Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Абе по се изгледа АМАК ќе продолжи со натпреварувањето и сега во Четврток ќе се преигра со Овче Поле во Свети Николе... немам извор од некој медиум, но така се збори тука по градот... утре подетално :helou:
Амак СП замина во историјата
Екипата на Амак СП, актуелниот освојувач на Купот, е исклучен од лигата затоа што не се појави на последните два меча, на гостувањата кај Фени И. и Овче Поле. Охриѓани, кои своите натпревари годинава ги играа во Скопје, не дадоа вистинско образложение за своето неиграње, а пропозициите во такви случаи се јасни - следи елиминација.
Ваквиот епилог е логичен след на лошата финансиска ситуација во клубот, кој на почетокот на сезоната се фузираше со Карпош Соколи 2000. Согласно со правилата на МКФ сега резултати на Амак СП во првите шест кола се бришат, а табелата ќе претрпи мали измени.
Пред Амак СП исчезнаа и Николферт, Струмица, Жито вардар, Деликатес Кочани, Неметали Огражден, Орка, Поло Трејд и Куманово, кои имаа инстант успех во своето време па за кратко време ги снајде клуч.
jbg![]()
Јас малце вон темата,ама ќе може ли некој да ме информира што биде со близнаците Стојановски?Мислам дека Дамјан си беше во Амак,ама слушнав дека Војдан отишол да игра на страна??Фала однапред...