Dexter

Одличен крај за одлична серија.
Иако предвидлив и логичен, сепак ми се допадна, се друго би било неприкладно на серијата

Sent from my SM-A405FN using Tapatalk
 
Некаде на средина од сезонава сетив како ќе заврши. Ептен очигледно се билдаше амбиентот за така.

За мој вкус, тежок засер крајов. Подобро да не ја продолжуваа ич.
бтв 4.6 на имдб има последнава епизода. Доволно кажува за тоа колку се сложиле со мене.
 
Screenshot_20240727-103153-699.png

Ќе го воскреснат Дехтер :pos:

Каде се оригиналните сценарија Холивуд што правите????
 
Средина на 7 сезона сум и забрзано губам интерес, те веќе почна од пред некоја сезона али како прогресира серијава се повеќе нема смисла што се случува. Супер си беше се до Тринити кога реши да бидат најдобри другари и убиството на Рита кое иако беше голема промена сепак беше од нигде никаде изведено али сега со плавушава Јвоне ептен го тупат тотално безидејно. Шестката беше тотална утка според мене.

Мислам дека требаше да заврши со 4 сезона, до тогаш се беше одлично, останатите сезони се втф.
 
Последно уредено:

Welcome to the club.
 
И Декстер повторно не е мртов :eek: и сега воскренува во трета серија :pos:
 
Последнава серија Resurrection на имдб има рејтинг 9.3, многу повеќе од претходните и од оригиналот (8.6). Дали заради шо восскреснал па му се радуваат или е заслужена, треба да се одгледа.
Дали беше утрото по денот или денот по утрото :)
 
Ми се допаѓа што го задржаа вајбот, иако Michael C. Hall е прилично остарен, ликот на Декстер е истиот, само сместен во друг, поголем град. Тој inner voice што го има додека ја тера нарацијата е толку препознатлив за него што ти враќа носталгични чувства додека гледаш. Фатени сме на носталгија, сигурно и тоа влијае на оценките на IMDb, како и comic relief моментите со Масука и новата детективка.

Забелешки имам во врска со претераните „случајности“ за да се мотивира дејството.
На пример додека е во болница скроз случајно на сестрата ѝ се прави муабет и му раскажува детали за новиот сериски убиец во огромниот Њујорк. Скроз случајно таксистот се размуабетува и му нуди сместување на тотален странец. По прострелна рана качува 11 катови во хотелот, без маки (тука имаше као леле, се изморив, стар сум веќе), ама тоа веднаш се реши исто така со целосната „случајност“, ќерката на таксистот да се занимава со акупунктура и со две игли го направи нов човек.

Во трејлерот за 4 епизода гледам доста celebrities, би требало да биде интересен тој собир на сериски убијци. Само да не ја претворат серијата во American Horror Story.
 
Малце сум разочаран после New Blood, можеби ќе му дадам шанса на Resurrection.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom