Еве сме пред Вас собраќа Македонци, драги пријатели и поддржувачи, едно Господово лето по нашето појавување на Интернет мрежата.
Една година не е можеби некое време, но не е ни малку ако некој си поставил јасна визија и цел со решеност која преоѓа во своевиден фанатизам. Не е малку и ако се што е поставено тука е така одбрано и цврсто да е доволно да разбива многу туѓо-пропагандни страни за кои нашите негатори потрошиле купишта пари, време и труд. Во некоја линија и на тоа целевме – да бидеме базна храна со материјали за борба на македонските форумаџии каде и да се пресретнат со нашите негатори.
Сепак основно ни беше – мобилизација за сочувување на нашето национално име, нашата историја но и нашата иднина, воопшто се што е наше македонско. Пред една година, Г-нот Нимиц го очекувавме да дојде на 03.XII.2008 год., за да ни го “менаџира” името, а на 01.XII.2008 год. излеговме со
www.macedonium.org свесни дека ни претстои битка и за свеста на нашите преговарачи и позаспани поединци. И кој пак преговара така лесно за најсуштествената и најсвета работа – своето име?!
На почетокот рековме...
Во склад со нашето време, можности, способности, вештини и умеења постојано ја доградуваваме и доградуваме
www.macedonium.org со нови содржини – најразлични материјали, документи и коментари. Во ова имаваме и имаме помош и од Вас со Вашите мислења, коментари, материјали и искуства за што искрено Ви благодариме. Настојуваме и да поставуваме документи и факти кои се недорасветлени или воопшто не биле на увид на јавноста а кои ја даваат вистинската димензија на она што ни го правеле нашите негатори. Од тоа и најдобро се сознава зошто тоа го правеле тогаш и зошто тоа го прават и денес. Затоа и Ве запознаваме дека ќе следат уште посилни материјали, документи и факти кои се разработуваат, поготвуваат и распоредуваат по категории.
До тогаш нека ни е честит РОДЕН ДЕНОТ и нам но и Вам сите кои не читате, следите и консултирате со Ваши мислења и совети.
-------------
Macedonium
http://www.macedonium.org
macedoniummk@gmail.com