Дека христијанството е „старо„ 2 000 години, знаеме од календарот, кој го брoи времето од првото Христово дoаѓање па се до денес. Значи, ПРОВЕРЕНО занеме за тие округло, 2 000 години. Дека Вселената е стара 8 000 години, тоа е ПРОЦЕНКА а не точна цифра од Светото Писмо. Бројката е добиена според животот од членовите од Христовиот родослов, сметано ретроактивно од Христа па се до Адам, плус овие 2 000 години од Новиот Завет. Да се има во предвид дека некои членови од родословот НЕ СЕ земени во проценката, поради нивното недолично однесување и не се споменати во родословот Христов. Затоа и бројката од 8 000 години е ПРОЦЕНКА а не проверена вистина. Во краен случај, може да се види дека во Писмото НИКАДЕ не е спомената ниедна година, зашто ВРЕМЕТО не е категорија со која Светото Писмо се занимава. Точните години се одредени според записи од квалификувани историчари , односно историски архиви и документи од минатите времиња.