Да, го прочитав, сакав и да ти одговорам, ама друго ми одвлече внимание. Нормално дека никој ништо не може да те натера, но не секогаш треба некој да ти се закани со пиштол за да мораш да направиш нешто. Професорот вика, имаме карти, кој сака да оди, нормално е сите да сакаат да се покажат како добри ученици. Оние хард кор шо не ги интересираат оцени, одат за некоја девојка, или зашто сите одат, принцип на масата, “каде сите турци таму и јас“.
Знаеш, на работа, ако газдата рече, јас ќе одам утре да садам дрвце за денот на дрвото, никој не смее да каже дека е тоа за него идиотско, сите ќе дојдат да садат иако никој реално не ги принудил. Затоа велам и одењето на средношколците е со сила.