Македонска ватерполо репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата Tanurovski
  • Време на започнување Време на започнување
хехе колку само не си во право,да странски играчи се меѓу нив има и наши истотака ,не заборавај покрај тоа што се странци играат под нашето македонско знаме и ја направија Македонија многу јака ватерполо репрезентација која може да се носи со сите светски сили,тоа заслужува и поголем почит можеби од пливачите...кои пливачи ?:toe:
Млади пливачи, тие пливачи... да не сакаш пливачите да се развијат во добри пливачи на атлетска патека? А тие странци не играат за Македонија, тие странци играат за пари. Ај да направиме вака, зашто да се мачиме со наши играчи, еве да ги натурализираме комплетно и фудбалската и кошаркарската и одбојкарската репрезентација, ќе не направат многу јака селекција :vozbud: Не е тој начин за постигнување успеси, мизерно е кога гледаш дека цела репрезентација ти е од странци + сите од Екс-Ју ни маваат сеири :kesa:
 
Млади пливачи, тие пливачи... да не сакаш пливачите да се развијат во добри пливачи на атлетска патека? А тие странци не играат за Македонија, тие странци играат за пари. Ај да направиме вака, зашто да се мачиме со наши играчи, еве да ги натурализираме комплетно и фудбалската и кошаркарската и одбојкарската репрезентација, ќе не направат многу јака селекција :vozbud: Не е тој начин за постигнување успеси, мизерно е кога гледаш дека цела репрезентација ти е од странци + сите од Екс-Ју ни маваат сеири :kesa:
Тие млади пливачи не е ништо ново што немаат кај да пливаат во зимскиот период,за жал и треба да се реши тоа ,меѓутоа не е моментот сега да се плукаат ватерполистите кои не е важно дали играат за пари или за што било друго,важно е дека играат за Македонија ,со нивните успеси ќе привлечат внимание на младинава се повеќе да го тренира овој спорт и со тек на време ќе изградиме репрезентација со наши ватерполисти

Доколку ова не го направивме вака со ватеролото,да земеме странци да играат ние никогаш немаше репрезентација да направиме,барем не волку силна (не ми е јасно како сето тоа се направи и зошто се направи,не е важно,испадна добро и многу силна екипа,вредна за почит па кој сака нека игра во неа )
Тој примерот со кошарката и фудбалот ич не го ни коментирам бидејќи безпотребно го спомна и неможе ни малку да се спореди со ватерполото
 
можеби од пливачите...кои пливачи ?:toe:


На пример една пливачка која и донесе балкански злата на Македонија по 7 години пауза, од времето на Бошевска и Маленко.
 
Во исто време се форсираат кампањи со сугестија младите да спортуваат,спот со пливачкиот ас Томи Стефановски секојдневно се врти по телевизиите,а од друга страна пливачкиот спорт нема каде да се практикува.Практично во државава нема ниту еден затворен базен во функција.И после сакаме квалитетни пливачи,идни врвни ватерполисти,епа такви не можеме да создадеме со три месеци тренажен процес.Жалосна е ситуацијата.
 
Остана да се реализира уште ветувањето на Владата дека ќе се изградат 10. затворени базени низ државата меѓу кои и еден во Скопје. Но до тогаш ќе мора спортот да чека подобри времиња. Не ми е јасно како после толку време еден голем објект како Олимписки сеуште е жртва на манипулации.
 
Кога играат нашиве со Грција?Срамота ако за тој натпревар не им обезбедат екстра услови.:tapp:
 
Кога играат нашиве со Грција?Срамота ако за тој натпревар не им обезбедат екстра услови.:tapp:

Екстра услови и на трепки да застанеме не може да има, не сте свесни колку се очајни базените, штом кровот прокипува, за внатре да не зборувам. Среќа плочките и филтрите се сменети, другото е крш. Барем водата да е топла и ако играат во Карпош осветлението да го подобрат.
На Олимписки осветлението за натпревари е добро, немам забелешки, дури и трибината собира повеќе гледачи, ќе има интерес за мечов, ама 50 метарски базен да го греат само за тој натпревар скапо ќе ги чини -.-
 
Македонија гостува кај Хрватска во Светската ватерполо лига

Ватерполо репрезентацијата на Македонија денес од 17 часот против Хрватска го игра натпреварот од 4. коло од Светската лига во ватерполо

Натпреварот ќе се одигра во Вараждин, а противникот на македонската репрезентација е главниот фаворитот за првото место во групата 2. Селекторот Стеван Нонковиќ на располагање ги има сите репрезентативци кои ги повика за овој настап. Селекцијата на Хрватска во натпреварот против Македонија ќе влезе со најсилниот состав откако во последното коло загуби од Грција на пенали.
Покрај овој дуел во втората група се игра и натпреварот Грција – Русија.
На чело на табелата е Хрватска со 7 бодови, Русија има 6, Грција 5, а Македонија е последна без бодови.
 
Натпреварот против Грција во Олимписки базен?


Постојат големи шанси ватерполо натпреварот меѓу репрезентациите на Македонија и Грција да се одигра во Олимпискиот базен во Скопје Ова денеска во Скопје го соопшти генералниот секретар на пливачката и ватерполо федерација, Стефан Пуленковски, додавајќи дека во моментов се полнат двата големи базени, Карпош и Олимпискиот базен во Скопје

Двоумењето за тоа на кој базен да се одигра натпреварот против Грција доаѓа од неколку причини. Прво, од бројот на публика, бидејќи Карпош базенот може да прими публика од 750 лица а Олимпискиот базен 2000 посетители ако се доградат дополнителни трибини.

Втора причина е заинтересираноста за овој натпревар и најважната работа безбедноста бидејќи сепак се работи за репрезентацијата на Грција, и меч од ризик. Олимпискиот базен е многу побезбеден бидејќи публиката е одвоена од базенот на поголемо растојание отколку во базенот Карпош.

