““““Во дворот на стариот чичко Диме секогаш постоеше куќичка која служеше за се`. Трошна и збрчкана во ѕидовите и во неа можеше човек да најде буквално од глувчиња до делови за локомотива.
Најпрвин почина неговата госпоѓа, а потоа и тој самиот падна во тешка агонија и страдаше од болести кои си доаѓаа една по друга како пијалоци на шанк во саботна вечер. Не издржа кутриот, си замина и тој а сите маки и клевети ги остави на неговиот син, оној неранимајко и расипикуќа кој не дава ни пет пари за тоа што се случи со неговите родители.
Сега сме сами, без соседи... како да живееме во некоја земја сами и оддалечени од светот. ““““
Може да се пробаме со текстот под наводниците?![]()
Кумановски:
У двор на старога чичка Диму увек имаше куќа која служеше за све. Трошна и збрчкана у ѕидови и у њума можеше да се најде буквално све,од глусци до делови на локомотиву. Прво умре његова жена, а после и он сам падна у тешку агонију и фатива га болести кои си доваѓасва едн по друг како пиење на шанк у суботу навечер. Не издржа кутар,отиде и он,а сви муке и клетве истави ги на њиговога сина,онј неринимајко и расипкуќа кој не дава пар за тој што се деси сас њигови родители.
С'га смо сами,без комшие...како да живимо у некоју земљу сами и одалечени од свет.

Баш е интересен валандовскиот дијалект...

Наредно....
