Windows 7 пристига на 22-ри октомври
Извор
Компанијата Microsoft објави дека нивниот нов оперативен систем Windows 7 ќе биде генерално достапен на пазарот од 22-ри октомври годинава. Новиот оперативен систем на Microsoft, Windows 7 би требало да го замени Vista, оперативен систем кој од самиот почеток е мета на жестоки критики на корисниците. Иако беше најавено дека Windows 7 ќе се појави на пазарот дури кон почетокот на 2010-та, Microsoft се премисли и одлучи датумот да го помести за октомври.
Ова е голем настан за светот на компјутерите, особено ако се земе предвид дека 90 отсто од компјутерите во светот го користат оперативниот систем на Microsoft. Половина од профитот на компанијата зависи токму од нивниот оперативен систем. Microsoft ја изгуби довербата на корисниците по бројните компликациите кои ги донесе Windows Vista. Од овие причини компанијата гледа што побргу да го пласира Windows 7 на пазарот.
Гигантот Microsoft стравува дека ќе изгуби дел од профитот откако еден од главните произведувачи на лаптоп компјутери Acer ќе го лансира својот веќе најавен netbook, кој ќе работи на Android, оперативниот систем на Google. Од овие причини Microsoft одлучи уште кон крајот на јули да ги прати кодовите од новиот оперативен систем до сите хардверски компании.
Извор