"Материјал за брак" или само уште една "обична девојка / момче"?

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Незнам дали спаѓам во групата на повозрасните но ќе одговорам. Материјал за брак се познава после подолга врска. Од жената барам да е НОРМАЛНО убава и симпатична, психички стабилна, да е образувана и финансиски самостојна. Бракот го сваќам како заедница каде не треба парите да се ставаат на купче, туку секој да си работи за него, заедно да се одвојува за децата, автомобил, куќата... нормално не во смисла на еве од мене 20,000 дај и ти 20,000, да се има разбирање но никако материјално искористување и злоупотребување на партнерот, некој да работи а некој да троши. Фала му на Бога, умреа таквите мажи и жените погледнаа појасно во саатот и видоа колку е. Плус така е и полесно за евентуален развод, секој си е самостоен и не е зависен од никого. Нели тоа го сакаат жените или не ?

1.Па и не мора да значи,искрено како поминува времето почнувам да го декодирам времево:) и сфаќам дека не ти треба вековно долга врска за да го запознаеш доволно човек за да стапиш со него во брак(и онака еден живот е малку за да го запознаеш човек,секогаш нешто ново ќе те изненади).Финтата е во розевите очила,колку потрезвен е човек при силни емоции,толку поскоро ќе увиди кој стои покрај него и дали е за него.
2.Искрено,парите се најнеблагодарната работа кој може да застане помеѓу двајца луѓе,зборувам и за врски и за брак.Од мое искуство,мразам да зборувам за пари,мразам кога друг ми зборува за нив,па реваншизам од типот ти плати минатиот пат јас сега ,се страшна глупост, ниту јас си го гледам партнерот на тој начин ниту сакам тој мене да ме гледа така,ако имам јас во моментот имаме двајцата .Тешко се постигнува баланс во денешно време кога се парите и љубовта во прашање,а и луѓево сето тоа дополнително го проблематизираат,јас како учесник и набљудувач не го сфаќам тоа.
Во однос на она некој да работи а некој да троши е тоа е некаде блиску до една работа која јас ја барам од партнерот.Никогаш не би била со мрзлив човек,човек кој е толку возгордеан што во моменти на криза подобро би потонал отколку да работи нешто,човек без никаква способност да се снајде во ситуација.Утре задутре треба да оформиме семејство нема јас да бидам и мажот и жената во бракот.Ако маж ми ме остави да си ја чукам главата што ќе правиме сега ако настане криза а он дреме дома без никаква иницијатива алал вера за бракот.
Знам момци дека сме комплицирани ,јас како репрезент на женскиов пол го признавам тоа:pipi:ама една работа верувам е иста кај сите жени,ниедна жена нема да дозволи да биде до крајот на својот живот со маж кој нема заштитничка улога кон неа,тоа прво го чувствуваме.Самата природа тука некаде ја поставила границата меѓу половите,посилниот и поубавиот дел.Кога мажот ја губи таа природна нишка,жената бега ,тоа е исто како она што секогаш го нагласувате дека сакате жената да ви биде убава.
 
Еј поубавиот бе... :) Грдотии има и кај нас и кај вас (настрана тоа секој е убав на свој начин и такви приказни) Знам за тоа дека така се делат половите, но кој ги измислил термините, нека оди упм... :)
Инаку за онтопик ,па фала богу да се признае конечно. Во сите постови тоа го зборам, дека колку и да станал цивилизиран светот и жените самостојни, жената секогаш во мажот ќе бара цврстина и во карактер и физичка, способност да ја заштитува. Таква ни е природата, тоа не се менува со социо-економско-општествените прилики.:smir:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom