Македонска куќа!

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување
Ако не забележа, местото е обиколено со дрвена ограда од горе, а на крај ќе ја приметиш куќарката на дрво...8000 квадрати се во прашање. Струја има, вода има, канализација има, се имам поставено.

Е сега...падот на теренот...не му го знам, треба да видам геодетските наоди.

целото место, односно, летниковецот како што е насочен, гледа накај исток.

Доволно е висок летниковецот(3.25).

Средна постава на куќата не ми одговара пошто планирам да изведам(некако) и базен....:toe:

П.С. Планирам да живеам таму, нема да е викендица.

Праќај слики и спремај пари,оти ќе бендисаш секако,ама не работам ништо за бадијала.:)Посебно сум специјализиран за терен во пад како на линкот подоле.:

http://www.pazar3.com.mk/viItem.asp?itemid=18960&type=0
 
Ашколсун АБЦ.

Се изведуваат ли лизгачките врати малку поголеми? т.е. пошироки?
 
Па јас како шо сум упознаена се изведуваат сите големини, они си имаат некои стандардни големи со стандардни цени, а ако побараш нешто по друго ќе биде по солено :)
 
Ашколсун АБЦ.

Се изведуваат ли лизгачките врати малку поголеми? т.е. пошироки?

Kолку што сакаш,само се енормно поскапи оти мора да бидат Германски систем Фолксваген,значи минимум 600 евра од парче(само за оковот).Има Турски кој се алтернатива за по 200-300 евра но не ги препорачувам за поголеми димензии од 120 сантиметри на крило,ќе попуштат за година-две користење и не дихтуваат како што треба уште на почетокот.
 
Не ми ни спомнувај турски....на куќата моментално ставив од „ен фа“...ај демек пријатели, ниеден прозор нит врата не дихтува како што треба...15 пати доаѓаа на поправка и пак не ги оправија...катастрофа.

Само...ќе си запишам ова за прозорите...кога ќе дојде време, ќе те контактирам.
 
Хе,хе,абе погрешно си ме разбрал како и многупати досега,па јас не поставувам прозори,јас проектирам куќи и ги изработувам со мојата "тајфа", овие од Gealan ги земам само доколку инвеститорот сака да вгради квалитетна и релативно ефтина ПВЦ дограма,а линкот ти го постирав за да видиш поубаво дали ти одговара еден мој завршен проект на индивидуална стамбена зграда на терен во пад,со елементи од современи материјали но вградени во стилот на Македонската традиционална архитектура за која многумина грешат дека не постоела.:)
 
ABC...премногу модерно за мој вкус :)

Материјалите веќе ги имам...Дабови дрва и речен камен. Значи, бедеми на стреа, камен...Е сега, прозорите ќе бидат јака дилема...Ама пошто си во тој бизнис, верувам дека го знаеш Френџов, тоа ќе е негово дело.

И биди јасен, не тука со шифри ми зборуваш :)
 
Го знам мајстор Френџо,добар е за цркви и спомен домови,сепак кога е модерната архитектура во прашање,треба барем малку да се искористат нормите на Нојферт(и тој евреин,кај се најде:) да го....)за што Френџов како да не го интересира,со неговите мансарди и чардаци,па ги прави малку потесни одколку што денес се бара.Сепак за фасади е цар доколку сакаш да ти го долови амбиентот на вистинската стара Македонска архитектура која сепак имала и по некоја негативна карактеристика која денес ние се обидуваме малку да ја поправиме барем според просторната димензија без да се изгуби Македонскиот призвук и препознатлив стил на Македонското неимарство.Френџов вметнува многу Турско во неговите замисли и токму тоа му е негатива,инаку си е ок, а и потешко ќе се разберете.:)
 
Tрн, се откажуваш од идеите на младината? АБЦ нека ти интерпретира Македонска Куќа во современа верзија тогаш :)

Серпико енд партнерс се повлекуваат од конкурсот.
 
Кој рекол дека се откажувам? :)

Јас веќе имам два проекта, нацрт планови како ќе изгледа идниот мој дом. Барам уште понуди.

Тендерот е отворен за секој кој сака да учествува.

П.С. АБЦ, Френџо е одбран токму поради фасадата. :)
 
Aбе ќе ти бара и внатрешно да ти ја предвиди односно проектира,што донекаде е во право доколку се нафати со оглед на неговата зафатеност.Терај тогаш,јас само се обидов да ти помогнам атер за парите.:)
 
Мириса на нафталин проектот :pipi:

И кажи сеа АБЦ, како ние младиве ќе дојдеме до израз кога нит младите не ни веруваат? :pos:
 
Зошто од старт сам се исфрлаш?

Па мајку му, не се работи за куќичка на дрво или шупа за остава, се работи за иден дом. Куќа која треба да опстои долги години понатака. Имаш идеја? Кажи ми ја. Нормално дека сиренцето не е беспари :) Неможам на невиден петко, капа да му кројам...
 
Куќа се проектира откако ќе го намирисаш местото. Не е проект за ќенеф, па ќе го спремиш ко шо спрема Дарко Димитров музика :)
 
Мириса на нафталин проектот :pipi:

И кажи сеа АБЦ, како ние младиве ќе дојдеме до израз кога нит младите не ни веруваат? :pos:

Па ви велев порано малку "ретро" да употребите,вие не,ќе сте ги копирале модерните сувопарни колеги.Добро за внатрешна ај ве разбирам ама за надворешна архитектура не смее да заборавите дека сепак ние сме во Македонија,па модерната странска алтернатива и не е толку пожелна покрај автентичноста на убавите Македонски екстериери,ќе биде премногу нападна за око и ќе ја деградира вкупната перцепција.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom