Малолетници во театар

  • Креатор на темата Креатор на темата Nemiseverue
  • Време на започнување Време на започнување
Што е мангупски да одиш во театар, да седиш на место и да гледаш глумци? Не е помангупско да си ја потрошиш истата петочна вечер со другарите?

А мангуп небеше чаршиски збор за дибек? о.0"
 
Не да има.И тоа мангупи што сакаат да се прават фраери а уствари излегуваат најголеми кретени.Па ако ти се иди ако не не иди.Некој таму сака да гледа а овој пошто му е досадно ја замара цела околина и дофрлува ко пензионер кога гледа фудбал,се смее на се живо и диво и ем ги деконцентрира актерите ем ја живцира публиката што иде да ја гледа претставата а не да ги замара сите.
А за опера и балет да не збориме.Тоа и безпари да ми ја дадат картата не идам.Ништо нема да ме натера да идам на тоа(освен 5 за крај на година:))
 
Неидам у театар. Ме иритира. Единствена претстава шо ја иам глеано во живо е мјузиклот на Бора Чорба пред богзнае колку години. Најдобро нешто на кое сум присуствувал.
Али жити се не драпај ташаци дека малолетниците у театар се вакви, се онакви. Истиот бон-тон што важи за у театар, важи и за во кино и за на предавања. А искуството за во кино и предавања и не ми кажува баш така. Факат дека има ретардирани малолетници, али старциве се даааааалеку по сјебани. Напуцале 50тина години и мислат господ за муда го фатиле. Ај шо им ѕвони телефон, туку, не го ни гасат, се Јавуваат! Муабет праат на сред предавање, муабет праат на сред ебан филм..
Глобализираш. Тебе искуството ти кажува едно, мене ми кажува сосема друго.... ќе се нагаѓаме сеа кој е у право?

п.с: под "предавања" немислам за предавања на факс.
Шо? :) Си гледал една претстава у живот и ќе ми држиш лекции. :pos: Ако си тинејџер не значи дека по секоја цена треба да ги браниш своите врсници. И сам знаеш дека најголем дел од нив се дебили. Нормално дека ти нема везе коментаров, со една претстава, шо поише би имал да кажеш?
Гладиус напиша:
Затоа реков дека не може да се генерализра. Само кажав каков пример имам видено јас.
Сепак стојам на ставот дека малолетните треба да одат во театар. Што од културна што од образовна причина.
Аман со тоа не може да се генерализира. Нормално дека може да се генерализира. Како што може и да се генерализира дека на секоја претстава има по еден возрасен опинок кој не знае дека треба да исклучи телефон. Малолетниците и средношколците во театар треба да бидат исфрлени, а не влечени по секоја цена. Сепак, не секој има граѓани родители, некои имаат изговор за родители што ги воспитува.
Rossonerka напиша:
Годинава сестра ми ме убедуваше да ми земе билет со нејзе да одам во театар и најпрво несакав ради галамите на претстави со средношколци, али прифатив ради тоа што билетите им се дупло поевтини. Иако сестра ми ме уверуваше дека нејзината генерација сакаат да одат во театар и учени се од професорката Смилјана, јас не верував. Ама стварно, тишина е и има нетипична атмосфера за средношколци во театар. Браво за нив сериозно, ме изненади што се културни! Да има повеќе такви генерации ќе биде многу добро. Но за тоа како што сум информирана е најзаслужна Смилјана, која мене за жал не ми предаваше...
Дај боже да се сменило нешто и овие копиљациве веќе да не одат. Во времето коа е отворена темава, тоа беше дебилизам обичен... идиотштина...
 
А мангуп небеше чаршиски збор за дибек? о.0"

Хм, ти мораш на све да ми ставаш капаче а? Мангуп, некој што се прави фраер. Не сме тука за да го дефинираме значењето на зборот.
Зошто би одел некој во театар ако не сака? Обично претставите се во петок/сабота (читај: најчесто) и сеа некој ќе си ја потроши вечерта само за едно дофрлување за да се направи фраер? Па ако е така, може и на професорите у школо да им дофрла, па нека се смеат другите. На убава комедија, сите се смеат а он наместо да гледа и да се смее со другите, ќе се мачи да им ја расипе претставата на другите! Нема попаметна работа.

Малолетниците и средношколците во театар треба да бидат исфрлени, а не влечени по секоја цена.

Влечени? Ај прочитај ми го претходниот пост може? Да не се повтарам сеа. :smir: Ќе те натера некој со сила да идеш у театар...Right.
И не, не треба да бидат исфрлени, театарот не е само за возрасни, театарот е за сите. Како сакате помладите да научиме да ја цениме уметноста?
 
Влечени? Ај прочитај ми го претходниот пост може? Да не се повтарам сеа. :smir: Ќе те натера некој со сила да идеш у театар...Right.
И не, не треба да бидат исфрлени, театарот не е само за возрасни, театарот е за сите. Како сакате помладите да научиме да ја цениме уметноста?

Да, го прочитав, сакав и да ти одговорам, ама друго ми одвлече внимание. Нормално дека никој ништо не може да те натера, но не секогаш треба некој да ти се закани со пиштол за да мораш да направиш нешто. Професорот вика, имаме карти, кој сака да оди, нормално е сите да сакаат да се покажат како добри ученици. Оние хард кор шо не ги интересираат оцени, одат за некоја девојка, или зашто сите одат, принцип на масата, “каде сите турци таму и јас“.

Знаеш, на работа, ако газдата рече, јас ќе одам утре да садам дрвце за денот на дрвото, никој не смее да каже дека е тоа за него идиотско, сите ќе дојдат да садат иако никој реално не ги принудил. Затоа велам и одењето на средношколците е со сила.
 
Има претстави кај што се досадни и нормално има галама ама никогаш не е преголема...барем не кога ги носат од Орце со Смилјана :)
Идеме секој месец и сите актери не знаат и не обожават...често после претстава ке кажат супер бевте, секоја чест не изненадивте како не следевте. Па и понекогаш цела сала ни ја дават само на нашето школо и со задоволство глумат и врвни актери.

Кога бевме на Госпоѓа министерка иако траеше повеќе од 3 часа никој не испушти глас на претставата...а вчера бевме на Буре Барут (6 класа иако беше сабота :)) и си имаше муабетчиња и помеѓу нас но МНОГУ повеќе помеѓу постарите посетители:smir:
 
Одам ама само на комични претстави како “10 причини зошто да си ја убиеш жената“ или “Стјуардеси“...

Оние класичните драми не ме фасцинираат.
 
Да, го прочитав, сакав и да ти одговорам, ама друго ми одвлече внимание. Нормално дека никој ништо не може да те натера, но не секогаш треба некој да ти се закани со пиштол за да мораш да направиш нешто. Професорот вика, имаме карти, кој сака да оди, нормално е сите да сакаат да се покажат како добри ученици. Оние хард кор шо не ги интересираат оцени, одат за некоја девојка, или зашто сите одат, принцип на масата, “каде сите турци таму и јас“.

Знаеш, на работа, ако газдата рече, јас ќе одам утре да садам дрвце за денот на дрвото, никој не смее да каже дека е тоа за него идиотско, сите ќе дојдат да садат иако никој реално не ги принудил. Затоа велам и одењето на средношколците е со сила.

Да гледаме од другата страна, што ако некој навистина сака да ја гледа претставата? Пример, 'Госпоѓа Министерка', сме слушнале дека е комедија.. да одиме малце да се посмееме. Во петокот бевме.. ќе ми веруваш ли да ти кажам дека на сите мобилните им беа исклучени за време на претставата? На претставата не збореа, зборевме на паузите, на пат накај дома коментирајќи ја претставата. Тогаш се смеевме, не на сред претстава. Мислам дека е идиотско да се правиш фраер таму, доколку сите внимателно гледаат, фактички испаѓаш будала. Божем некој ќе дава 150 ден. само за да стекне наклонетост на професорката, која седи у последен ред и дури не проверува кој дошол, кој не. И така она неможе така да одредува кој е добар ученик, може и претходно ја гледал претставата.
 
абе тинејџери не се за во театар. кога ќе се соберат група не мирни, луди малолетници немаат гајле од ништо ама буквално од ништо. како нивни да е светот професорот нека труби ако нема работа ако сакаат и полиција нека им стои над глава џабе е. помали дур се оделе што оделе и после во иднина од кога ќе им дојде паметот иначе вака :nenene: еднаш така јас и неколку другари ќе одиме во театар и ајде седнавме се, ама кај можат мирни да седат :nesum: одам почнаа со пуканки да ги гаѓаат другите. на една постара жена цел сок во ташната и истурија. ги буцкаа тие пред нас и се правеа на тошо.....никој не можеше на раат да гледа. :toe:
 
Да гледаме од другата страна, што ако некој навистина сака да ја гледа претставата? Пример, 'Госпоѓа Министерка', сме слушнале дека е комедија.. да одиме малце да се посмееме. Во петокот бевме.. ќе ми веруваш ли да ти кажам дека на сите мобилните им беа исклучени за време на претставата? На претставата не збореа, зборевме на паузите, на пат накај дома коментирајќи ја претставата. Тогаш се смеевме, не на сред претстава. Мислам дека е идиотско да се правиш фраер таму, доколку сите внимателно гледаат, фактички испаѓаш будала. Божем некој ќе дава 150 ден. само за да стекне наклонетост на професорката, која седи у последен ред и дури не проверува кој дошол, кој не. И така она неможе така да одредува кој е добар ученик, може и претходно ја гледал претставата.

Не биди сам себе га убијал. Не знам дали си постара од мене, ако си извини што ти се обраќам со ваков уличарски јазик. Со сето дужно поштовање, али:

а) грешка си дека во театар се иде само петок/сабота
б) јас не ги измислив мангупите што идат у театар од непознати причини, и оттаму не можам да ти одговорам што се дешава во нивната глава коа спиздуваат 150 денари за карта

Си била на Госпоѓа Министерка, да. Бев и ја, 2 пати: еднаш со средношколци, и еднаш на почетокот кога уште не ја нудеа на средни школи. И можам да ти кажам дека салата составена од 16-годишници во доцен пубертет била многу поодушевена од ликовите од типот на Раде и Чедо Жуљ, отколку на пример, во некоја потешка драма.

Во тоа се состои поентата. Неискусниот посетител на театар ретко е запознаен со тематиката на претставата на која се спремил да иде, а тешко и дека може да процени дали во неа ќе се обработува некоја не за сите разбирлива тема, или тема блиска до обичниот граѓанин, како во Госпоѓа Министерка. И оваа претстава се зафаќа со еден општествен феномен, но просечниот средношколец тој феномен воопшто не го интересира, кога му се нуди тричасовна смеа. Затоа истиот просечен средношколец редовно посетува театар, со надеж дека можеби ќе му се “падне“ (како на лотарија) смешна претстава, во спротивно се смеат, урлаат, дофрлуваат, носат вино (?!) и ете од каде произлегува мајмунлакот на т.н. фраери. И верувај ми, можеби за тебе е будала тој што дофрлува додека сите гледаат. Ама за менталниот склоп на еден просечен македонски 16годишник, истото тоа се смета за достигнување достојно за Нобелова награда за најачи фраер у маало. Се надевам дека се разбравме.
 
Се разбравме.
а) и пак, реков НАЈЧЕСТО не секогаш.
Но јас само кажував тоа што го видов јас во салата, нешто што не е случај со сите средношколци. Дали треба заради еден таков, мангуп или како и да го наречеме, да им се забрани влезот на сите оние што навистина сакаат да гледаат?
И нормално дека не се сфаќа исто претставата на 15 и на 25 години. Но за средношколците претставува повеќе релаксација, смеење (на претставата, не меѓу другарите) и не треба тоа да им се ускратува.
И не верувам дека некој би носел вино пред сите во салата, при наглед од професорката а повеќето се построги така да..
Исто така, професорката ги носи тие што мисли дека се заинтересирани. Нема сигурно да носи некој бандит кој знае дека ќе ја посрамоти со своето однесување.
Некогаш ме нервираат тие споредби тинејџер/возрасен. Не дека и возрасниот неможе така да се однесува во театар, кажаа примери во претходните постови.
Општа култура е све.
 
Можам да се согласам со поголем дел од постовите иако и јас сум тинејџер бидејќи многу пати сме биле во основно на претстава и често се случувало актерите да викаат на публиката да престане.:uvo::tapp:И секако да не се разбере ништо од претставата.
Последен пат бевме преку германската паралелка од Јоси Броз со професорот од Германија на "Огнено лице" на струмичиот театар Антон Панов. Јас седев во прв ред со една другарка и не забележав баш што прават другите кои седеа позади. Подоцна се пофалија дека цело време се смееле (иако претставата не беше баш комедија... беше со доста сериозна тематика) и дека за малку ќе ги избркале.
Мое мислење е дека ако за малку ќе те избркаат од театар не треба да се фалиш. А и дека професорката македонски има право кога вика дека прва година не е за во театар. Прво не знае кој е мирен а кој не. Второ се немаат научено на таа култура во театар.
А највише мислам дека актерите се имаат дерено на "Изборот е твој" претстава за дрогата кога бевме заедно и средно и основно собрани.:kesa::kesa:
 
Да сите знаеме денес дека малдинава отиде у неповрат ама јебига немора да ги правите сите такви пошто има и многу исклочоци.
Одам во театар редовно и во народен и во драмски сум гледала и тапа претстави и претстави на кои ќе се смееш на секоја 2ра минута.
Сум била со доста школи и баш и не е така ко што кажуваат овде повеќето.Разбирам дека може да се најде некој што ќе изиграва мајмун/ка ама затоа следи и исфрлување од театар...и како што имам приметено идат ученици кои сакаат да уживаат за остали ќе дадат еднаш 150ден за една драма ќе им скурчи и не ни идат више зашо сметаат дека за тие 150ден ќе си купат 2 пива и ке си поминат боље.Против сум да се забрани идење на малолетници по театар зашо не е фер да се скратува тоа на некој што сака и ужива да оди ради некои без општа култура.Си има луѓе кои се секираат за редот таму и ко што знам имаат право да предупредат и да те исфрлат....и дај не ги судете сите тинејџери како такви само заради еден.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom