Отворена врска ...

Врска без обврска?

  • ДА

    Гласови: 19 33,3%
  • НЕ

    Гласови: 32 56,1%
  • Не знам

    Гласови: 6 10,5%

  • Вкупно гласачи
    57

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Незнаев како да ја насловам темава, ваљда вака ќе биде добро. Ме инспирираше темата на Тореадор, па вака ...

Дали би биле во врска во која секој партнер е слободен да прави што сака? Мислам на тоа, кој кога и да присака да може да биде со друг/а, онака еднократно задоволство, па пак да се врати назад и дури да си сподели искуство со другиот. Значи искрена и отворена врска во која има љубов, но сепак е дозволено се`?

Дали во таква врска, мислите дека љубовта и сексуалните нагони би биле два различни поими и би било во ред таквото однесување? Тргнувам тука од фактот дека нели има луѓе кои можат и имаат сексуални односи без подлабоки чувства ... за да не ви испадне многу лошо прашањето де.

Дали можеби е подобро да има такви врски, во кои не би дошло до раскинување само поради едно чисто физичко задоволување, кај тие кои можат да го разграничат тој поим?

И уште нешто ... дали доколку би биле толку слободоумни би биле помалку повредувани, повеќе задоволени и би имале сите подолготрајни врски?

И така ... :pipi:
 
Хм хм хм..Според мене, т.е Јас не би можела да имам ваква Слободна врска..Или доколку би почнела таква врска, нема шанси текот на врската да биди ист..Сигурно би се вљубела во него, и не би сакала да продолжам да имам таква врска..И глупо е..шо знам..Како би се нарекла та врска?Мување..Муво-одење?
Не знам..Ептен неубо би ми било мене..
 
Nema teorija.. Ili e so mene ili so site..
Podobro da se zavrsi sve na muvanje..
 
Хм хм хм..Според мене, т.е Јас не би можела да имам ваква Слободна врска..Или доколку би почнела таква врска, нема шанси текот на врската да биди ист..Сигурно би се вљубела во него, и не би сакала да продолжам да имам таква врска..И глупо е..шо знам..Како би се нарекла та врска?Мување..Муво-одење?
Не знам..Ептен неубо би ми било мене..

Но ете, таквата врска би значела дека и ти можеш без ограничување и грижа на совест да бидеш со некој кој во меѓувреме ти фатил око, без воопшто да се устручаваш и да потиснуваш некакви чувства. При "нормални" околности, би требало да раскинеш со партнерот за да тргнеш по тој кој само на поглед те пали и со кого можеби и нема да сакаш ништо повеќе. Вака ем би пошла со него, ем пак би се вратила на саканиот ...
Ова колку уште малку да ја објаснам темата ... :smir:
 
Не знам..Искрено, ако сакам да се мувам со други наоколу нема воопшто да започнувам никаква врска, па ни отворена..Во принцип сум личност шо кога е со еден, сака да биди само со него..Така да, не е за мене ваков тип на врска...:smir:
 
Можи да има ваква врска и најчесто тоа се случува помеѓу пријатели, има и термин таков пријателски секс. Би прифатил ваква врска зошто да не, немам никакви предрасуди. Но во никој случај не ја оценувам оваа врска како идеална, зошто можи многу лесно да се случи едниот партнер да се заљуби.

Иначе на прашањето за крај ќе речам би биле помалку повредувани (доколку не се заљубиме), дефинитивно повеќе задоволени и во никој случај ова не влијае на должината на врските.
 
Не сакам такви врски, ми немаат смисла. Или идеме или не. Ако сакам да се мувам со други и да си бидам максимално слободна тогаш не би ни почнувала никаква врска па дури и тоа да биде отворена...Би си останала со типот само на мување па така ќе си ја имам слободата и би си правела што сакам и како сакам без ограничување.
 
врска без обврска
па може, зошто да не, посебно во овие години, кај шо треба да се забавувам максимално, а не да се врзам за една личност
другарка ми не сака таква врска со дечко и, ама вика и да оди со друга за една вечер за секс, нема да ми е мака, зашо јас тоа не можам да му го дадам, а сите си имаме потреби
 
ajde sega da rascistime nekoi raboti.....
toa ne e vrska.
edno e da se onadis so nekoj i da imas muabet za se u zivotot
a drugo e da imas vrska
 
Прекрасно е во таква врска,под услов и двајцата првенствено да сте пријатели.Доколку премногу се препуштите на љубовта што на крајот и вообичаено се случува(барем кај едниот),тогаш веке врската или ке пропадне или ке помине на друго ниво.Значи таквата состојба не е одржлива.Ама сепак,дотогаш има многу време така да еnjoy the freedom and freewill...:pipi::vozbud::vozbud::vozbud:
 
со глед на човековата природа, таква врска би била добра ако се прекина таквиот однос по формирањето на семејство и би вродила со поголема стабилност на понатаможното семејство бидејќи и двајцата од партнерите се заситиле, па на раат можат да си ги растата децата, без потреба да размислуваат за швалери и швлаерки.
Е сега некој тоа не го дефинира како врска некој да, ама помеѓу двајца партнери кои се договориле да имаат таква врска, според мене се искачиле на повисоко ниво, бидејќи така свесно земаат обврска дека и покрај имањето секс со други особи духовната љубовна врска останува иста.
 
Дали би биле во врска во која секој партнер е слободен да прави што сака? Мислам на тоа, кој кога и да присака да може да биде со друг/а, онака еднократно задоволство, па пак да се врати назад и дури да си сподели искуство со другиот. Значи искрена и отворена врска во која има љубов, но сепак е дозволено се`?

Не,бидејќи самата помисла од тоа да е со друга ми создава некој немир,а камо ли па да знам дека ТАА вечер е со друга.
Пу пу,скраја да е,уште па да ми кажува како поминал...
Ако има љубов во врската,нема да има потреба да шара на страна и да има безначаен секс за една вечер...:toe:
Дали во таква врска, мислите дека љубовта и сексуалните нагони би биле два различни поими и би било во ред таквото однесување? Тргнувам тука од фактот дека нели има луѓе кои можат и имаат сексуални односи без подлабоки чувства ... за да не ви испадне многу лошо прашањето де.

Да,љубовта е едно,а сексуалните нагони се друго...но во детската љубов,кога не знаат што е љубов,а не па сексуални нагони,а во зрела врска тие одат заедно.
Зашто партнерот мој,ако е задоволен (викам "задоволен" бидејќи не би бил сеуште со мене) би барал некои кратки авантури,без чувства?
Дали можеби е подобро да има такви врски, во кои не би дошло до раскинување само поради едно чисто физичко задоволување, кај тие кои можат да го разграничат тој поим?

Каде е иднината на една таква врска,дали зарем и кога (ако) стапат во брак и имаат деца,пак ќе биде продолжена таа рутина да тркне до кај комшиката за си ги задоволи своите потреби?
Во една ваква врска,би се чувствувала прелажана(дека воопшто постои љубов),неспособна(да го задоволам,па мора да оди кај други),љубоморна(на таа што може да му понуди повеќе од мене)...
Кога ќе сумираме се`...зашто воопшто е уште тој со мене?
Секс?
Не,зашто би бил поради тоа кога секоја втора вечер оди кај друга?
Љубов?
Каде има тука љубов?
Семејството?
Во ваков брак,не би се ни знаело значењето за зборот "семејство",ниту пак на зборот "брак",нели тој беше света заедница на двајца,додека смртта не ги раздели,заедно и во добро и во зло,без шрељуб... бла бла?

И уште нешто ... дали доколку би биле толку слободоумни би биле помалку повредувани, повеќе задоволени и би имале сите подолготрајни врски?

И така ... :pipi:

Ако сум слободоумна,ДА,би била помалку повредувана,повеќе задоволена...со врски што не би траеле подолго од една вечер...

Заклучок:
Не,во никој случај не би го делела партнерот.
Ако е со мене-Е со мене и готово.
Првата прилика кога ќе увиди дека не му е доволен сексуалниот живот што го дели со мене...врската пропаѓа.
Повеќе не би гледала иднина на врската,зашто ЉУБОВ во мојот речник изгледа не значи истото што и кај него...
 
Кога ќе сумираме се`...зашто воопшто е уште тој со мене?
Секс?
Не,зашто би бил поради тоа кога секоја втора вечер оди кај друга?
Љубов?
Каде има тука љубов?

Па поради секс е со тебе. Многу глупа ти е логиката, ако тој беше способен да оди кога сака кај некоја и да добие секс значи тој нема потреба од таква врска. Ти како напрај сега, дека ко ќе ти прдни жена за ебање се наоѓа. Сеа јес да сакаш да докажиш нешто, ама цел понежен пол го деградираш со ова.

А љубов не смеј да има, то се договоривме.

Иначе за 10 години драстично ќе ти се промени ставот, ти ветувам :wink:
 
За љубов,Дивајн убаво се изјасни,дека ќе постои љубов во врската,ама да може и двајцата да си шараат.
А за тоа дека е за секс со мене,ти држи вода логиката,ама јас мислев да си има една или две да речеме на страна со кој што ќе си има работичка.
Да си ги мења,секој втор ден нова,бегај таму-после јас некој инфекекција ќе закачам.

А за ставот,не верувам,иако ми ветуваш.Би ми се смениле ставовите,доколку искуството ми го докаже спротивното,а бидејќи ваква врска ни под точка разно не планирам да имам-нема да имам такво искуство.:smir:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom