Тоа што не ме убива, ме прави посилен

  • Креатор на темата Креатор на темата Тамарче
  • Време на започнување Време на започнување
Едно време онака коа ќе бев поразен тонев паѓав во депресии али не повеќе.. сега сето тоа ме прави посилен да ја исправам грешката и за друг пат да си знам да не ја правам истата грешка.. никогаш повеќе нема да се случи да ако паднам т.е. ако бидам поразен да сметам дека тоа е крај на светот туку главата горе со нови сили продолжувам понатаму :)
 
Ќе цитирам еден член со неговиот топик: What doesnt kill ya, makes you wish it had.
И искрено, повеќе смисла ми има отколку насловот. Одсекогаш сум ја мразел реченицава.
 
"Треба" секој неуспех или секој проблем да биде мотивација за успех или за решение на проблемот...
ама проблеми непостојат... една работа во твојта глава колку ја вреднеш толку ќе биде вредна истата таа... ако неуспехот не е вреднат или не е одвоено врме за него тоа не е неуспех... ќе потоне со тек на времето...
 
до сега имам исдржано многу психички и физички болки, многу разочарувања, многу неубави моменти. детство скоро и да немав, морав пребрзо да влезам во светот на возрасните, меѓутоа тоа не успеа да ме убие, иако неколку пати бев на работ.

всушност, сите овие лоши работи ме направија многу посилен, постабилен и помудар од повеќето луѓе. јас сум човек ко јзнае да учи од минатото, така да, мислам дека нема нешто што може да ме победи, освен јас самиот себе си да се победам.

тоа што нема да те убие, ќе те направи посилен, е точна реченица, но само доколку и вие имате воља да продолжите напред.

доколку паѓате лесно во депресии, нема многу надеж за вас, освен некој да ви удри еден добар мотивирачки долг разговор, за да видите дека се е до вољата за живеење, односно, се зависи од самите вас, како ќе се поставите пред проблемот - дали како победник или како победен
 
Од грешките се учи.
Од животните падови се станува.
Од изнемоштеноста од животот пак може да се застане цврсто на две нозе.
Од животните крстосниците се одбира текот на животот, потребни се правите патокази...
Секое изгубено нешто може да се најде или да се замени.
Скршеното срце се лепи (лечи)
Неуспесите се илузија.
Надежта е храна потребна за животот.
 
шо и да е ќе помине....ехх колку работи ми го раниле срцето ама после со помош на тоа што сум нашла решение подобро се снаоѓам и самодовербата ми е на едно доста задоволително ниво....
 
Eте го мојот потпис,ме опишува потполно:pipi:...сум имала многу падови,разочарувања во љубовта,од друштво,и од личноста од која не се надевав дека ке ми го стори најподлото нешто,да ми забие нож во грб и да ме остави кога ми е најпотребен.Но сепак сум успевала да се справам со се.Продолжувам понатаму,времето лечи се,иако некогаш сум имала моменти во кои сум била потполно предадена на тагата и болката.
 
Тоа што нема да ме убие ќе го убијам јас:)
Било емоција, ситуација, врска со некого... Тоа е единствениот начин да продолжиш понатаму жив, здрав и со нечепнат разум. Дали ме прави посилна не знам...
 
Не, туку ти ја уништува самодовербата полека но сигурно и те доведува до депресија. Клинички докажано.:toe::smir:
 
Не, туку ти ја уништува самодовербата полека но сигурно и те доведува до депресија. Клинички докажано.:toe::smir:

Од тебе зависи дали ке се препуштиш на депресијата а тоа дека ти ја уништува самодовербата е точно,после тешко да си ја повратиш.
 
Нема човек кој нема во својот живот преживеано падови и подеми, па така и јас.Не знам дали сум посилна после секој пад, но настојувам да извлекувам некоја поука за да идниот не биде пад од многу високо:pipi:
 
Колку само е точна темава. А откако не ме уби Среќко, ме направи толkу силен, штиo ни Чак Норис(a.к.а. Нешко) не може со мене! :kickbox:
 
Едноставно поразот ќе ти наведе во некоја идна, слична ситуација, малку повеќе да размислиш пред да дејствуваш. За посилен, нема врска.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom