На мали години!
Кајганџии ви текнува ли кога бевте на мали години, во забавиште, прво одделение итн. Е тоа беа времиња... :wink:
Гарант ви текнува во забавиште кога не сте биле мирни воспитувачката ви викала „ајде во ќош 15 минути“ и ти со цел страв идеш кон ќошот и си викаш „кој знае што ќе ми биде сега“ :icon_roll
Ви текнува кога воспитувачката ќе ве викнела кај катедрата за да ве исплеска по рацете со стапче зашто не сте биле мирни, а вие со цел страв едвај ги покажувате дланките за да ве удри, a од кога ќе ве исплеска така убаво одма солзи на очи ви потекуваат. :se_ molam
Исто и со магарешката клупа „ајде ти ... седни во магарешка клупа и да не си писнал“ и со цел страв во себе седнуваш и си мислиш „кај сум седнал“ и се вртиш назад гледаш сите соученици гледаат во тебе, како да била некоја тешка казна тоа.
Или пак кога наставничката ќе сместела некое девојче да седи во твоја клупа и тебе срам те пука и вртиш поглед на другата страна, мислиш она те гледа сеа, ако се свртиш кон неа ќе се вцрвениш. А гума кога ќе ти побарала ти веќе незнаеш кај си, кај си ја ставил гумата. А кога ќе ти паднел моливот под нејзино столче си викаш „како ќе го земам сега“ и се праиш демек ногата те чеша, за да се наведнеш да го земеш моливот.
А кога ќе симпатизираш некое девојче и нон стоп нешто фрлаш моливи, гуми кај неа под клупа за да отидеш да ги земеш, а всушност за да ја видиш од поблиску. Или се вртиш кон неа и ја гледаш и едно време кога ќе погледне таа во тебе одма вртиш поглед, демек ништо не било, си се загледал негде.

Лудории било кога бевме мали и си мислевме што се дешава. Кои казни биле тоа, денес кога ќе подразмислиш да ги гледаш тие сцени од страна, ќе се газиш од смеа.

Ај да видам ваши примери... :wink: