Што читате во моментов? (со краток коментар)

  • Креатор на темата Креатор на темата Desert
  • Време на започнување Време на започнување
Моментално Кајгана..хаха :)
Лагам сега за зимскиот распуст да ја читам Илијадата :nesvest:
 
Името на розата - Умберто Еко
Средновековна „енциклопедија“ за различните христијански движења, предадена низ скапоцен избор на зборови во одбран дискурс. Ниедна реченица не е одвишна!
 
„Раѓањето на Венера“ од Сара Дунант
Кога станува збор за литература, треба многу за да ме обземе книга, но ова е дело кое што има достоен, прифатлив стил на пишување и совршен тек на раскажување на приказната која што е целосно обоена во богати описи, епитети и метафори.За сите кои што сакаат историски романи, дејствието е конкретно сместено во ренесансна Фиренца под влијанието на лажни пророци и фамилијарниот грб на Медичите, и се забавуваат со интриги кои што не се површни, туку повеќе се политизирани и обвиени со лажен морал, наполно ќе уживаат во книгата.
Хероината сама по себе е лик кој што вреди да се анализира и разградува.
 
Бањски гостин од Херман Хесе.Во книгата Хесе ги опишува сопствените искуства за време на престојот во една бања.
 
Поезија од Блаже Конески. Вреди да се чита. Квалитетни стихови составени од длабоки зборови, собрани во целина во која ништо не е повеќе и ништо не е премалку. Интимна исповест на писателот која не се чита - се чувствува.
 
Името на розата - Умберто Еко
Средновековна „енциклопедија“ за различните христијански движења, предадена низ скапоцен избор на зборови во одбран дискурс. Ниедна реченица не е одвишна!
Ни ја препорача Џепароски, ама и го имав заборавено насловот :vozbud: :vozbud:
Од кај ти е? ај ако може од кога ќе ја прочиташ дај ми ја на користење :smir:
 
Ооо колку имам започнато книги за читање...Мапа од коски ја читам подолго време, ја довршувам Калуѓерот што го продаде своето ферари, малце ја чепнав Најголемиот трговец на светот, до пола сум со Говор на телото, а вчера ја купив и Сопругата на дипломатот. За едно 100 години ќе ги дочитам :)
 
Ооо колку имам започнато книги за читање...Мапа од коски ја читам подолго време, ја довршувам Калуѓерот што го продаде своето ферари, малце ја чепнав Најголемиот трговец на светот, до пола сум со Говор на телото, а вчера ја купив и Сопругата на дипломатот. За едно 100 години ќе ги дочитам :)

Браво се си започнал а ништо не си завршил.Ама ајде кај и да ќе биде...Да не бидам оф топик Говор на телото е добра книга и Сопругата на дипломатат,но таа е продолжение на Девојката на генералот,ок е може и оделно да се читаат.
 
Стручна литература: Како да го направиш вистинскиот избор, а притоа никој да не сети дека си единствен.
 
"Лавиринт" од Кејт Мос би ја препорачал за оние кои читаат трилери со примеси на мистерија, археологија, историски настани. Дејствието го следиме преку две млади девојки, едната Алис Тернер во сегашноста во југозападна Франција и другата Алаис Ду Мас околу 1200-та во времето на крстоносната војна против Катарите...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom