Андромеда. Просторот помеѓу галаксии е многу празен, без ѕвезди, па дури и без прав. Единствено нешто што постои помеѓу галаксиите е светлината.

Аналогија 3: Растојание Млечен Пат – Андромеда
Ако продолжиме со аналогијата во која Млечниот пат е песочник со дијаметар 6 метри, треба да кажеме на кое растојание се наоѓа некој друг песок, што ќе ја претставува Андромеда (или М31).

Одговорот е – на 600 метри. Песочникот Андромеда би бил сличен на песочникот Млечен Пат, можеби малку поголем. Постојат купчиња песок расфрлани околу песочникот Андромеда, кои претставуваат „мини“ галаксии – М110 (под М31) и М32 (над М31).
М31 - Андромеда

Ќе забележите дека споредбената оддалеченост меѓу Млечен Пат и Андромеда е помала одошто помеѓу ѕвездите во нашата галаксија. Тоа е затоа што така е и во реалноста. Галаксиите се збиени во групи и М31 е во рамките на нашата Локална Група на галаксии.

Аналогија 4: Оддалеченост од нашата Локална група до другите Групи Галаксии
За потребите на оваа аналогија, Млечниот Пат ќе остане песочник од 6 метри.

Млечниот Пат и Андромеда се членки на „Локалната Група“ галаксии, кои имаат и други членови како М33 (Триангулум) како и Големиот и Малиот Магеланов облак. Магелановите облаци се купчиња песок на околу метар ипол од нашиот песочник, додека Андромеда и понатаму е друг песочник на 600 метри оддалеченост.

Наредни групи галаксии се групата М81, Мафеи група, Скулптор група и М83 група.

Сите овие групи изгледаат како нашите групирани песочници. Од нашата група се оддалечени од 3 километри па нагоре.

Галактичките групирања се темелно проучувани и откриено е дека се структурирани во нишки и кластери. Кластерот Девица ја содржи нашата локална група и другите соседни галактички групи, слично како градови (со сите свои песочници) распоредени долж некоја река.

Аналогија 5: Остатокот од Универзумот
И понатаму Млечниот Пат е 6-метарски песочник.

Групите галаксии од претходната аналогија претставуваат неколку школски дворови со по неколку песочници.

Остатокот од Универзумот би бил целата земјина топка, со сите континенти и со милиони песочници-галаксии. И внатрешноста на Земјата би била исполнета со песочници.

Да резимираме; ако размислуваме во размер, можеме да видиме дека земјата е честичка прав на површината на зрно песок во песочник со дијаметар 6 метри, со наредниот најблизок песочник на 600 метри, со припадност на локална група галаксии претставена од сите песочници во еден мал град. Сите групи галаксии се претставени со помали или поголеми градови, кои ги има насекаде на Земјата и ВО Земјата. Милијарди галаксии, секоја галаксија со милијарди ѕвезди.
само немој да не си прочитал! :)
времето ако не го поврземе со вселената, ондак со што друго?
 
Најпрво да кажам дека овој коментар првично беше наменет за една друга тема http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=21286 , но сметам дека можам да го искористам и за оваа.

Ќе се обидам да бидам што е можно појасен. Да си го замислиме времето како една бесконечна права. На таа права избираме една точка, која што ни претставува сегашноста, а минатото и иднината се двете полуправи чија граница е сегашноста. И зарем точката како точка може да се измери? Дали е разумно да бараш единици за да ја измериш вредноста на точката? Додека пак со иднината и минатото е друг случај, кај нив можеш да зборуваш за мерни единици, секунда, час, година... што ти претставуваат отсечки од правата. Значи времето постои и математички, додека неговото реално постоење не е дискутабилно. За постоењето на било што материјално или од енергетска природа, или пак за постоењето на четирите основни фундаментални сили (оние кои се запознаени со квантната физика, поточно со Стандардниот Модел, знаат за што зборувам) е потребно простор, дефиниран со просторните димензии, и се разбира времето како засебна димензија. Она кое постои само во рамките на просторните димензии се нарекува виртуелност, и е нешто "безвременско", во контекст на тоа дека се работи за прецизно дефинирани функции. За да биде ова појасно, ќе ја земам математиката, вклучувајќи ги полиномите, матриците, векторите, геометриските тела. Велам безвременски само затоа што 2+2 од секогаш било 4, најпросто кажано. Додека постојат и апстракции кои имаат само временска димензија. Со ова повеќе се занимава филозофијата... нешто кое го утврдил и самиот Сократ. Така, само временска димензија имаат мислите, идејата за постоење на нештата. Поточно двојната природа на реалноста. За нешто да биде реално постоечко, му се потребни специфични вредности за просторните димензии и да се изреализира во временската димензија. На пример за една коцка реално да постои се потребни нејзини димензии, поточно просторни координати на СЕКОЈА нејзина можна честичка, и нејзина реализација во времето, односно природата на секоја честичка на посакуваната топка (дали ќе се работи, за кварк, електрон, неутрин... или пак некој босон). Токму затоа времето и просторот се ставаат во еден ист кош, наречен димензии, затоа што токму тие се потреби за реално постоење на нештата. А инаку, не постојат само 3 просторни димензии, односно должина, ширина и висина. Ако нешто не можеме да детектираме со нашите сетила, не значи дека тоа не постои во реалноста. Верувале или не, на макро просторно ниво, постојат 6 димензии, а од некои гледишта, тие се дури седум. Додека на микро ниво, квантното ниво, постојат 26. Повторно нешто кое е во директна врска со Стандардниот Модел. Во овие димензии, егзистираат честичките на различните нивоа на материја, и босоните, односно честичките на фундаменталните сили, нешто кое што е сосема друга приказна.

Со овие работи се занимава квантната физика, се учат на студии. Сепак мојата преголема љубопитност направи да сум одлично упатен во оваа проблематика. Доколку имате било какви прашања, тука сум да ви одговорам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom