Гол против Реал М. исто како една година секс
Фудбалерот на Ла Коруња, Хулиан Де Гузман, се најде во центарот на вниманието на шпанската јавност изјавувајќи дека е подготвен на едногодишен целибат ако постигне гол на саботниот меч против Реал Мадрид.
Канадскиот интернационалец го постигна својот прв гол во Примера дивизион токму против Реал М., на дуелот во октомври 2005 година, и се надева дека истото ќе му појде од рака и в сабота.
- Ако успеам повторно да го совладам Касилјас, подготвен сум потоа цела година да немам секс. Едноставно, задоволството да му дадам гол на Реал Мадрид за мене е исто толку големо како и сексуалното уживање. Подготвен сум за целибат од цели 12 месеци, само уште еднаш да ја затресам мрежата на најтрофејниот европски клуб, изјави Де Гузман.
Овој фудбалер е еден од најстандардните во тимот на Ла Коруња, и ги одигра сите 90 минути на последните 22 средби на својата екипа.
- Од натпревар во натпревар играме се подобро, созреваме како екипа. Затоа, верувам дека сме способни да го изненадиме актуелниот шампион. Уште кога јас би постигнал гол, тоа би било навистина фантастично, заврши 26-годишниот канадски репрезентативец.