Дали би биле во врска во која секој партнер е слободен да прави што сака? Мислам на тоа, кој кога и да присака да може да биде со друг/а, онака еднократно задоволство, па пак да се врати назад и дури да си сподели искуство со другиот. Значи искрена и отворена врска во која има љубов, но сепак е дозволено се`?
Дали во таква врска, мислите дека љубовта и сексуалните нагони би биле два различни поими и би било во ред таквото однесување? Тргнувам тука од фактот дека нели има луѓе кои можат и имаат сексуални односи без подлабоки чувства ... за да не ви испадне многу лошо прашањето де.
Дали можеби е подобро да има такви врски, во кои не би дошло до раскинување само поради едно чисто физичко задоволување, кај тие кои можат да го разграничат тој поим?
И уште нешто ... дали доколку би биле толку слободоумни би биле помалку повредувани, повеќе задоволени и би имале сите подолготрајни врски?
:nerv: Дивајн... :nerv:
Да објаснувам уште?...
Искрена и отворена врска во која има љубов, но сепак е дозволено се’??? Каква е таа љубов, извини што ќе прашам, каде двајцата партнери се индиферентни на фактот дека другиот, а и тие, легнуваат со секого кон кого ќе почуствуваат само страст (може и повеќе, ама состојбата им оневозможува да го забележат тоа), а притоа да нема ниту ронка љубомора???? Љубомората, онаа нормална (не опсесивна) која ја има во секоја нормална врска, е најголем, да не речам -ЕДИНСТВЕН доказ дека постои љубов. Овде нема ништо, па ни љубов. Најверојатно се’ е сведено на телесни задоволства, каде емоциите се непознат поим. Ваков вид врска, претпоставувам, се темели исклучиво на материјална база и ништо повеќе. И можеби, трунка, лажно чувство на сигурност и припаѓање...
Последователно на таквите врски би било дека нема ни да се дојде до брак...мислам дека тоа сакаше да каже Синдикат.
Ако сите бараат "отворена" врска,нема никогаш да се смират со еден и да оформат семејство.
Хм... а што ако ти речам дека има и “отворени бракови“ :nesvest: :pop:
И тоа со договор, усмен или писмен, не е битно. Де јуре си во брак, де факто -како да не си. Бракот како институција го користиш само за некои бенифиции, а суштината на бракот останува непознато пространство.
Во отворени врски и “отворени бракови“ најчесто влегуваат луѓе кои сакаат да замаскираат нешто, да создадат илузија пред општеството дека нешто е така како што изгледа, а воопшто не е. На пример, врска или брак помеѓу геј и лез, со претходен договор за отворена врска/брак (овде веќе ми е јасно по малку :smir

. Еве баш сношти гледав еден таков филм (Between Love & Goodbye) каде геј и лез стапуваат во брак, додека типов има љубовна врска со друг типац. Бракот им беше за да овој првиот побрзо земе американско државјанство. Ви текнува на некој таков брак во Македонијава, каде бракот постои само за се’ да изгледа совршено? Ај, мислете.