Мамење на тестови?

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Дали сте мамеле на тестови?

  • Секогаш!

    Гласови: 295 31,1%
  • Се случувало...

    Гласови: 584 61,6%
  • Никогаш!

    Гласови: 69 7,3%

  • Вкупно гласачи
    948
Mамење на тестови е шабанска работа и го расипува имиџот. Не сум мамел на тестови туку по тестот ќе појдов кај професорот и ќе ја договоревме цената.
 
Mамење на тестови е шабанска работа и го расипува имиџот. Не сум мамел на тестови туку по тестот ќе појдов кај професорот и ќе ја договоревме цената.
аман бре, одма послем тест договаравте. то обично на крај година се пазарат за оценки :D
 
аман бре, одма послем тест договаравте. то обично на крај година се пазарат за оценки :D
Така прават пролетерите и работничка багра кои чипчат секој денар и се ценкаат на крај за топтан тестови да добијат попуст. Јас сум господин човек и плаќам одма.
 
Не сум мамела од второ одделение. Беше тоа прв и последен пат јас да препишувам на тест. Математика, собирање и одземање до 20. Не знаев колку е 20 минус 13, па „погледанав малку“ кон тестот на детето до мене. А сега, јас сум една од најдобрите во генерацијата (најверојатно и најдобра), а тоа дете не е некој добар ученик.:P
Јас додека да направам ливчиња, пишувајќи на нив ќе го научам материјалот. Па така, не ми е потребно тоа. А и ќе ме откријат. Не ме бидува за вакви работи...
А другите се многу вешти. Една, раскажува историја. никогаш не би помислила дека чита од учебникот (се зачудив кога ми рече). Или пак, на тестови...

Често поткажувам на други ученици...Затоа и многу често си имам ситни проблемчиња на со наставниците.
Не можам да опишам колку мразам бубалици кои кога ќе видат некој да препишува, креваат рака и со прво-одделенски глас кажуваат дека тој и тој препишуваат. Сериозно...Што добиваат од тоа што ќе клеветат?
 
Да бе и гарант си уште невина :icon_lol:
 
Во основно образование беше интересно да се препишува или поинаку кажано почитувана фацка си од соучениците ако можеш туку така да си поминеш,хахах лабав си.Сега,да,оние малку поодговорните можат да се најдат во ситуација да мораат да препишуваат,секој некогаш ќе му се случи да не биде подготвен,но тие во принцип си учат и се солидни ученици.Ако се малку глупички и крцкалчиња што обично се ќе седне некој до нив што е тутурутка ќе им се направи sweet friend и ќе си поминува солидно,како и оној што си учел.И јас бев глупа у основно,ама у средно веќе,после втора година почнав да си го ценам трудот.Нити препишував,нити пак дозволував некој да препишува.Умре таа солидарност.Убаво е да се биде солидарен,ама тоа да се цени.Сепак сме во свет кој функционира преку правилото - Секој за себе.И не само како ученик и како професор,реално,сериозен професол не би смеел да дозволи учениците да му препишуваат,а згора на тоа да ги наградува за тоа препишување.Пак ќе речам,зависи од авторитето на лицата,среќата,снаодливоста и врските што ги има.Тоа последното сјебува све.Кај што има сила,нема правдина.Во средно сметав веќе дека непостои солидарност со некои што мама и тато ќе им ги поправат единиците ,а тебе никој нема да сака да ти поправи 2 оценки што ти фалат да поминеш одличен,а уште помалку да ти ги стават по другите предмети реалните петки што биле све освен не петки.А,на факултет,веќе хаос е.Ако во средно ништо не се цени,тука уште помалку.Само во средно си можел да препишуваш,сега сите се демек многу сериозни од студенти до професори.Учи си и биди спремен дека тоа многу пати нема да се цени на начин на кој заслужувап,па дури и нема ич да се цени.Или едноставно не студирај воопшто.
 
Само еднаш во средно. Не дека се знаев, или дека не сакав, ама ја немав таа дарбата. Си знаев ќе ме видеа уште одма, не знаев како.. :D
Иначе тогаш си имав напишано формули на еден линијар дрвен на другарка ми, лом и го напраив а поклон и бил. :D
 
Еден обид имав ито неуспешен и од тогаш никогаш.

Физика праевме тест. Се имав научено, ко пет мин пред да влезиме децава велат, абе ова и ова задача паѓала, а мене ми беше означено в учебник демек не е то чудо за учење. И ја чкрапнав на едно малечко ливченце во случај да падни и фала богу ми падна пошто Марфи братучед ми е трет. И го решавам тестов фино лепо, одговарам се со ред и идам на крај кај задачата. Вадам ливчето, ја чкрапнав кроце кроце и си држам тупаница полна со ливче, а во меѓувреме фатив си проверувам одговорите. И така поминуваат 10-15 мин, неискусно и глупо детиште нема абер да го џитни ливчулето од глупата задча некаде. И едно време професорката-Дај отвори раката....БАП, едно ливченце...БАП кецо со налив в дневик, БАП се препотив после за да го напрам во петка.

Од тогаш ко се изгорива за прв и последен пат, никогаш повеќе не се осмелив.
 
Прва година препишував. Сега ми е страв ем срам ако ме фатат.
Средно не препишував, само математиика си ја вадев цела тетратка да се потсетам како оди постапката за решавање.
Се сеќавам електротехника у прва година средно ни даде тест да правиме со отворени учебници, џабе, имаше 33 кеца од 35. :-)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ~2A
Па можам да кажам дека цел живот сум препишувала. Не секогаш, ама доста.
Во основно не многу, повеќе усно се испрашувше, па се читаше од учебници, или се ѕиркаше од другарчето :D
Во средно највеќе препишував. Имаше професори кај кои не смееше ни да помислиш да препишуваш. Ама секогаш сум правела ливчиња зашто ми помагаа да учам. Се случувало и да не ми требаат иако сум имала шанса. Ама најчесто имам препишувано на предмети што не ме интересираат а мора да ги учиш нели.
На факс, за одредени работи имам препишувано. На пример дефиниции и слично. Или предмети со теорија само.
Не гледам на препишувањето како нешто лошо. Да ни беше системот на учење различен веројатно и не би препишувала. Ама има некои наставници/професори што не ни пробуваат да објаснат за да сфатиш туку битно они да си дојдат да си предадат и ги боли дали си сфатил или не. Или па некои бараат од збор до збор да учиш. Епа иди не препишувај после. Оние предмети кои ми биле интересни сум пробувала да ги сфатам. Али најбоље ми било кога имам наставник/професор кој сака да те научи, да ти е мерак да учиш.
Иначе ме имаат фатено 2 пати мислам, во средно :D
 
многу лесно ке испечатиш ливче со мал фонд на букви и ке го залепиш одоздола на патиката, кога ке имаш добра прилика ке ја ставиш ногата на колено и другарот до тебе ке препишува и обратно :LOL::vozbud::нинџ:[DOUBLEPOST=1401038977][/DOUBLEPOST]Еве и уште еден начин кој многу успева, ке испеќатиш ливче и за време на тестот ке седнеш врзнего кога ке треба да препишиш само рашири ги нозете и готово решен проблем ! :drk::drk::drk::drk::drk:[DOUBLEPOST=1401039231][/DOUBLEPOST]:)[DOUBLEPOST=1401039298][/DOUBLEPOST]
Еден обид имав ито неуспешен и од тогаш никогаш.

Физика праевме тест. Се имав научено, ко пет мин пред да влезиме децава велат, абе ова и ова задача паѓала, а мене ми беше означено в учебник демек не е то чудо за учење. И ја чкрапнав на едно малечко ливченце во случај да падни и фала богу ми падна пошто Марфи братучед ми е трет. И го решавам тестов фино лепо, одговарам се со ред и идам на крај кај задачата. Вадам ливчето, ја чкрапнав кроце кроце и си држам тупаница полна со ливче, а во меѓувреме фатив си проверувам одговорите. И така поминуваат 10-15 мин, неискусно и глупо детиште нема абер да го џитни ливчулето од глупата задча некаде. И едно време професорката-Дај отвори раката....БАП, едно ливченце...БАП кецо со налив в дневик, БАП се препотив после за да го напрам во петка.

Од тогаш ко се изгорива за прв и последен пат, никогаш повеќе не се осмелив.

:) тоа ти е истото ми се има случено
 
Последно уредено:
Здраво на сите.
Ние сме тим кој изработува различни видови на трудови, со цел на ви помогнеме на вас учениците и студентите. Нудиме изработка на:
- Магистерски трудови
- Специјалистички трудови
- Дипломски трудови
- Семинарски трудови
- Проектни задачи
- Изработка на CV + Мотивационо писмо
- Мини есеи и истражувачки проекти
- Табеларно прокажување на податоци
- Power point Презентации
- Биснис планови за средни училишта и факултети
- Анализа на случај
- Спроведување на истражување
- Трудови на слободна тема
- Анкетни листови
- Прашалици
Сите кои се заинтересирани треба да не контактираат на следниот линк (фб страна) :
ЛИНК
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom