Саем на книгата

  • Креатор на темата Креатор на темата Emma
  • Време на започнување Време на започнување
Некој ако може да ми ја земе Идол на ѕидот, па за некој месец ќе се раздолжиме. Не ми се плаќа 1500 денари за достава, а само таа ја сакам. :D
Јас со задоволство би ти помогнал, ама навистина Антолог ми е многу далеку и воопшто не одам на таа страна. Ако евентуално ме нанесе патот, ќе ја земам, ама не ти ветувам со сигурност, зашто знам дека најверојатно нема да појдам. :( Секогаш истото ми се случува со нивните промоции.
 
Некој ако може да ми ја земе Идол на ѕидот, па за некој месец ќе се раздолжиме. Не ми се плаќа 1500 денари за достава, а само таа ја сакам. :D

Да ти ја земам утре?
 
Последно уредено:
Почна Денови на литературата во Литература.мк. Има настани секој ден во нивните книжарници плус попусти од 20 до 70% на многу изданија од повеќето издавачи во Македонија.

Плус, со секоја сметка над 1500 денари добивате грепка, а подароците се книги или комплети книги од кои некои навистина вредат. Штотуку го изгребав комплетот книги на Орхан Памук кој вреди сигурно преку 3000 денари. Иако ги имам сите, освен Ноќи на чума - ќе се дадат некому како подарок. Мислам дека акцијава им вреди за сите пари!
 
Еве добра акција за тие што се од Скопје.

Пролетта е на прагот! Време е за разлистување и вртење (нови) страници. На 15.3. (сабота), искористи ја единствената шанса да си ги обезбедиш ретките изданија на ТРИ, кои се криеле на најнедофатливите полици.

Со почеток од 9 часот, пред книжарницата на ТРИ (ГТЦ) ќе се одржи целодневна, пролетна распродажба на стари и ретки изданија, на која многу неповторливи книги ќе бидат со неповторливи цени и до 80 % попуст.

Продлабочи го твојот специфичен интерес за уметност, ботаника или архитектура со колекционерско издание од „Tashen“, збогати го твоето познавање за античките трагедии и комедии или за големите древни епови преку изданијата со тврд повез.

Богатиот избор што го направивме опфаќа и многу домашни и светски наслови на 20 и 21 век. Роберт Музил, Габриел Гарсија Маркес, Марсел Пруст, Курт Вонегат, Митко Маџунков, Маргерит Дирас, Карел Чапек, Фредерик Бегбеде се само некои од авторите чии книги ќе можеш да си ги обезбедиш.

Доколку си љубител на поезија, те очекуваат стихови од сите краишта на светот и книжевни периоди, но и ретки книги за источните мудрости, јапонски но-драми и научни изданија за магијата на зборот.

А со секои три купени книги – следува книга подарок! На полиците имаме 1 000 наслови кои чекаат да бидат подарени, твое е само да ја понесеш љубовта кон добрата книга. Те очекуваме!


 
Оваа креатива повеќе ми се допаѓа. Некако многу тивко помина денес споделувањето за ова, во секој случај...
 

Attachments

  • saem-na-kniga-2025-2.jpg
    saem-na-kniga-2025-2.jpg
    120,9 KB · Прегледи: 14
Мене барем мотото ми е подобро за разлика од ланското „Читај приказна". Инаку има и трет дизајн.

1743107724146.png
 
Инаку, има нова распродажба на изданија на ТРИ во нивната книжарница во Ист Гејт. Мислам дека тука спаѓаат и англиските книги.

486754936_1225846522877952_6527769727593238040_n.jpg
 
Инаку, има нова распродажба на изданија на ТРИ во нивната книжарница во Ист Гејт. Мислам дека тука спаѓаат и англиските книги.

Прегледај го приврзокот 447062
Од англиски само на ташен се 50 % другите на попуст се постари изданија . Има попуст бидејќи се затвара книжарницата , нема да постои во Ист Гејт веќе
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom