- Член од
- 4 септември 2008
- Мислења
- 850
- Поени од реакции
- 271
Најмалку 140 луѓе загинаа во вчерашните немири во Урумчи, главниот град на автономниот регион Синџинг Ујгур, во западниот дел на Кина.
Лидерот на Комунистичката партија во Урумчи, Ли Џи го потврди бројот на загинатите, додавајќи дека денеска ситуацијата е под контрола.
Полицијата претходно соопшти дека се повредени 816 луѓе, а стотина се уапсени, меѓу кои десетина лидери на протестот.
Властите соопштија дека протестирале од 300 до 500 луѓе, додека според процените на организаторот околу 3.000 лица вчера го блокирале сообраќајот, палеле возила и се судриле со полицијата која се обидувала да воспостави ред.
Демонстрациите во Урумчи, град со 2,3 милиони жители, организирани се во знак на протест поради начинот на кои властите реагирале во јунските судири меѓу припадниците на мнозинскиот народ Хан и Ујгурите во Шаогуан, при што се убиени двајца Ујгури.
Муслиманскиот народ Ујгури, кои се приближно половина од вкупно 20 милионското население во автономниот регион Синџинг Ујгур, бара повеќе да учествува во економскиот и политичкиот живот на покраината, како и поголеми политички и верски слободи.
Во регионот дејствува и сепаратистичката група „Источен Туркестан“, чија цел е отцепување од Кина.
Извор: A1
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=111015