Значи нашиот јазик е многу интересен и богат и треба секоја генерација да го цени и да го возвишува. Постојат народи со изумрени јазици и ние тоа не треба да си го дозволиме. Инаку постои преголема американизација, пропаганда за ширење на нивниот јазик. Секако е потребен и воопшто неопходен во целиот свет, но не по таа цена што би се запоставил јазикот на земјата во која се шири (така да се изразам). Ете и овие American Corner што ги има на секој агол, и тие служат за таква пропаганда. Волонтери и триста чуда, се за англискиот јазик. Што нема Macedonian Corner во САД? Нашата граматика е единствена и уникатна. Нашиот јазик е просто преубав. И англискиот си има своја вредност и тежина, но за друга земја.
Мислам дека самите ние дозволуваме таа пропаганда да се шири и никој друг.