„Неофицијално ветено е дека базенот Карпош нема да се затвори по одржувањето на натпреварот, и ќе продолжи да работи, под истите услови и цени кои ги имаше и пред да се затвори“ потврди Пуленовски.

Од друга страна федерацијата и Олимпискиот базен успеале да постигнат преддоговор, пливачката федерација го стопанисува и управува со спортскиот дел од базенот.

Сега преостанува да се одржи седница на управниот одбор за која треба да се одлучи дали федерацијата може да ги издржи условите. Пливачката федерација понатаму треба да се грижи за работата на базенот.

Стеван Нонковиќ, селекторот на Македонската ватерполо репрезентација изјави дека на натпреварот против Грција, Македонија ќе биде засилена за уште еден играч, Здравко Делаш кој игра на центарската позиција во Лацио, и родум од Сплит.

Селекторот Стеван Нонковиќ за натпреварот со Хрватска кој Македонија го загуби со резултат 9:12, изјави дека тоа бил добар натпревар на кој Македонија постигна девет гола и тоа го радува, но Хрватска е толку силна што кога ние ќе дојдевме до два гола разлика, хрватите ќе се одлепат на три.

Натпреварот од Светската златна лига против репрезентацијата на Грција ќе се одржи на 16 март во Скопје.
 
http://www.facebook.com/event.php?eid=357157013953&ref=mf



Кога играат нашиве со Грција?Срамота ако за тој натпревар не им обезбедат екстра услови.:tapp:

вторник, 16 март 2010 19:00


услови никакви, туку да им дадеме поддршка на нашиве (натурализираниве и неколку надежни)

карта колку што знам ќе е 300

а еве и група на фб отворил колегата

http://www.facebook.com/?ref=home#!/group.php?gid=353384444317&ref=ts
 
ОЛИМПИСКИОТ БАЗЕН ПОДГОТВЕН ЗА ОДИГРУВАЊЕ НА НАПРЕВАРОТ ОД СВЕТСКАТА ЛИГА ВО ВАТЕРПЛО

Грците во златен кафез
Репрезентативците на нашиот јужен сосед ќе пристигнат во Скопје денеска во 14:00 часот под силно обезбедување од страна на МВР. За време на престојот ќе имаат два тренинга, а ќе си заминат веднаш по натпреварот

82CDAB70B270864F9EB05B3098DF3476.jpg
Еден ден пред одигрувањето на историскиот натпревар во ватерполо, меѓу репрезентацииите на Македонија и Грција во рамките на Светската лига, од технички аспект се е подготвено. Црвено-жолтите ќе го одиграат реванш-натпреварот со јужниот сосед утре во 19:00 часот на Олимпискиот базен во Скопје, каде што поради големиот интерес беше поставена и дополнителна трибина.
За овој натпревар преземени се големи безбедносни мерки. Репрезентативците на Грција во Скопје ќе бидат како во златен кафез. Ќе пристигнат денеска во 14:00 часот, откако претходно од границата ќе бидат придружувани од безбеносните сили на Министерството за внатрешни работи (МВР).
Тие ќе се сместат во хотелот "Центар", во близина на Олимпискиот базен, а во текот на нивниот престој во Скопје ќе одржат два тренинзи. Првиот е денеска во вечерните часови, а вториот утре наутро пред почетокот на натпреварот. Престојот на Грците во Македонија завршува веднаш по одигрувањето на натпреварот. Грците нема да преспијат, туку веднаш ќе заминат за Грција.
- Обезбедени се најдобрите услови за одигрување на натпреварот меѓу Македонија и Грција. Обезбедувањето на овој натпревар ќе биде на највисоко ниво, а освен МВР за безбедноста на посетителите и натпреварувачите ќе се грижи и приватна агенција за безбедност како и приватното обезбедување на Базенот. Се надевам дека нема да имаме проблеми при одигување на овој натпревар и оти ќе има фер и коректно навивање, изјави Влатко Димовски, член на Управниот одбор на македонската ватерполо репрезентација.
Македонија за натпреварот со Грција е засилена со Здравко Делаш, кој настапува за италијанскиот Лацио. Црвено-жолтите во Светската лига досега имаат одиграно четири натпревари и исто толку порази. Двапати бевме поразени од Хрватска и по еднаш од Русија (дома) и Грција (на гости).
Иако и ФИНА го оквалификува натпреварот како „високоризичен“, во пливачката Федерација очекуваат се да мине во најдобар ред.
Гостите во Македонија пристигаат утре претпладне, а од самиот влез на границата, па се до напуштањето на земјава ќе имаат постојана полициска придружба.
Ќе бидат сместени во хотелот кој се наоѓа во самиот комплекс „Олимписки“, ќе тренираат вечерта и утрото пред мечот.
Нашата селекција се уште чека на првиот триумф во конкуренцијата, декемвриското соочување во Атина го загубивме со 8-2.
Поддршка за црвено-жолтите ќе биде добредојдена. Цените на влезниците се 300 и 500 денари.


Значи кој е слободен во Вторник на базен да навива :smir:
 
Многу ефтини бре билетиве... :pos:
Аман бе, како не им е срам, на сите федерации, наместо да ги направат пониски цените за да има поголема гледаност, тие ставаат астрономски цени... Не ни планирав да одам, ама криво ми е што едвај чекаат да искористат некоја прилика да земат денар повеќе...
 
Ајде им влагамо у хотел сакате:vozbud::vozbud:.Ако ги чуваат олку значи овие прави педерчиња биле.Доаѓаа како сакаа у Македонија,а нашине колку саата чекале на граница.Врати им еднаш да вида и тие како е:toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom