Дали македонскиот јазик е „кул“?

  • Креатор на темата Креатор на темата Nemiseverue
  • Време на започнување Време на започнување
Кул е лош збор за опис на еден јазик.
Како и да е, јазикот ни е добар, ЛИТЕРАТУРНИОТ збориме.. Англиски реченици почнуваат да користат скоро сите народи, не само ние.
Но кај нас проблемот е друг,
Скопје и градовите навака - Србизми
Битола, Прилеп и тн. - Турцизми
Крива Паланка и др. градови натака - Бугаризми

Ние незнаеме да си го негуваме јазикот. Премногу користиме туѓи зборови. Инаку на јазикот не му фали ама баш ништо. Ок можеби имаме мал фонд на зборови, но може тоа да се подобри, ако се сака, кај нас незнам колку се сака баш тоа.
 
Зборуваме, наваму, натаму, не знаеме, во ред.

Чисто за да потенцирам:smir:
Инаку, со глобализацијата, некои интернационализми се неизбежни.
Сепак, забележувам дека и самиот често користам англиски фрази дури и таму кај што има соодветен превод.:toe: Не знам зошто, ама така е кај поголем дел од народот.
Македонскиот е релативно нов јазик, кој допрва ќе се развива.
 
Не очајувајте, во англискиот јазик има многу голем фонд на зборови кои што потекнуваат од францускиот. Ние нема што да очајуваме се додека нашите зборови се вртат во употреба. Единствен проблем што гледам е употребата на англиски зборови наместо соодветните македонски, во обид да се докаже нивото на интелегенција. Но оваа појава се гледа и кај нашите пра-дедовци од 19 век, кога францускиот жаргон им е секојдневие.

П.С.
Нај кул работа во македонскиот јазик е писмото, странците се воодушевуваат на едноставниот изглед на нашите букви, посебно кога гледаат низ некоја книга. Навистина македонската кирилица е навистина убаво и едноставно писмо.
 
Македонскиот јазик е доволно добар за да мора без потреба да го мешаме т.е. да му додаваме други јазици. Лично јас не користам странцизми, барем не кога имам македонски збор за тоа што сакам да го кажам. Исто така мразам да ги слушам истите ... ми се случува на форумов да престанам да читам пост откако во него ќе прочитам нешто како "сенс", "нејсе" и сл.
 
Англискиот јазик е интернационален јазик. Сите јазици во светот „паѓаат“ на неговото влијание. Како на времето што беше со латинскиот така сега со англискиот.

Има многу примери.

Во Битола се користат француски зборови (стило,учител - македонски е даскал,), после 1-ва светска војна сите инженерски книги беа преведувани од германски па дојдоа изразите (кумплунг, дихтон, лагер...бош, лер, гас..)
 
Неизбежно е да доаѓаат англицизми во нашиот јазик. Јазикот се менува, не можиме ништо против то. Ама ме нервира една работа. То шо, користиме англиски зборој, а веќе имаме наш збор за некој предмет, појава..На пример, Океј. Зошто да го користиме Океј, кога веќе имаме еден збор за то? Или па..Down..Често наоѓам насекаде, а и самата се имам фатено како го користам down. Денот ми беше ептен down. Зошто да не си го користиме нашиот збор туку да земаме од друг јазик?
 
Епа или така или ќе бидиме како хрватите...за секое нешто...буквален превод...
 
Еве пример во врска со заразеноста од Холивуд во напиот секојдневен говор. Погледнете го мојот потпис. Зар не би можел да го напишам истото и на македонски? Можам нели... вакви примери како мојот има многу. Зошто се одлучуваме за нешто не наше? Се понижуваме или?
 
Добро едно време на дел од форумџии им беше т.е. уште им е фора во дел од текст да опнат некоја англиска фраза као демек знаеме англиски....јака работа, ко да тоа не можат да го кажат на македонски. Дефинитивно кога се збори за некоја виша технологија, компјутери ово оно МОРА да се користат „стручните„ терминологии т.е. англиските веќе зададени зборови со некое значење....А за кул и фенси и тренди да не праиме муабет, т.е. не ми се прави за тоа муабет
би завршил со ОКЕЈ:pos:
 
Добро едно време на дел од форумџии им беше т.е. уште им е фора во дел од текст да опнат некоја англиска фраза као демек знаеме англиски....јака работа, ко да тоа не можат да го кажат на македонски.
Ете јас на пример, не за да се пофалам дека знам англиски ама за да бидам ,,кул,,(шо беше и формулацијата на Виктор) или да не бидам ,,стара баба,, па во тој стил и за да се вклопам ете конкретно во форумската говорна сфера.
Ако сите се согласуваме дека е глупаво и веќе нема смисла, зошто не почнеме да ,, Говориме македонски,,!

Ко кампања на ВМРО сум!:pos:
 
Хех, далеку од кампањи пу пу...

Туку, не да покренеме кампања, ама има ли храбар момак со два пара “џамлии“ или девојка со стил која ќе ми го најде правилниот одговор на прашањето. Зошто е македонскиот потценет а англискиот толку “кул“?
 
Правилниот одговор на прашањето....го немам ама може да ти понудам мое мислење и гледиште на ова прашање:wink:

Прво македонскиот не е потценет. И покрај многуте обиди да не асимилираат и претопат во нешто што не сме сме успеале да го задржиме она што отсекогаш сме биле. Покрај тоа што сме останале она што сме, сме успеале да го зачуваме она што е најголемо богатство за еден народ - неговиот јазик. Штом сме го зачувале значи сме го ценеле. А не сме го потцениле затоа што не сме прифатиле да зборуваме на друг јазик како што било и замислено.

Е сега...македонскиот во однос на англискиот. Ајде да бидеме реални. Македонски се зборува во Македонија. И самите знаеме колку е површината на Македонија и колку жители има. Мало е подрачјато каде се зборува македонски. За разлика од македонскиот англискиот се зборува во Велика Британија, Северна Америка и Австралија. Не дека не се ценам доволно себе си туку реално гледано англискиот е прифатен и за светски јазик и го зборуваат многу од жителите на планетава. Глобално земено англискиот го познаваат повеќе од половина од жителите.

Зарем англискиот е кул? Тогаш и германскиот, и францускиот, финскиот, македонскиот, српскиот, италијанскиот.........се кул исто така. Секој јазик е кул. Секој јазик е обележје на еден народ, на кои кои го употребуваат во секојдневниот говор, на оние кои учат да зборуваат на тој јазик.
Ние сме тие кои правиме некој да се издигне над нас, над нашиот јазик. Треба да ја пронајдеме вината во самите нас затоа што употребуваме туѓи зборови. Очигледно имаме погрешна перцепција на богатството да знаеш да општиш на повеќе јазици. Јазикот не служи да го употребуваме колку да покажеме дека знаеме некој збор на друг јазик. Тој служи за да може да се разбереш со некого кога одиш некаде. Никој нема да те разбере ако единствено знаеш да кажеш hellooo или what the fuck. Треба да научиш доволен фонд на зборови и да знаеш како да ги употребиш.
Иритирачко е кога некој зборува на македонски и одеднаш гром од ведро небо па некој збор на англиски. Глупост. Самите не знаеме да си го цениме јазикот и очекуваме дека некој друг ќе ни цени. Никогаш нема да се случи тоа.
Македонскиот не е потценет. Самите ние го потценуваме и го ставаме до степен на неупотреблив поради извештаченоста што се добива кога се употребуваат странски зборови.
 
Ништо ново Кики, сите го констатиравме тоа, но зошто сеуште на сите потписите ни се напишани на англиски? и Покрај констатацијата. :toe:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom