Што читате во моментов? (со краток коментар)

  • Креатор на темата Креатор на темата Desert
  • Време на започнување Време на започнување
The Spanish Anarchists (The heroic years 1868-1936) - Murray Bookchin

Историја на Шпанскиот анархизам.
 
Шерилин Кенион - Игра со ѓаволот.
Приказна за забранета љубов, која веројатно ќе заврши како што завршуваат и бајките... сето тоа придружено со многу секс, уствари они викаат водење на љубов и личности од грчка митологија.
 
За кого бијат камбаните - Хемингвеј
Не се сомневам за квалитетот, морав да се сретнам еден ден и со Хемингвеј чисто за да видам дали си одговараме :)
 
За кого бијат камбаните - Хемингвеј
Не се сомневам за квалитетот, морав да се сретнам еден ден и со Хемингвеј чисто за да видам дали си одговараме :)

јас почнав да ја читам во седмо одделение, ама не ми одеше.
ја прочитав подоцна, ама јас и Хемингвеј никако не успеавме да се засакаме.
можеби прерано се сретнавме :)
 
некое предлогче за читкање? :) некоја книга така.......поопширна?
 
некое предлогче за читкање? :) некоја книга така.......поопширна?

Тихиот Дон...
ако не сакаш Руски класик ондак
Клетници...
ако ти се прочитани ондак...
Дон Кихот...
 
Тихиот Дон...
ако не сакаш Руски класик ондак
Клетници...
ако ти се прочитани ондак...
Дон Кихот...
клетници ми е читкано...првото го земам уште утре :)
џи тенкс :)
 
некое предлогче за читкање? :) некоја книга така.......поопширна?
не толку опширни:
Шагринска кожа од Балзак
Мајсторот и Маргарита од Булгаков
Волшебниот брег од Томас Ман

опширни:
Браќата Карамзови од ДОстоевски
 
кога ќе ја прочиташ, кажи која ти се допаѓа повеќе Аксиња или Наталија.
 
Моментално ја читам “Мајсторот и Маргарита“ од Михаил Булгаков, и иако не сакам скоро ништо со потекло руско, морам да го пофалам речникот кој е употребуван во оваа книга што е единствениот предизвик кој ме тера да ја отворам и да прочитам нови страници секој ден.
 
Крвна врска-Сидни Шелдон
Си реков, штом претходниот трилер од него (Странец во огледало) ме освои веднаш, мора и овој трилер да го прочитам.Уживам во неизвесноста штом ќе ја фатам во раце...
 
Матарешки Круг од Роберт Ладлам. Ја читам на српски бидејќи добив на поклон 3 книги од Ладлам на српски јазик, на ако треба и на кинески да се, ќе го научам само да ги читам неговите книги!
 
Чувар на виножитата - Младен Србиновски

Добра книга, ја препорачувам. На моменти, превише описи, бар според мене. На други моменти, дава многу јаки цитати, некои според поентата што ја носат, а некои ради уметничко задоволување, како овие: "Скриен од мракот, во тие моменти си ја пишував во себе мојата поетика, личен манифест на моето гледање на нештата што ме опкружуваат.", "Мирувањето е мајка на мислењето, а молчењето бабица на уметноста".

Критики за општеството: "Прејадени и разочарани и на кои ништо веќе не им прима и не им вари стомакот, здодевно вртејќи глава од сѐ, на Запад им остана уште да се насмеат и да ни завидуваат на нашите празностомачни умувања: цел живот да го поминеш со рацете в џеб и да подсвирнувашм подзинувајќи на облаците и на виножитата."

Значи, книга у која има најразлични моменти и се насетуваат почетоци на други книги. Исто и истовремено пишувал за различни возрасти. Иако книгава е 100тина страни, има за секој по нешто.

Дали некој ја прочитал "Македонски Фауст" од него? Ако не се лажам, се дава у Мнт театар центар?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom