Тоа што не ме убива, ме прави посилен

  • Креатор на темата Креатор на темата Тамарче
  • Време на започнување Време на започнување
Јас Имав Мн Порази,Но Ме Направиа Само Посилна!:wink:
 
Факт е дека секој човек е осуден (да речам) на падови...нема некој што не доживеал некој пад па макар за некои тоа да е гола вода(да им изгледа смешно и апсурдно), но за личноста да е голем товар и преголемо разочарување...
Од секој пад мора да го извлечеме она позитивното, да научиме нешто, да излеземе од бедовите и да продолжиме понатака во животот, посилни и повнимателни...
 
Тоа што нема да те убие големи се шансите да те направи инвалид:toe:
 
Тоа што нема да те убие големи се шансите да те направи инвалид:toe:

хм...па да може да ти остави огромни дамки што ни вениш нема да направи да исчезнат, но со текот на времето ќе се научиш да живееш со тоа(исто како што инвалидите се помируваат со својата судбина), и да не се фрлаш во депресии поради нештото...него да прифатиш дека тоа е така и дека треба да гледаш напред...
 
Тоа што нема да те убие големи се шансите да те направи инвалид:toe:

Да те направи инвалид? Само ако и претходно си бил слабак.
Секогаш одам со спартанското, некои работи едноставно мора да се издржат и да се поминат и нема размислување зошто, како, што, нема сакам-не сакам, има само МОРАМ! А, кога веќе мора да се поминат, од нив мора да се извлече најдоброто и да се научи нешто (да, да, знам дека звучам како бабите, ама тоа е факт). Така се кали челикот, така се оформуваат луѓето, добрите работи кои се случуваат ретко те прават подобра личност. Поразите се релативна категорија. Од секоја ситуација може да излезеш како добитник ако размислуваш така. И најтешките моменти секогаш сум ги прифаќала без депресија и сум барала начин и причина да се насмеам и да преминам преку тоа, зашто ако седнеш и плачеш "леле што ми се случи" губиш уште повеќе. Значи, најдобра филозофија се наоѓа во една песна од игра што ја игравме во прво-второ одделение "избриши ги солзите, погледни во сонцето и насмевни се" :)
 
Потполно се согласувам со вас, само што повеќето стекнале траен инвалидитет од поразите и се откажале...ретко кој учи од поразите...:smir:
 
Успешните луѓе повеќе пати имаат доживеано неуспех, затоа што со неуспехот човек се вежба да дојде до успех. Погодената мета со стрела е резултат на повеќе неуспешни обиди да се погоди со стрела таа мета. Се е искуство и се е вежба.
 
Епа види вака...после секој пораз нормално е да се чувствуваш бедно и да ти изгледа дека светот се срушил, но откако ќе се соземеш, сфакаш дека сеуште си жив и треба да се бориш, да глеаш напред и уште да живееш(на пример некои инвалиди и покрај тоа што знаат дека не можат да речеме повторно да се кренат на нозе сепак се трудат да успеат во тоа и некои успеале)...и мислам дека многу луѓе учат од поразите и стануваат посилни понатака(меѓутоа секој пад во животот е различен и тежок на свој начин)...
па не е некој будала да запаѓа константно во амбис...
 
Тоа што не ме убива, ме прави посилен....

Никогаш не сум размислувал вака, а и нејкам многу да ја анализирам реченицава...Никој не ја знаеше дур не искочи песнана на Кејн Вест...така да, тоа што не ме убива, ја го убивам.

Фала.
 
A aко збориме во буквална смисла?
Ако некој те застрела а не те убие, ти од прострелната[ите] рана[и], ќе станеш посилен?

Поразите не те прават посилен. Ти ја убиваат самодовербата.
Не знам каде прочитав: What doesn't kill you, makes you wish it had.
 
Оф-топик: нас ни требаше песната на Кејн Вест за да ја откриеме демек тајнава фраза...која што е од памти век и не знам некој што не ја знае...

Па ако си слабак со психата афкорс дека ќе ти ја уништат самодовербата...меѓутоа реков после определен временски период сфакаш што е како е и го нема тоа чувство на нарушена самодоверба...се стабилизираш и си викаш вака вака и така...и стануваш посилен на некој начин, во некој аспек во животот...
 
Па ако си слабак со психата афкорс дека ќе ти ја уништат самодовербата...меѓутоа реков после определен временски период сфакаш што е како е и го нема тоа чувство на нарушена самодоверба...се стабилизираш и си викаш вака вака и така...и стануваш посилен на некој начин, во некој аспек во животот...


Ретко кој се опоравува од психички пораз. И тоа, не зборам за ако дечкото ти раскине или ако ти се скрши ноктот, зборам за големи, вистински психички порази, тешки семејни проблеми и такви работи.
Верувај, не е така лесно да пребродиш трауматичен настан.
 
Шознам... кај мене би му дошло..

Тоа што ме убива, дефинитивно ме убива :)
 
Самото сознавање дека постојат проблеми кои можат да те "бутнат" и пребродувањето на тие проблеми создававаат механизам на одбрана кај човекот кој понатаму низ живот многу потрезвено и со поголема предострожност им приоѓа на работите. А исто така и увидуваш дека си имал сила да ги пребродиш проблемите што кај најголем дел од лугето делува позитивно на нивната самодоверба.
 
Ретко кој се опоравува од психички пораз. И тоа, не зборам за ако дечкото ти раскине или ако ти се скрши ноктот, зборам за големи, вистински психички порази, тешки семејни проблеми и такви работи.
Верувај, не е така лесно да пребродиш трауматичен настан.

Девојко те сфатив...и јас зборам од аспект на тешки падови...но очигледно не ја сфаќаш суштината на тоа што го коментирам...било каков да е падот, секој различно го доживува, за некој тоа е апсурд за некој тоа е претешко нешто....и сметам дека после секој пад ако не умреш од нервози и депресии, се помируваш со тоа и иако ти остава голема рана што боли, сепак стануваш посилен...не велам дека е лесно...
Во врска со ублажување на психичките проблеми,доколку во опшествово нема предрасуди, верувам дека секој 2 граѓанин би посетувал психијатар за да ги преброди истите
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom