Дијалекти

  • Креатор на темата Креатор на темата Nemiseverue
  • Време на започнување Време на започнување
Ова е приказна за еден возрасен човек, еден од оние кои пораснаа во заблуда за човештвото мислејќи дека тоа е единствената вистина која постои на светот.
Типично, демнење на црешата на соседот, девојка од другата страна на Вардар, дечиња слатки како мед, пензија колку за живот и внучиња кои се препелкаат во снегот. Ниту за миг не помисли дека на своите педесет и девет години ќе доживее откровение за кое вреди да се бори уште половина век, но ниту Бог помисли, па набргу го натера да потклекне под притисокот. Ова е приказна за човекот кој се бореше до самиот крај...
Валандовски:

Ваај приказна за един возрасан чу(о)век,един од тие шо пу(о)раснаа у заблуда за човештвото мислејќи оти тоај единствен'та вистина шо постое на свето.
Типично,демнејне на цреш'та на кумшијата, женска у(о)д другата страна на Вардар, дечијна слатки кути мед, пензија колко за живот и внучијна шо са закачават уф снего. Ни за миг не помисли оти на својте пејсе и девет гу(о)дини ќе доживеа откровение за кое вреде да са боре о(у)ше пола век, ама ни Бог помисли,па набрзина го натера да потклекне под притисоко.Ваај приказна за чу(о)веко шо са борише до самио крај..
 
Темава е интересна, а одамна заборавена. Ајде да ја реактивираме со нов текст.
Секој на свој дијалект. :)

Тројцата се загледаа. Како да сакаа да откријат кој од нив е сомнителниот заради кого нема да ја отворат портата. Но никој и со ништо не одаваше лоша особина. Брадестиот имаше благи црти на лицето и весели очи. Мустаклијата, сите го знаеа тоа, имаше добра душа, а Сопственикот беше пристар, мал човечец, човек кој имаше жена и дечиња. Тие беа луѓе кои од порано се познаваа, живееја во иста населба, се поздравуваа при средбите, но никогаш не дружеа. Така, ден пред овој, случајно седнаа на иста маса во маалската кафеана и нарачаа: една ракија, една мастика и еден коњак, ги испија, нарачаа уште еднаш, па уште еднаш и секој од нив плати по една нарачка. Така, научија по нешто за секого. Сопственикот беше во пензија заради инвалидност, Мустаклијата беше стар ерген, а Брадестиот вдовец.
 
На охридски:

Тројцата се загледаја. Како да сакаја да откриет кој од ниф е сумлив заради кого нема да ја отворет портата. Ама никој и со ништ(ч)о не оддаваше лоша особина. Брадестиот имаше благи црти на лицето и весели очи. Мустаклијата, сите го знаеја то, имаше добра душа, а Газдата беше пристар, мал чоек, чоек шо имаше жена и дечина. Ти(ј)е беа љуѓе шо се познаваја од порано, живееја во иста населба, се поздравуваја при средбите, но никош не се дружеја. Така, ден пред овај, случајно седнаја на иста маса во малската кафана и нарачаја: една рајкија, една мастика и еден коњак, ги испија, нарачаја уш еднаш, па уш еднаш и секој од нив плати по една нарачка. Така, научија по нешт(ч)о за секого. Газдата беше во пензија ради инвалидност, Мустаклијата беше стар ерген, а Брадестиот вдоец.
 
Темава е интересна, а одамна заборавена. Ајде да ја реактивираме со нов текст.
Секој на свој дијалект. :)

Тројцата се загледаа. Како да сакаа да откријат кој од нив е сомнителниот заради кого нема да ја отворат портата. Но никој и со ништо не одаваше лоша особина. Брадестиот имаше благи црти на лицето и весели очи. Мустаклијата, сите го знаеа тоа, имаше добра душа, а Сопственикот беше пристар, мал човечец, човек кој имаше жена и дечиња. Тие беа луѓе кои од порано се познаваа, живееја во иста населба, се поздравуваа при средбите, но никогаш не дружеа. Така, ден пред овој, случајно седнаа на иста маса во маалската кафеана и нарачаа: една ракија, една мастика и еден коњак, ги испија, нарачаа уште еднаш, па уште еднаш и секој од нив плати по една нарачка. Така, научија по нешто за секого. Сопственикот беше во пензија заради инвалидност, Мустаклијата беше стар ерген, а Брадестиот вдовец.

Битолски-Тројцата се загледаја.Ко да сакаја да откријат кој од нив е сумливиозарди кој нема ја да отворат портата.Ама никој и со ништо не се понашаше лошо.Брадестио имаше благи црти на лицето и весели очи.Мустаклијата сите го знаеја то,имаше добра душа,а Газдата беше постар,мало чоече,чоек со жена со деца.Тие беа луѓе кој оддамна се познаваја,живееја во иста населба,се поздравваја ко ќе се сретнеја,ама никогаш не се дружеа.Така,некни,случајно седнаја на иста маса,во малската кафана и нарачаја-една ракија,една мастика и еден коњак,ги испија,нарачаја уште еднаш,па уште еднаш и секој од нив плати по една нарачка.Така,научија по нешто за секој.Газдата беше во пензија зарди то шо беше инвалид.Мустаклијата беше стар ерген,а Брадестио вдовец.
--- надополнето: 21 јуни 2012 во 06:13 ---
Од трн на глог... така помисли горделивиот странец кој во нашиот град дојде како големец, како наконтено копиле полно пари спремен да ги потроши сите за целовечерна забава во некој од сиромашните анови. Се чувствуваше мизерно, а низ главата му минуваа само мисли колку е јаден, очаен, и спремен да го облие со крв секој што ќе се осмели да биде фин со него. Типичен пијан англичанец, спремен да загине за каузата која и онака не е негова.

Битолски-Од трн на глог-така си мислеше кренатиот странец шо во нашио град дојде ко кузнај кој да е,ко испозанесено копиле полно со пари спремен да ги троши сите за забава цела вечер во некоја од прчварите.Се осеќаше мизерно, низ гла му поминваја мисли колку е загреој,очаен и спремен да го нашлака секој шо ќе проба да е арен со него.Прав пијан англичанец,спремен да загини за каузата, плус не е негова.
--- надополнето: 21 јуни 2012 во 06:19 ---
Разбрав што се случило следниот ден, додека глумев дека гребам валкана дамка на една маса. Пријателот и полицаецот го собориле возачот на земја, и почнале да го тепаат; Го удирале со пендраците, а кога им вратил почнале да му маваат клоци. Му се ределе еден по еден. Пријателот го клоцнал, па полицаецот го згазнал по лице, а потоа пријателот пак му удрил клоца. По извесно време, телото на возачот на рикша престанало да се вие и да се брани, но тие не престанувале да го газат, додека не го набиле во земја.

Битолски-Разбрав шо се десило другио ден,дури глумев дека гребам флека на една маса.Другаро и полицаецо го потиснале возачо на земја,почнале да го тепат.Го мавале со пендраците,а ко му вратил почнале да му мават клоци.Му се заредиле еден по еден.Другаро го клоцнал,па полицаецо го згазнал на сурато,а после другаро пак му манал клоца.По некое време,телото на возачо на рикша прекинало да се витка и да се брани,ама тие не прекинале да го газат дури не го напикале в земја.
--- надополнето: 21 јуни 2012 во 06:23 ---
Следниот ден, една сабота наутро, таа го отвори прозорецот и го виде небото прекрасно сино. Се почувствува весела и среќна.
Отиде во бањата, потоа кон својот шкаф, со желба да се направи мошне убава. Ги погледна полиците и нешто и привлече внимание.

Битолски-Другио ден,една сабота сабајле,та го отвори џамо и го виде небото убо сино.Се осеќаше весела и среќна.Ојде в купатило,после кај шкафо,со желба да се напрај многу уба.Ги опули полиците и нешто му падна в око.
 
Темава е интересна, а одамна заборавена. Ајде да ја реактивираме со нов текст.
Секој на свој дијалект. :)

Тројцата се загледаа. Како да сакаа да откријат кој од нив е сомнителниот заради кого нема да ја отворат портата. Но никој и со ништо не одаваше лоша особина. Брадестиот имаше благи црти на лицето и весели очи. Мустаклијата, сите го знаеа тоа, имаше добра душа, а Сопственикот беше пристар, мал човечец, човек кој имаше жена и дечиња. Тие беа луѓе кои од порано се познаваа, живееја во иста населба, се поздравуваа при средбите, но никогаш не дружеа. Така, ден пред овој, случајно седнаа на иста маса во маалската кафеана и нарачаа: една ракија, една мастика и еден коњак, ги испија, нарачаа уште еднаш, па уште еднаш и секој од нив плати по една нарачка. Така, научија по нешто за секого. Сопственикот беше во пензија заради инвалидност, Мустаклијата беше стар ерген, а Брадестиот вдовец.
Трујцата се загледаа. Како да сакаа да откријат кој од нив е сомнителнио поради кој нема да ја отворат вратата. Ама никој и со ништо не оддаваше лоша особина. Тај со брадата имаше благи црти на лицето и весели очи. Тај со мустаките сите го знаеја, добра душа имаше, а сопственико беше старичок, мало човече, човек со жена и деца. Тоа беа луѓе шо од порано се познаваа, живееја у иста населба, поздравуваа се кога ќе се видат, ама никогаш не се дружеа. Така, ден пред овај, случајно седнаа на иста маса у маалската кафана и порачаа: една ракија, еден с'кс и еден коњак, испија ги, нарачаа уште едни, па уше едншка и секој од нив плати по една порачка. Така, научија за секој по нешто. Сопственико беше у пензија заради инвалидност, тај со мустаките беше стар ерген, а тај со брадата удовец.

Кочански...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom