Што читате во моментов? (со краток коментар)

  • Креатор на темата Креатор на темата Desert
  • Време на започнување Време на започнување
Jumper - Reflex, Steven Gould

Продолжение на „Скокачот“ Го имаме дејви со неговата моќ на телепортација во различните места низ светот. Ми мириса малку на осовременеост во овој дел, (повеќе убацување фрагменти на Prison Break и теории на заговор), што на некој начин го руши и сопствениот стил. Наводно сеа више типот не е толкав фраер штом е веќе познат со неговите супермоќи.
КАко и да е. Кој не го прочитал претходмиот негов Sci-Fi роман, ПРЕПОРАЧЛИВО е овој да НЕ го запчнува.
Засега од мене нема оцена бидејќи е на почетокот некаде.
 
„Game of Thrones“ - George R. R. Martin

Го почнав првиот дел. Сепак не се издржува без серијата. :)

Што да коментирам? Тие што ја гледале серијата знаат колку генијални карактери гради Џорџ Мартин. Фантазијата не ми е еден од омилените жанрови, ама перфекцијата до која се доведени ликовите ме фасцинира, особено затоа што типот обраќа внимание на секој можен детаљ.
 
7te naviki na uspesnite luge od stiven kovi. nekako mi se gleda mnogu razvlecena i mislam deka poentata moze da se dolovi u so pomal broj na stranici,vaka malku e dosadna.
 
Николо Аманити-Како сака Господ

По препорака на една пријателка која ми го опиша Николо како новиот Макс Банкер се зафатив со опусот на типов и ја купив од Веро. Засега сум на почеток и не ме импресионира премногу хуморот или пак јас имав преголеми очекување, или пак преводот не е баш најдобар, но книгата се развива на супер начин, посебно ликовите во кој можеме да ги препознаеме и луѓето од нашето опкрожување со цела иронија на животот.
Мислам дека има и филм базиран според книгава, кој се прикажувал во кинотека на Македонија. (барем така прочитав на еден блог).
 
До денеска ја читав „Судбината на човекот“ од Михаил Шохолов. Дефинитивно една од по не интересните книги, се зборува за втората светска војна, патот на еден Руски воин од своето семејство , како го напушта за да војува за својата земја, до судирот лично со генералите Германски и неговата храброст која го спасува од пукање на плоштадот, до бегство од германските канџи по што дознава за смртта на неговите најблиски, зема малечко детенце кое е без родители и му вели дека е негов татко... го придомува и продолжува а понатаму незнаеме што се случува.. Не ми се допаѓаше, а вокабуларот е ВООБРАЗЕНО ужасен. Па нема ни литературно македонски превод добар... за сторијата можеби интересна би била кога би имало вокабулар во книгата.

Сега треба да почнам да ја читам “Смрт во Венеција“ од Томас Ман ... се надевам ќе ме импресионира, исто така не голема според страници , но доволно може да бидат ако е интересна и пред се што барам...ако има добар и квалитеен вокабулар :love:
 
Кажувања-Јосип Броз
Автобиогравско дело за животот на ТИТО.
 
Мистерије и необјасливи феномени - во книгата има објаснето повеќе мистерии за пирамидите, нло, бермудски триаголник, атлантида, надприродни појави, древни цивилизации и слично. Ја зедов вчера од еден другар, а сега видов дека ја имам и во компјутер. Има и втор дел.
 
“Среќен е тој што умее да сака“ - Херман Хесе.
Сум чул дека е прекрасен вокабулар употребуван, поради што и ја зедов денеска :)
 
Последна Стража - Последниј дозор - Серге́ј Лукьја́ненко

последна во тетралогијата по Ноќна Стража, Дневна Стража и Стража на Самракот, накратко ова е книга во која постојат „останати“ - луѓе со посебни моќи, светли и темни, кои се борат меѓусебно за да ја одржат рамнотежата во светот
 
Ја почнав Белата Кралица од Филипа Грегори.
Историска драма базирана на вистински настани. Англија во 15 век за време владеењето на Едвард IV и неговата сопруга Елизабет. Сигурно ќе им се допадне на оние кои ја сакаат историјата.
 
Јас се мислам која прва да ја почнам од Пророштвото на Романови на Стив Бери или Записи од мртвиот дом на Достоевски, моментално тие ми се на располагање.
Можеби ќе дадам предност на Пророштвото на Романови, се работи за трилер, заговор, па побрзо ќе се прочита, а потоа да се зафатам со Достоевски или обртно, хмм како и да е двете ќе ги прочитам.
 
The First Heretic - Aaron Dembski-Bowden , за тие што се упатени у Warhammer.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom