Предприемаштво

  • Креатор на темата Креатор на темата yin yang
  • Време на започнување Време на започнување

yin yang

Who, me?
Член од
24 април 2005
Мислења
1.621
Поени од реакции
32
Ме интересира дали мислите дека е паметно да се инвестира во приватен бизнис?

Можности за набавување средства има. Во секоја банка може да се добие кредит за започнување на „мал бизнис“.

Дали имате некои идеи што би можеле да просперираат на наше тло?

Зборувам за бизниси со минимални инвестиции 3000-5000 евра.
 
Не знам колку е успешно тоа тука
Татко ми зеде кредит од иљада евра и сеуште се мачи со неговото плаќање. Не се фер каматните стапки кај нас, особено у кредити.

Е сеа, сакам да кажам, никој не ти гарантира дека бизнисот ќе ти иде и ќе може да ги измириш кредитите? Што ако не успееш?
Отиде куќата јабана!

Ја фала, ама не фала!
 
yin yang напиша:
Ме интересира дали мислите дека е паметно да се инвестира во приватен бизнис?

Можности за набавување средства има. Во секоја банка може да се добие кредит за започнување на „мал бизнис“.

Дали имате некои идеи што би можеле да просперираат на наше тло?

Зборувам за бизниси со минимални инвестиции 3000-5000 евра.

Za kakov biznis na nivo na 3000-5000 Evra mislis... vo princip takvite biznisi..poveke samovrabotuvanje se poneizvesni,ako ne se del na nekoj sistem za kogo rabotat.
A realni,povolni i poddrzuvacki kreditni uslovi ne bas da ima vo Makedonija,poveketo se zelenaski .....
 
yin yang напиша:
Ме интересира дали мислите дека е паметно да се инвестира во приватен бизнис?

Можности за набавување средства има. Во секоја банка може да се добие кредит за започнување на „мал бизнис“.

Дали имате некои идеи што би можеле да просперираат на наше тло?

Зборувам за бизниси со минимални инвестиции 3000-5000 евра.

инвестиција у приватен бизнис секако е одлична идеја. али има многу работи да се земат у обзир. како прво според мене многу малку приватни бизниси можеш да развиеш со 3000-5000 евра почетен капитал. Како второ дури и да ти тргне бизнисот, ќе зачуе некоја „покрупна“ зверка од истата бранша и со вложен капитал од „твојот Х 3“ (што за поголема фирма не е проблем) ти ја краде идејата и ќе те остави без работа. трето кредитите кај нас се сеуште неповолни, многу полесно би било да стиснеш заби и да се обратиш кај секој што ти е близок и да ги позајмиш парите (или барем дел од парите). четврто „добра идеја“ за приватен бизнис посебно ако е мал си зависи од условите на поединецот кој сака да го започне. Гледај да искористиш некои уникатни знаења/лица/ресурси кои ги поседуваш но и важно е да бидеш спремен на неуспех уште од самиот почеток. Еднаш некаде прочитав дека 90% од приватните бизниси пропаѓаат и не секогаш е од неспретност на „бизнисменот“
 
За кредитите го напоменав како пример од каде би можеле да с енабават средства. А секако може и ако имаш под перница :) Или дедо ти ако има да ти даде (заебанција).

Точно дека има шанса да пропадне бизнисот. Впрочем и да е „голем“ бизнис немаш никаква гаранција дека ке успее.

Мислам дека проблемот првенствено лежи во тоа што предприемачите немаат предходно подготвен бизнис план (што би значело предвидувачки пресметки за расходи и доходи и анализа на можностите на одредената гранка која ке ја покрива бизнисот). Што во превод е, кога има 30 такси служби во град со 50 000 жители да отвориш уште една такси служба, или во кварт со 10 колонијални продавници да отвориш уште една. Мислам дека ни фалат идеи.

И мислам дека паметни инвестиции се пари вложени во бизниси кои имаат минимални трошоци, од типот на услужни дејности. А и онака за 3000-5000 евра, дефинитивно не можеш да направиш машинска работилница со 5 глодалки, 5 стругови.....

Што мислите за тоа?
 
а јас мислам дека проблемот е што не се испитува пазарот и неговите потреби доволно добро пред да се почне со бизнис. кај нас само се прави copy/paste на бизнис идеи. стално нешто у стил еј види го бе малце уложи успеа еве и јас ќе правам исто да не е он поарен од мене. си ги преполовуваат клиентите и на двајцата им станува непрофитабилно работењето.

а бизнисите колку и да се мали и да не бараат некои иницијални капитални инвестиции, сепак мала сума пари се тие 3-4000 евра. Еве да речеме дека според бизнис планот ти треба 6 до 24 месеци дури да се пробиеш на пазарот и да почнеш да работиш како што е замислено. Прво ќе треба компјутер да си купиш без него ниеден бизнис ориентиран на услуги не го бива, па за него секој месец интернет, па некоја канцеларија да се изнајми, па телефон у таа канцеларија, па може секретарка ќе треба у канцеларија ако работата е таква да треба да си постојано со клиенти некаде на „терен“, па треба да се има пари да може да се водат на ручек некои од милионте инспектори кои ќе ти довагаат да те проверуваат, и кога ќе се ставиш се на дигитронот, помножиш по 6/12/24, тие 3-4000 и не се толку многу.
 
другарче напиша:

Па тоа е она што кажав:

предходно подготвен бизнис план (што би значело предвидувачки пресметки за расходи и доходи и анализа на можностите на одредената гранка која ке ја покрива бизнисот)

а не само бизнис идеја... Значи се сложуваме.

А што се однесува до работен простор, може да се користи и домот. Не мора да имаш канцеларија. И точно е тоа дека треба време да се дојде до реален профит. Ама со 3000 евра може да се почне и (хипотетички) во првите година дена да се работи само за да се покријат трошоците (даноци, плати, интернет, маркетинг..) за да се стигне на позитивна нула.

Ионака ниеден бизнис не ги “вади“ вложените средства за еден месец. Никаде никој не успеал толку брзо да се просперира (не зборувам за матни бизниси).
 
гледам дека исто размислуваме али дека темата е малце генерална се разидуваме у некои искази. има бизниси што можеш да ги работиш од дома али има и такви што не можеш. ајде викни представник на некоја голема компанија да ти дојде на гости и у папучи да им објаснуваш зошто треба да те најмат да им нудиш логистичка подршка за некој огромен проект. од друга страна ако ти е бизнисот да продаваш боја за торти и слатки на мали пекарски работилници зошто да не.

почетен капитал колку е доволно пак си зависи од тоа каков ти е бизнисот. пример ако нудиш некои специфични скапо платени услуги како може да очекуваш голема компанија да ти плати хонорар поголем од тоа што го имаш вложено во својата компанија ( е сеа ако си некој ногу добар и ногу познат тоа е друга приказна :wink: )

Кога ќе се извадат вложените средства пак си зависи од бизнисот. Али да знаеш дека е можно и се случува да се извадат назад тие средства у многу краток период. зборам за таканаречени инстант бизнис прилики. пример на некое лице/компанија ургентно им затреба некој недостапен ресурс. плус истиот ресурс или кошта многу или им треба во големи количини. по некоја случајност ти си во состојба да им излезеш во пресрет али си наплаќаш соодветно за тоа.

Бизнис можности има многу само треба очи да се отваараат и да се знае што да се искористи. Многу важно е и да познаваш многу луѓе и да си имаш среќа
 
Зошто не би можел на „голема“ компанија (што и да значи тоа за македонски услови) да им понудиш соработка, а да немаш канцеларија? Можеш да се најдеш кај нив во канцеларија, можете да се најдете на деловен ручек или вечера. Ионака клиентот би требало да ти ја цени работата, стручноста и можностите, а не дали имаш канцеларија или не... и уште дали е канцеларија со ексклузивен ентериер во ексклузивен дел од градот.

Сметам дека додека не се просперираш и доволно изрекламираш и докажеш на пазарот, не можеш да „прилепиш“ за себе „големи“ клиенти. Ама тоа и не е битно затоа што зборуваме за бизниси со минимални инвестиции. Што би значело бизниси кои би ги задоволиле нашите потреби, како на Македонски граѓанин, прилагодени на моменталниот стандард во државата. Што би значело, нето приход од (хипотетички) 20 000 денари месечно.

Сепак е можно. Ако се има првенствено идеја и план кој „ке држи вода“ , а не да биде само „детско фантазирање“.
 
Имам искуство и со мал бизнис (моментално 2), а сум работел и моментално работам и во друга голема компанија. Бидејќи навистина ми се познати работите, да расчистам неколку недоумици.

Најпрво во врска со кредитите за мали бизниси ќе морам да ве разочарам од аспект на тоа што нароски речено никој не ти дава пари на "лепе очи". Во случајов, "лепе очи", ќе го замениме со бизнис планот кој го спомна yin yang. Секакви "папиричи" за правење филм пред банкарите ти се еднакво на тоалет хартија (малку потврда) доколку немаш некаква гаранција за парите кои и ти ги одобриле. Значи, прво гаранција па после се друго.

Примерот за такси компаниите и тој бизнис некако многу лузерски ми го прокоментира. Па добогу, неможеш да измислиш топла вода за да почнеш некој бизнис кој би ти успеал. Место има за сите, конкуренција има во секоја гранка од стопанството (производство, трговија, услуги).

Канцеларија? Работните простории се предуслов за клиентот да те сфати сериозно и професионално. Деловни состаноци на вечера? Сценарио од сапуснки серии, реалноста е сосема поинаква.

За да не филозофираме многу, ќе преминеме на конкретизирање на идеја за започнување на бизнис со сумата која ја спомна ти (3000 - 5000 евра). Значи, можеш да бидеш ситен трговец, најубава идеја тобако (поседувам едно), или можеш да влезеш во услужна дејност (незнам кои услуги би можела да ги пружаш зависно од соодветното образование и таленти. Предност кај овој бизнис е што единствена инвестиција ти е интелектот, односно продаваш (фактурираш) памет или знаење. Парите кои ги поседуваш и планираш да ги инвестираш можеш да ги искористиш за деловен простор, ентериер, компјутери и друга опрема.

Пример: www.ibs-it.net

Инвестиција од приближно таа сума. Ама расте, правиме акумулација на капиталот! :)
 
Мистичен напиша:

И јас имам искуство и со работа на мали бизниси и со работа во голема компанија. И не барав совет, туку кажував што знам.

А каде во светот Мистичен даваат кредити на „лепе очи“? Никаде. Нормално е тоа да има отплата на кредитот и гаранција дека ке ги вратиш парите. Затоа се одбира банка која дава кредит кој можеш да го отплатиш, затоа пред да земеш кредит правиш бизнис план, за да бидеш сигурен дека ке има профит од одредениот бизнис.

Во Македонија никој не почнува бизнис со предхордно разработена анализа на пазарот. Затоа ги спомнав такси службите кои ги има на претек. Во гранка каде што има повеќе понуда од потреба, нормално е дека не може да има профит.

Потребата треба да ја направи понудата, а не обратно. Треба да се разгледа од што има потреба пазрот, пред да се почне со нешто.

А има и такви кои имаат 5000 евра ама се плашат да ризикуваат. А сите знаат дека без ризик нема профит. Пари кои не носат пари, не се пари. Готовината се јаде.

И знам за сигурно дека не мора да имаш канцеларија за да бидеш разбран сериозно. Купецот на производот (услугата) го интересира дали ти знаеш да си ја работиш работата, а не дали имаш убава канцеларија со поглед на плоштад. Запрашај се ке видиш дека е така. Јас не би ангажирала некој само поради прекрасниот простор кој го поседува, а од работата која ја нуди да ја сработи не знае ни Р. Што значи почетна потреба е стручен кадар.

Продавањето “памет“ моментално е најпрофитабилниот бизнис во светот. Консултантските фирми се на врвот на сите профитабилни бизниси. Затоа и често слушаме приказни за тоа дека „во Европа нема повеќе работа како што имаше порано“ од наши луѓе кои заминуваат таму. Тоа е поради фактот што повеќе нема потреба од мануфактуристи. Целата мануфактура е префрлена во Азија (Индија и Кина) затоа што таму за плата од 20 евра работат, во текстилна индустрија (пример), а во земјите од ЕУ, за истата работа работникот би се плаќал со 1000-2000 евра. Една IBM производството го продаде (на некоја од земјите типот Кина, Тајван, не се сеќавам точно) и сеа работи како консултантска фирма.

На ред дојде знаењето, образованието. Се има потреба од образовани луѓе. Во Македонија има само 10% високообразовано население (со вишо и високо школо). Кај не става тоа нас? Хмм.....

Се извинувам што „заминав“ од темата.
 
yin yang напиша:
Во Македонија никој не почнува бизнис со предхордно разработена анализа на пазарот. Затоа ги спомнав такси службите кои ги има на претек. Во гранка каде што има повеќе понуда од потреба, нормално е дека не може да има профит.

Самата анализа на пазар бара одредени средства за да се спроведе како што треба. Тоа е едната од причините зошто нашите луѓе ја избегнуваат - се труди да се заштеди секој можен денар. Со бизнис планот е скоро исто, со тоа што не може секој да седне и да направи бизнис план - едно е проста математика од типот „ќе купам 100 парчиња за 2 денари и ќе ги продавам по 10“, а друго е комплетна бизнис анализа чија изработка би чинела отприлика колку почетната инвестиција која ја спомнавте овде.

Продавањето “памет“ моментално е најпрофитабилниот бизнис во светот. Консултантските фирми се на врвот на сите профитабилни бизниси. Затоа и често слушаме приказни за тоа дека „во Европа нема повеќе работа како што имаше порано“ од наши луѓе кои заминуваат таму. Тоа е поради фактот што повеќе нема потреба од мануфактуристи. Целата мануфактура е префрлена во Азија (Индија и Кина) затоа што таму за плата од 20 евра работат, во текстилна индустрија (пример), а во земјите од ЕУ, за истата работа работникот би се плаќал со 1000-2000 евра. Една IBM производството го продаде (на некоја од земјите типот Кина, Тајван, не се сеќавам точно) и сеа работи како консултантска фирма.
Епа затоа една бизнис анализа чини големи пари да се направи. Бизнис план (она што во трулиот капитализам се подразбира под бизнис план) го прават консултантски агенции чии консултанти се плаќаат од час, меѓутоа таквите анализи се еден убав почетен показател дали она што мислиш да го работиш ќе успее или не. И многу е паметно да се потроши малку време и многу пари (или обратно, малку пари и многу време) на стручни показатели за тоа колкави се шансите твојот бизнис да процвета.
 
spooky напиша:

Не е тешко да се научи како се прави бизнис план. А и овде сепак зборуваме за мал бизнис што најдалеку би значело во границите на одредена општина. Колку за толку секој може да пресмета, колку има такви бизниси во околината, и да направи мала анкета меѓу граѓаните дали имаат потреба од одредената понуда, исто може и некои податоци да се најдат на интернет.

Секој еден може да волонтира во некоја НВО и да научи како се прават проекти, школото е скоро безплатно.

Странска консултантска фирма би се ангажирала за инвестиција дефинитивно многу поголема од 5000 евра.
 
Секој еден може да волонтира во некоја НВО и да научи како се прават проекти, школото е скоро безплатно.

Site zadolzitelno da pojdete vo nekoja NVO da se naucite kako se pravi business plan i da zapocnete nekoj proekt! :wink:

I da, nikoj ne dava krediti na "lepe ochi", samo sto vo Makedonija kamatite se 3-4 pati pogolemi od tie na Zapad.

A ova kje go isprintam i kje go zakacam na dzid:

"...Тоа е поради фактот што повеќе нема потреба од мануфактуристи. Целата мануфактура е префрлена во Азија (Индија и Кина) затоа што таму за плата од 20 евра работат, во текстилна индустрија (пример), а во земјите од ЕУ, за истата работа работникот би се плаќал со 1000-2000 евра. Една IBM производството го продаде (на некоја од земјите типот Кина, Тајван, не се сеќавам точно) и сеа работи како консултантска фирма.

На ред дојде знаењето, образованието. Се има потреба од образовани луѓе. Во Македонија има само 10% високообразовано население (со вишо и високо школо). Кај не става тоа нас? Хмм....."

Bravo!
 
Misirkov напиша:

Нема ништо лошо да волонтираш во невладина организација која се залага за некои прашања кои те тангираат. Можеш и сам да си отвориш невладина организација ако имаш (за регистрација) 5 луѓе кои се засегнати од истото прашање како и ти. Впрочем, НВО се здруженија на граѓани... ама ти сето тоа го знаеш.

Ако направиш нешто што ќе биде профитабилно, не е проблем што се каматите два пати поголеми отколку во странство.

Не знам зошто „браво“ кога и сам тоа го знаеш?

Или може и се што напишав сите да го игнорираат и да чекаат да се вработат во државна фирма.

На пример самостојните производители на млеко. Наместо да се самоорганизираат и да ги здружат можностите, да отворат своја млекара. Ама не ИМБ е виновна затоа што полското млеко и е поевтино. Нека биде секој за себе и нека чека да им дојде цистерната пред врата да им го собере млекото.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom