Dr_ViRuS
DarkSide with green light
12,3 милиони евра за ЈСП, доизградба на стадионот и за зоолошката
Владата донесе одлука да издвои 12,3 милиони евра за ЈСП Скопје, за доизградба на Градскиот стадион, за зоолошката во Скопје и за индустриската зона во Битола.
Премиерот Никола Груевски на денешната прес-конференција соопшти дека на ЈСП Скопје до крајот на месецов ќе му бидат префрлени 4,4 милиони евра за купување 45 до 50 модерни автобуси, а за реконструкција и модернизација на зоолошката градина наменети се 700.000 евра.
„Владата ќе инвестира околу 4,4 милиони евра за купување на околу 45 до 50 автобуси во градскиот превоз во Скопје. Средствата за ова ќе бидат обезбедени веднаш, во наредните 20-тина дена и ќе бидат префрлени на Јавното градско претпријатие, по што истото ќе може да започне тендерска процедура“, изјави Никола Груевски.
„Владата изнајде средства за инвестирање на приближно на 700.000 евра во скопската зоолошка градина, за нејзина реконструкција и модернизација и осовременување по најнови европски стандарди“, додаде Груевски.
source : A1.com.mk