KoNtEjNeR
sapun
- Член од
- 19 декември 2005
- Мислења
- 2.306
- Поени од реакции
- 44
Животот ми стана најголема казна откако со еден непромислен потег ги заразив, а потоа ги погребав сопругата и двете деца, вели Конев
Никогаш нема да си простам оти со еден непромислен чин ги заразив и си ги убив двете златни деца и сопругата, вели 48-годишниот прилепчанец Стојан Конев, додека ги пали свеќите на гробот во кој почиваат неговите најмили. Од сида најпрво почина неговата сопруга Трајанка, а потоа синот Велјан и ќеркичката Даниела. Тој 14 години живее како носител на вирусот ХИВ.
- Животот ми стана најголема казна, откако си ја погребав фамилијата. Моја мисија е да ги поучувам младите да не се повтори мојата трагедија. Во мојот пеколен свет, малку ме одржува соработката со невладините организации за борба против сидата - вели Конев.
Негова секојдневна маршрута е патот од неколку километри до Новите гробишта во Прилеп, до каде оди пеш, како што вели, на средба со најмилите.
Конев ја донел опасната заразна болест во семејството во 1993 година. Прва од сида почина неговата 33-годишна сопруга Трајанка.
Потоа го погребал шестгодишниот син Велјан и на крајот болеста му го зела од раце, најмалото чедо, петгодишната Даниела, оставајќи го да се мачи со себеси, да проценува повеќепати дали да посегне по сопствениот живот или да живее и да се бори против ширењето на болеста за која се' уште нема лек.
- Сознанието дека сум ХИВ-позитивен го доживеав шокантно. Првин се откри кај сопругата, а потоа кај мене. Ѓаволот од мене ги пушти пипалата кај децата. Од глупост станав сениште и жив мртовец. Се' направив за да го спасам мојот семеен свет. Се борев сам, отфрлен од моето и од семејството на сопругата. Децата болни останаа без лек и храна. Заминаа гладни, со грч во стомакот. И тие што сакаа да ми дадат леб се плашеа да го донесат. Никој не ме сакаше. Бегаше се' од мене како ѓавол од темјан. Не сакаа ниту децата да ги погребат. Нема поголема болка на душата татко да кове сандак за дете и родител да погребува чедо. Бесен сум на себе оти сам си го уништив потомството. Но, опасната болест мене не ме зема. Ме остави да ме шмука капка по капка, додека ми пука душата поради страшната грешка - се прекорува Конев.
Граѓаните го изолираат од страв и од незнаење, а доживеал и закани и навреди.
- Ги оправдувам. Граѓаните не се виновни што не знаат за сидата и се плашат. Денот го врвам со мерење на улиците низ градот. Често плукнат и опцуен, осуден и прекорен. Да бев на робија, ќе имав повеќе контакти. Не се лутам. Малку е тоа за мене и малку е што не ме пуштаат во продавница за храна. Сепак, се снаоѓам и купувам во една - ја раскажува Конев својата болна животна приказна.
Последниве години е ориентиран на кампањите за борба против сидата. Одговара на секоја покана на невладини организации за вклучување во проекти за заштита од неизлечливата болест.
- На млади и на постари им ја раскажувам мојата несреќа и какви последици може да има од непромислен потег. Им нагласувам да се чуваат од заразата, таа не пребира свое или туѓо, мало или големо, деца или возрасни. Не сакам ниту душманот да го почувствува моето трагично искуство. Им препорачувам да ги користат сите заштитни средства - порачува Конев.
Тој планира да напише и книга за, како што вели, да го паметат генерациите да не тргнат кон бездната во која тој тоне. Конев прима само витаминска терапија и не верува дека ќ науката скоро ќе најде лек за болеста.
- Би сакал да се случи чудо, да се спасат многу луѓе - завршува Конев.