Поразот од Астон Вила не смее да не обесхрабри нас, верните навивачи на Мидлзбро, но од друга страна и ние мора да се помириме со фактот дека нашиот омилен клуб нема да се бори за излез во Европа, барем не оваа сезона, иако сеуште има време и рано е да се предвидува.
Последниот пораз дојде како резултат на недостигот на напаѓачи, кој е еден од главните проблеми за Мидлзбро оваа сезона со оглед на бројните повреди што ги имаат неговите врвни голгетери.И токму затоа сите ние се надеваме дека трансферот на нашиот Илчо `Машина за голови` Наумоски ќе се оствари што е можно побргу, односно во јануарскиот преоден рок.
Што се однесува до натпреварот, нема што многу да се каже, освен дека Астон Вила целосно не надигра. Агбонлахор одигра маестрално, а секоја акција на Мидлзбро беше успешно запирана од Скот Карсон, моментално најдобриот голман во Англија, а сигурно и еден од најдобрите и најнадежните млади голмани во светот, кој со своите настапи за клубот и репрезентацијата докажа дека секогаш е сигурен во своите интервенции.
Се надеваме дека наредниот натпревар Саутгејт ќе направи промени во тактиката и нема да одигра со осум дефанзивци.