Нова ГОДИНА - леле шо ќе облечам?

  • Креатор на темата Креатор на темата Tanes
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
ЈАс си купив. За првата вечер сукничка црна со како жолто болеренце горе, а за втората црни панталони со како портокалово црвено со кругови болеренце многу слатко. А на нозе и двете вечери ќе носам црни чизми.
en.gif
 
Ете некои интересни комбинации за женската нација за таа прилика.
...нормално,доколку не се склони кон типичниот златно-сребрен новогодишен кичерај. :pipi:

Serendipity.jpg
6s6bs5e.jpg

717nucj.jpg
726z4m9.jpg

7wqcoid.jpg
6okjrrt.jpg
 
Ангелке, ништо од ова не ми се бендиса мори чупале :krkr:

Иначе си зедов едно фустанче со сребрено, и црни пуфкасти чизми на штикла, со сребрени синџирчиња.
А за втората појма неам:toe:
 
за оваа прилка одбрав црно-бела комбинација: црни панталони и црна кошула, со бело елече на V без ракави... а како надополнување ќе ставам некое сребрено, ненападно ланче на врат... уште се двоумам што да обујам: црни кондури или бели патики... ај хелп од експертите :smir:
 
Исто и јас, црно-бела комбинација.. бели патики со црни шари, црни откачени панталони и бел дуксер, во комбинација со некоја алка/ланче :wink:
 
Јас си се стокмив за нова година без да дигам многу галама околу тоа,така подмачкано одеше се...црна,подолга блузичка,хеланки црни,црни чизмички...:cool:
 
Не дека не се замарав ич али онака..смислив што сакав да носам излегов не најдов тоа што сакав:tapp:..Прошетав ,разгледав најдов друго купив и ете спремна за Нова..А за вториот вечер се наоѓа нешто по дома што никогаш не сум облекла...
Прва вечер црни панталони уз нога ,мајче и чизми..за вториот ке видиме:pipi:
 
Не се замарав многу со тоа.Ќе облечам фармерки и или кошула или една понова блуза и така.
 
за оваа прилка одбрав црно-бела комбинација: црни панталони и црна кошула, со бело елече на V без ракави... а како надополнување ќе ставам некое сребрено, ненападно ланче на врат... уште се двоумам што да обујам: црни кондури или бели патики... ај хелп од експертите :smir:

Бели патики,многу нормално. :pletalka:
 
Латас зависи колку години имаш.Ако си 25 па нагоре,јас гласам за кондури,а ако имаш до 25 патики.
 
Јас се оптоварувам со облека и до продавница кога одам, па сигурно нема да отстапам кога ќе излезам да се издувам на 1-ви ... значи не да ја славам новата година. Обично секоја облека што си ја купувам ја носам и преку ден, па немам фазла парче облека што ми е така посебно за вечерни излегувања мамата. Мора да се купи нешто, што во никој случај нема да е светкаво и од 2cm. Да искористам уште една прилика да се подновам де ...:podsmev:
 
Лелее луѓе што ви читам од подтовиве се зачудив. Што толку сте се затрескале што ќе облечете и слично. Бапнете првото при рака што ќе ви дојде и оди славите. Не идете вие да славите само за да ве видат во добра облека или слично туку одите за да прославите со другари. А и најважно е на блиските односно другарите да им се допадне, а впрочем ако се праци другари секогаш ќе им се допадне што носиш, а за пред друг да се фалите не знам што е толку интересно. Еве пример јас веќе знам што ќе носам, немам купено ништо ново освен само една блуза друго све ќе биде од гардеробата што ја имам во моментот.
 
Грешка си. Најважно е самата на себе да си се допаднам, а за тоа ете, ми треба подновување. Па, што би рекла Скул - шут ми.:vozbud:
 
Бели патики,многу нормално. :pletalka:

Латас зависи колку години имаш.Ако си 25 па нагоре,јас гласам за кондури,а ако имаш до 25 патики.
фала за советите:smir:, и јас мислев патики да облечам, а вие ми потврдивте... иначе имам 17 и пол години :)
 
Што е ИН оваа Нова Година?

Значи каква боја ке преовладува оваа Нова Година? Мислам не е убо сите у иста боја, но лани некако лиљаковата беше така ИН. И што ке носите за Нова Година?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom