Дали сексот е преценета активност?

Не знам зошто го делите сексот од љубовта. Секоја физички и психички зрела личност, кога некого сака целосно не ги дели емоциите од сексот. Затоа и вистинската љубов е толку убава. Го имаш телесното во пакет со емотивното задоволство.
Да, медиумите го вулгализираат и банализираат сексот па сведоци сме на разни сексуални девијации. Но, кај нормалната популација сексот претставува итекако битен сегмент од животот на кој треба да му се посвети внимание. Научно е докажано дека луѓето со проблематичен и нередовен сексуален живот имаат психо-физички последици. Понатаму, за да една врска функцџионира мора да постои и компатибилност во сексот. Иначе, колку и да не сакаме да признаеме, без телесна привлечност врската не е ок.
Не би била со некој чисто ради секс, али кога некој го сакам ко особа у целина, онда уживам и се радувам на секое заедништво, па така и на сексот.
Така да, не сметам дека сексот е преценет, него го сметам за едно од поголемите животни задоволства.
Препрепрепрепрепреценета...Не знаеш денеска дали идеш со некого зашто крајна цел му е да „те легне“ или зашто „навистина те сака“. А сето тоа сакање на крајот ПАК И ПАК ќе се сведе на секс. Значи ПРЕЦЕНЕТ Е, само џабе да се расправа на таа тема зашто нити можеме да го смениме тоа, нити па ќе се најде некој да речам „неопседнат“ или подобро кажано некој на кој сексот нема да му биде во преден план кога иде со девојка...Зборам за нас женските, од мој аспект.
Кога некој навистина те сака и го сакаш сасвим ок и за очекување е да имате секс. Голема љубов без секс е или платонска или малку "девијантна". А, ако со некој сакаш да имаш емотивна блискост, а не и телесна, тогаш веројатно треба да се запрашаш дали стварно ти се свиѓа таа личност.
 
Ada, во право си, со мојот пост „секс без љубов не бива“, не мислев на оние романтичарски моменти, бла бла бла...
Стварно, ако партнерите се доволно блиски, не гледам причина зошто да немаат секс, меѓутоа, да има некакви чувства.
А секс за една вечер, е веќе претерано и не го оправдувам.
 
Има огромна разлика од секс до водење љубов! Водење љубов е права ствар пошто тогаш се мешаат емоции крунисани со телесното задоволство со партнерката(партнерот)! Меѓутоа некогаш е добар и брз секс без многу романтики само со повеќе запалени страсти, што не значи дека не осеќаш ништо за личноста само што во тој момент сакаш малце поинаку да го направиш тоа!Како и да е да не паламудам многу сексот не е преценета работа ако биде плод на љубов!

Фала
Чао
Пријатно:pos2::pos2:
 
Океј, ја читнав темата и налетав на интересни коментари:)

Во еден текст објавен на порталот имаше нешто за преценувањето на сексот во секој негов сегмент: во изборот на местата, во одбирањето на игри, избор на пози.

И навистина, кога ќе подразмислиш ќе се прашаш што има тука прекрасно во некоја грмушка? Тоа што во темница гранки може да ти извадат око, да те набиваат камења, да се најадеш песок, да не можеш после да си ја дочистиш главата од лисја и боцки? (пример де)
Не знам зошто тоа го гледаме како нешто мнооооогу интересно.

Што е со менување пози? Да се докажуваш каков сексуален мајстор си изведувајќи различни акробатски пози на секоја минута? Дали има потреба од вакви докажувања? Не е претерано човек да мисли во секој момент на тоа која поза да е на ред?

Во текстот беше спомнат и сексот во раните утрински часови. Нешто во смисла - ај маживе утринската ерекција сакаат да ја искористат, ама дали сите жени секогаш се со оган или повеќе сакаат да бидат во кревет затоа што им се спие?

И Г-точката беше спомната. Па има опседнати со таа точка и по секоја цена настојуваат да биде пронајдена и без неа не бивало.


Баш на оваа тема со неколку луѓе дискутиравме пред некој ден. Преценет е, да. Ама па сексот сите го сакаме затоа што во тој момент исклучуваш се` друго, не мислиш на проблеми, го исклучуваш паметот за останатото, не постои ништо.
Здраво е бе:icon_lol: Не за друго, докажано било и дека студентите кои имаат секс пред испити покажувале подобар успех.
 
Сексот е платежно стретстов за изразување на преголема жубов и воедно задоволство од кое може да се стане зависен и потребно е да се има партнер (сеа зависи кој каков сака :D )
 
Сексот е платежно стретстов за изразување на преголема жубов и воедно задоволство од кое може да се стане зависен и потребно е да се има партнер (сеа зависи кој каков сака :D )
е што кршиш филм?
 
Се уште не е но мислам дека со намалувањето на потенцијата се повеќе ќе станува преценета тема.
 
Мислам дека е преценета работа!
 
Pa u pogled na toa sto se se sveduva na seks... mislam kade e ljubovta... pola od lugjeto te gledaat kako potencijalen seksualen objekt a ne kako licnost​
Е овде видиш.. Хм.. Не се сведува СЕ на секс, многу грешиш. Ако до сега не си сретнала личност што ја цени личноста во тебе, а не само телото, тогаш логички е да размислуваш вака.
Љубовта каде е? Пааа.. Мислам дека треба да ја побараш наместо да ја чекаш?? :toe:
И баш убаво си кажа: ПОЛА од луѓето те гледаат како сексуален објект. А ОСТАНАТАТА пола??
Сексот не е преценета активност. Можеби е малку повекје возвишена, I'd rather say..

Black LiLy напиша:
сето тоа сакање на крајот ПАК И ПАК ќе се сведе на секс.
Е тоа зависи од изборот што го правиш. Ако одбереш сексуален манијак, најнормално дека од почеток сакањето се свело на секс, или да кажам сексот се свел на сакање. Ама ајде, тоа е.. Сите правиме грешки во изборот. Порано или покасно грешките се исправаат, само последиците остануваат, како овде во случајов, кога вака размислуваш.

Има огромна разлика од секс до водење љубов!
Мислам дека ова доволно кажува. Немам што да додадам повеќе.
Па вие размислете колку "сексот" е преценет, како што велите вие. Преценет е во случаите кога меѓу две личности нема ни малку љубов. Ама кога има... Што знам...
 
интересна тема...за широки погледи, и различно толкување.Пред да продолзам ке казам дефиницијата ќпреценување на секс" од она како јас ја свакам темата:
Значи во однос на темата преценување на секс=премногу зборување за тоа и давање преголемо значење во животот на единката
Ако не збориме за тоа на темата бришете го постот.
Ке бидам краток:
Легнувам со девојчето полн со желба за прегрнување, нежни бакнежи, галење...искрено..за по 15 -30 мин.. знаеме..Може некој да ми одговоти каде ми е желбата од тоа што сум го замислувал..??
според мене инстинкт, животински инстинкт кој сеуте не поврзува со животните.Јас не можам а и не сакам да му се спротиставам, а вие?
Кога за нешто неможете да најдете соодветен одговор и постојано си го поставувате истото прашање, вие ние...трагаме по одговорот ..со тоа се актуелизира и самата тема на кое се однесува прашањето, конкретно секс.
Друга работа, ке испаднеше дека се препокриваат мислењата ако не ја процитав Fortune...за сексот пред испит. Се поминувало подобро?:) Можам да кажам дека сум испуштил испит заради тоа.Не дека ми било филм да го направам тоа па за да можам да пошувствувам задоволство леле направив нешто поинаку..напротив пропуштив важен испит а со тоа и ред други работи поврзани подоцна со тоа...Она што сакав да казам е дека има работи на кои не им ја знаеме цената, кои не можеме туку така ад ги контролираме (барем јас:) t.e. предавање на задоволството. А за такви работи кои ти пришинуваат задоволство а истовремено зртвуваш некои работи вреди да се потроши време во размислување. Да не се сватиме погрешно , Може не најавни форуми, али во себе секако.А тоа што не тера тука јавно да пишуваме валјда е тоа што сексот и задоволствата што ги нуди не се математика, не е екзактно па да собереш 2 и 2 =5. И не можеме сами да се осигураме за решениеот и за одговорот, бидејки го нема решението од зади во збирката.затоа сакаме да ги спознаеме и останатите мислејна и да добиеме некаква слика за опстото мнение и да дознаеме дали сме нормални или само нас ни се случува.
Ова не беше баш кратко извинете. и последна работа.Ако е преширок поимот НИЕ или ВИЕ, или сеедно множина, ве молам сватете го како персирање од моја страна :) на крајот на краиштата ова е мое мисленје.
 
Ајде да бидеме реални!!!
Секој или секоја порано или подоцна сака секс нели?
Што е тука преценето?
Н.И.Ш.Т.О
:aplauz:
 
Мислам дека во последно време и сексот можеме да го вброиме во категоријата -гласен кич. Оптичко и ментално изместени репери на однесување, облекување, пристапување, конверзирање, додворување, па дури и ВОДЕЊЕ ЉУБОВ. Не сум старомодна само реална и ќе речам, промискуитетно и анимално задоволување на потребите, површна страст , декориран секс, каде чувствата се во спореден план или воопшто ги нема. Им поминала модата на верност и моногамија . Преправање , ама од страв да се погледнеш во огледало , да направиш чесен индивидуален опит , да си ги измериш потенцијалите
Сведоци сме на изумирање на најчувствителното ткиво на времето- љубовта , наспроти осмозата на страста .
 
Во глобала мислам дека не е преценет. Сепак може да се каже дека е преекспониран во медиумите и секојдневните разговори. Тоа е нормална работа која некои не ја прифаќаат како таква и даваат преголемо значење безразлика во позитивен или негативен контекст па затоа и сме пребукирани од него. Доколку се прифати како нормална појава како што е и јадењето, спиењето итн нема да биде толку нагласен.
 
аман од тој менталитет , демек женските даваат или не даваат , да ти пукне к.р од такви шмизли и дркаџии што ги дигаат во небо. Моабети ...сака да ме легне ...., божем они спијат стоејки и ич не им се легнува , и со „тешко срце „ не го „даваат„ она што им се бара :tapp: . Е тоа е преценето , комплекс у некои тикви што живеат во песната „мама ми је рекла не дај прве ночи„.Не ги кривам тука женските , моабетот женско со повеке мажи на списик курва , а машко со повеке женски голем шизик , ебати филозофијата турска. Луге од крв и месо , нормално, со сексуални потреби , и машки и женски , нема разлика во нормалниот свет.
 
Seksot e POTREBAA ne treba da mu se pridava golemo zna4enje. Sekako SEKSOT sto bi se reklo treba da bide kvaliteten :)) ako imas nekvaliteten seks togas i toa kako bi mu pridal/a ogromno zna4enje :)) ke te natera makata:ahahaha
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom