Влошки или тампони?

  • Креатор на темата Креатор на темата Mädchen
  • Време на започнување Време на започнување

Влошки или тампони?

  • Влошки

    Гласови: 54 80,6%
  • Тампони

    Гласови: 13 19,4%

  • Вкупно гласачи
    67
  • Гласањето е завршено на .

Mädchen

Smile
Член од
31 мај 2006
Мислења
1.571
Поени од реакции
38
Возраст
39
Ова е исклучиво женска тема:)

Дали користите влошки или тампони?
Како се чувствувате попријатно?
Кои се предности ако употребувате влошки,а кои ако употребувате тампони?
Па,ваше мислење...
 
Си останвам на старите добри влошки,ми бркат работа :)
 
Неам досеа употребено тампони..Отприлика знам како се користат, ама шо знам некако ризично ми е..
И јас си останвам на влошките, иако и тие не се баш многу безбедни за то дали ќе ти протечи или не..Многу пати се имам најдено во та ситуација..:)
 
Тампони не. Еднаш пробав, ептен ми е неудобно, цело време бев на штрек.:icon_lol:

Златни влошки, и така не ми тече многу, па знам дека ми се сигурна варијанта.
 
Абе и јас користам влошки,ама па ако имаш ко ќе си на одмор или ќе употребиш тампон или нема да се капиш.Ај сега...
 
Strikno vloshki,,tamponi epteeen retko,eventualno ako sum na odmor a i togash retko, neudobni se, ne upivaat kako sto treba,uvek mislam deka ke se skine koncheto i uplav iam deka ako zaboraam da go smenam ke dojde to toxic shock syndrom.
 
Абе и јас користам влошки,ама па ако имаш ко ќе си на одмор или ќе употребиш тампон или нема да се капиш.Ај сега...
Нема да се капам. Ме фаќа параноја од тампони.:helou:
 
Зависи како кога, и едните и другите. Тампоните дефинитивно даваат комоција и лежерност, меѓутоа од медицинска гледна точна, улошките се подобри, бидејќи има слободен проток. Мада, тампоните ако се користат правилно, нема никаков проблем.

За тие што ќе се решат за тампони, треба да знаат дека никако не смее да се носи еден тампон повеќе од 3-4 саата во континуитет, без разлика дали е обилно или не крварењето, бидејќи се развиваат бактериски инфекции. Во таков случај постои ризик од јавување на т.н. TSS (toxic shock syndrome), кој што може да биде фатален, доколку не се лекува на време. Симптомите многу наликуваат на грип: омалаксаност, болка во мускулатурата, главоболка, дијареа, висока температура. Така што, ако некоја киксне и го носи подолго време и се јават овие симптоми, под инто на лекар.

Затоа внимателно, редовно менување, измивање по неколку пати на ден и со чисти раце маневрирање.
 
Тампони - далеку похигиенски, покомотно и попријатно :olee:

Имам користено и едното и другото, ама од кога пробав со тампони нема шанси да им се вратам на улошките, евентуално секојдневи кога крварењето е минимално и нема потреба од ставање тампон
 
Абе какви тампони, какви инфекции, нема причина да се рискира.

Нормални влошки, по можност од природен матерјал.
Ако има потреба и две ќе споиш, и готово.
А инаку шо велите дека ако не носиш тампон не можиш да се капиш, јас секогаш се капам и немам гајле. И ту се имам консултирано со гинеколог, ми рече само во базени и гнасни води да не влегвам во тие денови,инаку ако е чиста водата(морето,езерото) нема гајле.
 
каков тампон бе, еднаш пробав ( башка неам односи(незнам колку има везе ама од кажување)) и се осеќав ко споменик, ни лево ни десно со газот, седнував ко инвалид, а за да станев рака ми подаваше другарка ми :) се осеќав како да имам движечка чачкалица во мене ... а и имам читано за тоа токсичен шок за малце до смрт....
а бе нема ли влошки! олвејс сензитив пократките и потенките за дење а подолгите за навечер и гајле неам!
 
Влошки ... досега немам употребувано тампони и немам намера да почнам да употребувам ( еднаш сакав да пробам,ама страв ми беше да го пикнам :):):) )... тампоните се добри ако имаш добиено на одмор а сакаш да се капиш,ама ако добијам на одмор нема да се капам и готово...и плус сега со овај токсичниот шок ме доуплашивте,така да ... дефинитивно влошки :)
 
Влошки дефинитивно, не обожавам тампони некако неубаво се чувствувам.
 
каков тампон бе, еднаш пробав ( башка неам односи(незнам колку има везе ама од кажување)) и се осеќав ко споменик, ни лево ни десно со газот, седнував ко инвалид, а за да станев рака ми подаваше другарка ми :) се осеќав како да имам движечка чачкалица во мене ... а и имам читано за тоа токсичен шок за малце до смрт....
а бе нема ли влошки! олвејс сензитив пократките и потенките за дење а подолгите за навечер и гајле неам!
Има врска,ако некој немал сексуални односи до сега можи да си го скини хименот со тампонот.Имам читано дека не се препорачува на девици.
 
...и се осеќав ко споменик, ни лево ни десно со газот, седнував ко инвалид, а за да станев рака ми подаваше другарка ми :) се осеќав како да имам движечка чачкалица во мене ...

Ова е типичен пример на лошо поставен тампон. Ако се постави правилно не се чувствува воопшто, нема нелагодност, боцкање, триење или било каква друга дразба. Едноставно кажано, ако не го чувствуваш во тебе, тогаш знаеш дека е правилно поставен. Ако и малку го осеќаш, тогаш не е ставен добро.

И девојки не се плашете, целта на мојот пост не беше да ве уплашам, туку да ви кажам дека треба одговорно да се користат. Напишав убаво, доколку тампоните се употребуваат правилно, со редовно менување на секои 3-4 саата, измивање и хигиена на високо ниво, тогаш нема никаков ризик. И ова не важи само за тампони, и влошките го изискуваат иститот третман. Единствената разлика е што влошките се полесни за ставање, ама еднаш кога ќе се стекне рутина со тапмоните, тогаш и тие се 2сек. работа. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom