П
Паспарту
Гостин
прво честитки за играчите...
иако пласманот во баражот е најбитната работа, сепак од играта не сум задоволен, посебно не од второто полувреме. едноставно немаме сили за цел натпревар, играчите играат само едно полувреме и потоа се губат. мора многу да се работи со нив и на психлошки и на физички план. исто така имам забелешки и на дел од играчите кои играа, а според мене местото не им е во репрезентација (филип лазаров и ѓорѓоноски). овој првиов премногу солираше, а ништо посебно не направи, а овој вториов единствено што забележав од него во овие два натпревара беше тоа што ги испотепа сите португалци и имаше 4-5 исклучувања. некој ги спомна судиите, судиите си судеа одлично! немаа ниту една поголема грешка што влијаеше на резултатот, камо среќа и во иднина да имаме вакво судење
и за крај, португалија не е слаба репрезентација. последниве 10 години е учесник на сите светски и европски првенства, има поголем рејтинг од нас и влезе како фаворит во овој дуел и затоа постови од типот ако игравме вака со португалија, којзнае како ќе играме со шпанија се во најмала рака смешни. сега следува баражот, односно нашата најболна точка... сите можни противници се силни репрезентации, но кога би имал можност да бирам тоа би била црна гора
со неа сме тука негде рамо до рамо во квалитет, сите други би биле фаворити против нас, на хартија нормално 



