Имам искуство и со мал бизнис (моментално 2), а сум работел и моментално работам и во друга голема компанија. Бидејќи навистина ми се познати работите, да расчистам неколку недоумици.
Најпрво во врска со кредитите за мали бизниси ќе морам да ве разочарам од аспект на тоа што нароски речено никој не ти дава пари на "лепе очи". Во случајов, "лепе очи", ќе го замениме со бизнис планот кој го спомна yin yang. Секакви "папиричи" за правење филм пред банкарите ти се еднакво на тоалет хартија (малку потврда) доколку немаш некаква гаранција за парите кои и ти ги одобриле. Значи, прво гаранција па после се друго.
Примерот за такси компаниите и тој бизнис некако многу лузерски ми го прокоментира. Па добогу, неможеш да измислиш топла вода за да почнеш некој бизнис кој би ти успеал. Место има за сите, конкуренција има во секоја гранка од стопанството (производство, трговија, услуги).
Канцеларија? Работните простории се предуслов за клиентот да те сфати сериозно и професионално. Деловни состаноци на вечера? Сценарио од сапуснки серии, реалноста е сосема поинаква.
За да не филозофираме многу, ќе преминеме на конкретизирање на идеја за започнување на бизнис со сумата која ја спомна ти (3000 - 5000 евра). Значи, можеш да бидеш ситен трговец, најубава идеја тобако (поседувам едно), или можеш да влезеш во услужна дејност (незнам кои услуги би можела да ги пружаш зависно од соодветното образование и таленти. Предност кај овој бизнис е што единствена инвестиција ти е интелектот, односно продаваш (фактурираш) памет или знаење. Парите кои ги поседуваш и планираш да ги инвестираш можеш да ги искористиш за деловен простор, ентериер, компјутери и друга опрема.
Пример:
www.ibs-it.net
Инвестиција од приближно таа сума. Ама расте, правиме акумулација на капиталот!