Мистичен
Човек
Не запира галопирачкиот раст на трговскиот дефицит. Најновите статистички податоци покажуваат дека за осум месеци, од јануари до август - дефицитот достигна фантастични 762 милиони долари.
Со ваквиот тренд на раст, од месец во месец станува извесно, дека и годинава дефицитот ќе го урне минатогодишниот рекорд од една милијарда и 200 милиони долари.
Споредено со осумте месеци од 2004-та, годинава за истиот период дефицитот е помал за само 20 милиони евра - сума што сериозно не може да ја измени сликата за минусот во трговската размена.
Експертските прогнози велат, дека Македонија 2005-та ќе ја заврши со досега неславен рекорд од милијарда и 300 милиони долари.
Главното мерило за успешноста на економија - дефицитот, загрижувачки почна да расте во 98-та. Максимум достигна лани.
Дел од експертите сметаат, дека клучот лежи во промена на курсот на денарот. Заедно со моќни бизнисмени заговараат пофлексибилен курс, како начин да се зголеми извозот.
Дел пак од експертите, јавно критикуваат дека фрапантните негативни бројки за дефицитот се резултат на погрешната буџетска политика, што со години наназад ја водат партиите што ротираат на власт.