Дали забележувате ситници и настани во моментите кога сте со некој?

  • Креатор на темата Креатор на темата cry_baby
  • Време на започнување Време на започнување
...и настани...би додал кон насловот.

Нит јас памтам нешто посебно датуми, нит девојка ми, нема некое влијание тоа кај мене.
Но, некои мааали ситници кои сум ги направил одамна, знае и тоа како да ми ги качи на глава ако се "спукаме" некогаш...:)
 
Памтам датуми, места, песни и се нервирам кога другиот не памти па морам јас да го потсетувам:tapp:
 
Имам мноогу добра меморија и несвесно ги паметам сите работи.. Кога се случило.. Како..На која песна..Па дури и во што бил облечен..:toe:
 
Премногу, дури некогаш го наоѓам и болно. Ги памтам скоро сите датуми на некоја поважна(за мене) случка со таа личност, но и то како била облечена, што рекла во некој одреден момент, кој потез го направила со главата и слично. Треба да се одвикнам по можност.
 
Да, и тоа до најситни детали. Порано ме повредуваше ако забележев дека партнерот не се сеќава на некои ситници кои мене ми се чинат значајни, но со време сфатив дека станува збор за особина која не е карактеристика секому и дека нема многу врска со длабочината и искреноста на емоциите.
 
Па забележувам доста, но најмногу разговорот го памтам, ништо не може да ми избега, во детали скроз, а и атмосферата ја памтам :smir:
 
Страшно памтам само датуми.

Друго и не памтам баш мног многу освен ако стварно ми оставило добар впечаток.
Никако да сфатат дека не памтам имиња!
 
Ситници и настани памтам многу датуми не толку ама случки ептен памтам макар и не толку важни...
 
Кога љубам, како што љубам сега..
Се` ми е заматено, со главата сум во облаци, со телото на немилост.
Нема нешто кое не ми се бендисува кај неа, за кое би ја споредил да си речам.
Не е таа со никоја за на терезија.
Прекрасна е мојата најмила, единствена и најубава.

Ситници забележувам се рабира, кои и се важни, кои на нас ни се важни.
Забележувам како се смее, како кога ја дупам фацичето и изгледа, како телото и реагира.
Ситници се тоа, но значајни.
 
Хе...преска со мојата омилена шмекерица си зборевме за ова. Да, забележувам ситници и памтам моменти...
 
Јас сум анализатор тежок, ама повеќе во однос на нечии постапки и изјави, отколку на ситници што ме опкружуваат кога сум со некого. Мене ми е поважна општата слика, отколку тоа која песна идела во позадина, како ја напрчил устата кога ми рекол те сакам или што носел на нашиот прв састанак. Такви работи нит забележувам нит памтам, а истото важи и за некои датуми, бројки и слични нешта поврзани со партнерот, кој и не ми се баш важни, зошто по природа сум прагматична и поважни ми се битните целини отколку одделни ситници.
 
Многу ги забележувам таквите ситници, од малите до најситните работи кои се случиле во почетокот, а и во текот на врската.
Памтам каде сме биле, која песна била, што сум носела, што носел, што сме порачале, како отпивал од пијалокот, како му била наместена косата, како се однесувал со мене...
Ми значат тие работи, убаво ми е што ги памтам и што секогаш кога ќе ми текне на тие работи имам насмевка на лицето.
Со тие мали ситници стануваме побогати, имаме поубави спомени кои не прават среќни...
 
Да,да дефинитвно, за такви работи сум ситничар ептен. Забележувам буквално се. Можеби така не изгледа кога некој би ме набљудувал од страна, ама памтам буквално се. Кој во што бил облечен, која песна идела кога сум и се пуштал на цура, или коа сум бил со неа, буквално се.
 
датуми деној не памтам ама ситници туу премногу... и премногу ситници забележвам само не секогаш ги кажвам (читај скоро никогаш). секој детал од муабет на пример го памтам како се одвивал, каде итн итн ...
 
ma daaaaa/jas sum golem perfekcionista taka da primetuvam se sto e okolu mene i trajno ostanuvaat tragi vo mene za toa sto sum go videla i mene mnogu mi znacat sporednite raboti toa go primetuvam se pocesto vo skoro vreme .Smetam deka ne tolku bitnite raboti se oni koi najmnogu ni znacat vo tekot na zivotot i zasekogas ostanuvaat da bleskaat vo nejkoj del od nasata memorija .
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom