Трговскиот дефицит достигна 762 милион долари

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.098
Веб-сајт
www.kajgana.com
Не запира галопирачкиот раст на трговскиот дефицит. Најновите статистички податоци покажуваат дека за осум месеци, од јануари до август - дефицитот достигна фантастични 762 милиони долари.
Со ваквиот тренд на раст, од месец во месец станува извесно, дека и годинава дефицитот ќе го урне минатогодишниот рекорд од една милијарда и 200 милиони долари.
Споредено со осумте месеци од 2004-та, годинава за истиот период дефицитот е помал за само 20 милиони евра - сума што сериозно не може да ја измени сликата за минусот во трговската размена.
Експертските прогнози велат, дека Македонија 2005-та ќе ја заврши со досега неславен рекорд од милијарда и 300 милиони долари.
Главното мерило за успешноста на економија - дефицитот, загрижувачки почна да расте во 98-та. Максимум достигна лани.
Дел од експертите сметаат, дека клучот лежи во промена на курсот на денарот. Заедно со моќни бизнисмени заговараат пофлексибилен курс, како начин да се зголеми извозот.
Дел пак од експертите, јавно критикуваат дека фрапантните негативни бројки за дефицитот се резултат на погрешната буџетска политика, што со години наназад ја водат партиите што ротираат на власт.
 
На 05-08-05, во 20:33 часот сум испратил пост дека дефицитот до тој ден бил 574 милиони долари.
Зарем е можно за толку краток период да се зголеми или аналитичарите проголтале стотици милиони во нивните пресметки :icon_roll

Мислам дека сме рекордери во овој поглед.
 
Што би значело дека за 3 месеци сме отишле во була уште 188 милиончиња! Уау, аирлија.

Што има на ова да изјави мис yin yang?
 
naster1 напиша:
а, бре зашто сте толкова зле ? :)
и ние имаме доста голјам т'рговски дефицит 2,7 милијарда долара мислја че беше така че по тоја показател не можеш да се похвалиш пред македонците
 
mitko2848 напиша:
и ние имаме доста голјам т'рговски дефицит 2,7 милијарда долара мислја че беше така че по тоја показател не можеш да се похвалиш пред македонците

е така е ... да се надјаваме че тази година ште е по-добре . Аз си мислам дека сега имаме многу повече инвестиции во Србија да речем ...
Тамо ние сме како Г'рција и Турција са за нас ;) ова е добро !
нема само нас да ни завладјават икономически , ја !
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom